fbpx
Таг: настани

таг: настани

Скопје ја одбележува 53-годишнината од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 53-годишнината од катастрофалниот земјотрес, кој се случи на 26 јули 1963 година, а во кој животите ги загубија 1.070 луѓе и 3.000 беа повредени. По повод одбележувањето на годишнината, делегација на Собранието на Република Македонија, составена од пратениците Драган Данев, Владанка Авировиќ и Софија Куновска во 10 часот ќе положи венец свежо цвеќе на гробиштата во Бутел. Во исто...

Струшки книжевни средби: „Книжевна далга“ за Олга Лалиќ-Кровицка 

Со доделувањето на наградите, синоќа во Струга заврши шестата по ред манифестација „Струшки книжевни средби – 2016“. Лауреат на големата награда „Книжевна далга“ за 2016 година е Олга Лалиќ-Кровицка од Полска, додека меѓународната награда „Струшко слово“ им припадна на Виолета Димова (Македонија) и на Ѓорѓе Добре (Романија). Наградите ги доделува редакцијата на ревијата за книжевност „Бранувања“. Покрај во Струга, одделни настани имаше...

Пелагониските општини се подготвени да го спасат „Бит фест“ на градоначалникот Талески

Пелагониските општини Новаци и Демир Хисар се подготвени да ѝ позајмат културни настани на Битола, откако поради притворот на градоначалникот Владимир Талески, годинава не почна културното лето „Бит фест“. По десет години од најдолгото културно лето, градот на клавирите и на конзулите останува без стотиците културни настани поради актуелните случувања во општина Битола со градоначалникот Талески и со секретарот на...

„Але, кај е градоначалнико Талески“, прашуваат битолчани

Најпоставуваното прашање меѓу битолчани последните недели е „Але, кај е градоначалнико Талески?“ По герила- акцијата со лажните евра со ликот на Талески, градоначалникот на Битола, кој претходно често излегуваше пред камери, сега со денови го нема во јавноста. Битолчани веќе ги бројат настаните каде Талески задолжително се појавуваше, а годинава ги заобиколи. Без присуството на Талески, остана свеченото осветување на новиот...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ нека почне со кампањата, па СДСМ ќе ја каже стратегијата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во телефонски разговор со „Мета“ рече дека сè уште е рано да ги открие партиските стратегии за 5 јуни. Oдговарајќи на новинарско прашање, на 7 април на прес-конференција, Заев рече дека СДСМ „нема намера на телевизија да ги гледа изборите“. - Сè уште е рано да ја соопштиме нашата стратегија за 5 јуни, но нека почне ВМРО-ДПМНЕ...

Талески: Офицерскиот дом ќе прерасне во куќа на културата

Офицерскиот дом ќе прерасне во куќа на културата, во која ќе се одржуваат различни културни настани, театарски претстави и концерти, изјави на денешната прес-конференција, градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. - Во изминатиов период Офицерскиот дом имаше лавиринт од надлежности, но сега на најдобар начин ќе може да се заштити и санира овој објект од големо културно и историско значење....

Позната програмата за одбележување на празникот 11 Октомври во Прилеп

По повод празникот 11 Октомври, низа настани ќе се случуваат во Прилеп, од 8 до 11 октомври. Фестивал на медот, поставување на камен-темелник на улица 11 Октомври, отворање на скејт-парк, изложби, концерти предвидено е да се случуваат во рамките на прославата. Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот, но доколку не дозволат временските услови, истата ќе биде поместена во Центарот за култура „Марко...

СДСМ почна своја истрага за настаните во Куманово од 9 мај

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) апелираат сите што имаат информации околу заднината на настаните во Куманово, пред два месеци, да ги споделат со партијата, која, како што денеска на прес-конфенерција соопшти претседателот на Комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски, „работи на откривање на вистината за Куманово“. - Како што преку „Вистината за Македонија“ ги откриваме тешките злоупотреби на власта...

Јубилејното 10. издание на „Битфест“ со близу 200 културни настани

Битолскиот камерен оркестар со филмска музика ќе го отвори годинашното 10. издание на „Битфест 2015 година“. Свеченото отворање на јубилејното издание на битолското културно лето ќе биде в сабота, во Пациото на Завод и музеј Битола. Ова лето битолчани ќе може да посетат повеќе од 200 културни настани во наредните шеесетина дена. - Концептот на „Битфест“ е таков што еднакво ќе им се даде...

Маратонот, трибини, концерти и натпревари настрадаа поради Куманово

Поради актуелната безбедносна ситуација и случувањата во Куманово за време на викендот, откажани и презакажани се повеќе настани и манифестации. ВМРО-ДПМНЕ за недела, 10 мај, имаа закажано голем народен собир во Велес, но поради безбедносната ситуација, партијата го откажа собирот. Поради безбедносни причини откажан беше и Скопскиот маратон, што требаше да се одржи во недела со почетокот во 8.45 часот, а...

Седум политичко-инфарктни дена

Последнава недела настаните во Македонија како да добија на честота и на тежина. За кусо време имавме толку сериозни и битни случки за кои некогаш се потребни и месеци. Кога, пак, настаните ќе се наредат еден по друг, даваат малку поинаков поглед на нештата и отвораат низа прашања за нивната евентуална причинско-последична поврзаност. Еве ги настаните од понеделник до понеделник: Понеделник, 20 април Поранешниот претседател на...

Летонија од денеска на чело на ЕУ

Летонија од денеска го презема шестмесечното претседателство со Европска Унија и нејзини приоритети, како што најави, ќе бидат конкуретноста и економскиот пораст, користењето на европскиот дигитален потелнцијал за развој на Унијата и зајакнување на улогата на ЕУ во светски рамки. „Во првата половина на 2015 година, Летонија станува земја-претседавач на ЕУ, првпат во својата историја. Тоа е голема чест, која...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...