fbpx
Таг: настани

таг: настани

Патувачко кино на „МакеДокс“ во светиниколско и во велешко

Филмската програма на 14. Патувачко кино на „МакеДокс“ ќе се прикаже во два термини, од 8 до 11 септември во регионот околу Свети Николе, како и од 14 до 17 септември во велешкиот регион, објави Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“. Оттаму информираат дека годинава има два новитети на Патувачкото кино. „Едниот настан се одржа на 26 август покрај реката...

Меѓународниот ден на младите со низа активности на Europe House во повеќе градови

Мрежата на Europe House беше иницијатор на серија активности низ различни градови по повод Меѓународниот ден на младите, при што беше истакната енергијата и креативноста на помладата генерација, соопштија од Europe House. Активностите започнале на 11 август со онлајн квиз организиран од Europe House Скопје, преку кој на младите им била понудена забава, но и можност за добитниците да бидат...

ФОТО-ВЕСТ: Како изгледа првиот Студентски културен центар во земјава?

Студентите на најголемиот универзитет во земјава, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје утре ќе го добијат својот нов простор каде ќе можат да се дружат, работат, учат и да се забавуваат. Викендов се отвора Студентскиот културен центар (СКЦ), прв од ваков вид во државата, кој се наоѓа во палатата „Кузман“ веднаш до студентскиот дом „Кузман Јосифовски -...

Скопје годинава одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје и годинава со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога градот се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. „Традиционално во понеделник (26.07.2021 година) во 10 часот пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на...

Нема повеќе полициски час, дозволени се и свадби и веселби со повеќе од 100 гости

Полицискиот час што беше на сила во последниве месеци, со различно времетраење, е укинат и движењето на граѓаните од денеска е дозволено 24 часа во денот. До вчера, полицискиот час почнуваше на полноќ, а завршуваше во 4 часот. Комисијата за заразни болести во понеделникот донесе таква препорака, што ја предложи на Кризниот штаб, кој пак ваквото решение го проследи до...

Заев апелира настаните од 27 април во Собранието да не се повторат, Мицкоски вели имало неправедно осудени

Да не се повтори никогаш повеќе, ни во Северна Македонија, ниту било каде во светот, рече премиерот Зоран Заев по повод четири години од настаните во Собранието на 27 април. „Ќе го споделам уште еднаш чувството дека тој 27 април 2017 година два часа и 15 минути секоја секунда јас, колегите пратеници и новинарите околу нас чекаа да го изгубат...

Култура на универзитетите! – утре почнува „Студентска музичка пролет“

Студентска музичка пролет
Утре почнува годинешното, четврто издание на „Студентска музичка пролет“ – настан кој изминативе години значително придонесува за збогатување на културниот живот на студентите преку организирање на настани од културата на самите универзитети. Поради ситуацијата, манифестацијата годинава ќе биде со скратена програма, без концерти и рецитали, но тоа нема да го намали квалитетот на содржините, велат организаторите. „Студентска музичка пролет“ е интердисциплинарен...

Амбасадата на Република Италија ја одбележува 700-та годишнина од смртта на Данте Алигиери

Оваа година се одбележува 700-та годишнина од смртта на Данте Алигиери, најголемиот италијански поет и книжевник, кој се смета за татко на италијанскиот јазик, информираат од Амбасадата на Република Италија. „Писател на многу значајни дела напишани на италијански и латински јазик, но пред сè на монументалната поема „Божествена Комедија“, која претставува едно од најзначајните литературни дела на сите времиња во кое...

Почнува претставувањето на локални проекти за медиумска писменост и критичко мислење поддржани од Кри Тинк

Со денешниот онлајн настан закажан за 11 часот, почнува серијата претставувања на локалните проекти финансиски поддржани од Европската Унија преку Вториот циклус на шемата за мали грантови од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинк“ во периодот од октомври 2019г. до јуни 2020 година. Проектот „Кри Тинк“ го спроведуваат Фондацијата „Метаморфозис“ и Евротинк, кои преку...

Фејсбук лансира „кампус“ за студенти

Фејсбук соопшти дека додава нова функционалност за студенти наречена Фејсбук Кампус. Со оваа новост Фејсбук се враќаат кон своите корени бидејќи оваа апликација беше оригинално дизајнирана од студенти за студенти. Намената на кампусот е создавање на простор каде што студентите можат да имаат интеракција со други студенти и давање на пристап до новости, групи и настани специфични само за...

Во понеделник започнува Драмскиот аматерски фестивал во Кочани

ДАФ
Со монодрамата „Лидија, или сè што знам за жените“ која ќе биде изведена пред Споменикот на слободата во Кочани, во понеделник започнува 57 издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија. Пандемијата со корона вирусот ги промени плановите на организацијата, па, наместо во мај, како што беше досега, фестивалот ќе се одржи во септември и октомври. Поради новонастанатата ситуација, претставите ќе...

ОНЛАЈН АНКЕТА: На најголем дел од забавите на кои присуствувале младите не се почитувале препораките за заштита од ковид-19

Една третина или 30 отсто од младите, учесници на онлајн анкетата на Мета.мк во соработка со Инстаграм профилот @studentarijamk, одговориле дека во последните триесет дена посетиле некаков настан во локал, нечиј дом или на отворено, а кој броел повеќе од педесет лица. Според дадените одговори, испитаниците присуствувале на забави и настани организирани во локали во повеќе градови во државата, но...

Владата ги објави протоколите за работа на културни установи и организирање настани

Со цел спречување на ширењето на корона вирусот, Владата ги усвои протоколите за работа на библиотеки, музеи, галерии и изложбени простори. За сите нив и понатаму важи задолжително носење на заштитна маска, одржување на потребното физичко растојание, обезбедување честа дезинфекција на рацете при влез и во текот на настанот, како и редовно чистење и дезинфекција на средината/просторијата/објектот. Ограничувањето на бројот...

ОЈО ги гони двајцата напаѓачи на Села за обид за убиство и побара притвор

Основното јавно обвинителство – Скопје информираше дека до овој момент биле идентификувани двајца напаѓачи на пратеникот З.С. за време на настаните во Собранието на 27 април. Оттаму додаваат дека од досега прибавените докази, обвинителството оценило дека постои основано сомневање дека овие две лица, заедно со други, кои во овој момент не се идентификувани, го извршиле кривичното дело, обид за убиство. „Надлежниот јавен обвинител...

Македонија го одбележува 9 Мај – Денот на Европа и на победата над фашизмот

Со повеќе од 30 настани, организирани и поддржани од Делегацијата на Европската Унија во Македонија, во соработка со повеќе амбасади, општини и организации, денеска во земјава се одбележува 9 Мај - Денот на Европа. По тој повод, во 12 часот членовите на ЕУ Инфомрежата ќе организираат настани во Дебар, Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Крива Паланка, Велес...

Македонија го одбележува Светскиот ден на водите

Денеска, според календарот на Обединетите нации, се одбележува Светскиот ден на водите. Обединетите нации го признаа правото на вода како елементарно човеково право. Со повеќе манифестации, Светскиот ден на водите ќе биде одбележан и кај нас. Министерството за животна средина и просторно планирање организира конференција на тема „Водата и отпадните води“, на која ќе се обратат министерот за животна средина и...

Денеска почнува „Вевчанскиот карневал“

Годинешниот „Вевчански карневал“ почнува денеска со културни настани предвидени за оваа манифестација. Програмата денеска е во знакот на одбележувањето на верскиот празник Свети Василиј Велики, заштитник на вевчанските василичари и на Вевчани, додека формалниот почеток на карневалот е в четврток. Денеска, со почеток во 17 часот, во Клубот на пензионери во Вевчани ќе се одржи трибина на тема „Перспективите на руралниот туризам во Република...

Весела владина математика: 49+10+5+3 или 49+10+5+3+2 или 51+10+2 или 51+10+3+2?

Откако Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека и по прегласувањето во Теарце, соодносот во новиот собраниски состав меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ останува 51 - 49, почнуваат да течат роковите за формирање нова влада, но и да се прават извесни комбинаторики и математички формули, кои сите како суштинска ја имаат бројката од најмалку 61 пратеник. Во очекување на официјалните и конечни резултати,...

Тодоров најави викенд за трибини, собири и за партиски настани

„Политичката криза во нашата држава трае предолго. Таа е наметната од опозицијата. Кризата предизвикува не само политичка штета, туку и економска. Го раѓа разбирливото чувство на загриженост и на несигурност кај граѓаните, а токму тоа е и целта на тие што ја предизвикаа - забавување на порастот, забавување на реформите, донесување деструкција и конфликти“, изјави денеска на прес-конференција Никола Тодоров,...

„Денови на Мајка Тереза“ од 4 до 11 септември

Градоначалникот Коце Трајановски, директорката на комисијата на верските заедници, Валентина Божиновска, и бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, денеска ја презентираа низата настани што ќе се одржат во чест на прогласувањето на Мајка Тереза за светица. „Деновите на Мајка Тереза“ ќе почнат на 4 септември (недела), кога и ќе биде прогласувањето за светица во Ватикан, а ќе траат до...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...