fbpx
Таг: насилство

таг: насилство

Адвокатот Шабиќ за N1: Обвинителството да открие кој му ги дал личните и медицински податоци на Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вчерашната прес-конференција по масовното убиство во белградското училиште „Владислав Рибникар“ истакна дека државните институции си ја завршиле работата, потоа објави лични податоци за малолетникот кој го изврши нападот, како и податоци од анализите на две здравствени установи за менталното здравје на момчето. Адвокатот Родољуб Шабиќ за порталот N1 изјави дека е недозволиво таквите...

Вучиќ предлага мораториум за поседување оружје и кривична одговорност за лица над 12 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево имаше свое обраќање до јавноста, по траорниот настан, кога седмоодделенец уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а рани уште шест деца и наставничка. Вучиќ откри повеќе детали околу случајот, а предложи и десет мерки, за кои рече дека треба да одлучат надлежните институции. Тој изјави дека ова е...

Таткото е задржан во станица, малолетникот кој уби 8 соученици и чуварот, нема да одговара кривично

Ученикот од седмо одделение во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Коста К. (13) кој утринава уби осум ученици и чуварот на училиштето, а тешко рани четири момчиња, две девојчиња и наставничка, нема да одговара кривично, соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград, а пренесоа српските медиуми. Според Законот за малолетни сторители и казненоправна заштита на малолетни лица, К.К. е кривично неодговорен,...

Момчето што уби соученици во Белград имало список, план и молотови коктели, уапсен е и неговиот татко

Србија прогласи тридневна жалост по вооружениот напад во кој 14-годишен ученик уби осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и рани четири момчиња, две девојчиња и наставничка. Претставникот на Министерството за внатрешни работи на Србија, Веселин Милиќ, на прес- конференција изјави дека ученикот од седмо одделение Коста К., во 8.42 часот самиот повикал полиција и кажал...

Борбата за превласт во Судан продолжува, досега загинати над 400 лица

Дипломати и граѓани од различни земји се евакуирани од Картум, главниот град на Судан, бидејќи градот продолжува да доживува интензивни борби меѓу редовната армија и моќните паравоени сили. САД и Велика Британија најавија евакуација на нивните дипломати од земјата, додека Франција, Германија, Италија и Шпанија исто така ги евакуираат своите граѓани, пренесе Би-би-си. Борбата за моќ доведе до насилство во...

Државите ги евакуираат своите граѓани од Судан, Папата Франциск повикува на дијалог

Архивска фотографија од Папата Франциск, 2016 година | Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс
Папата Франциск денеска повика на дијалог за решавање на „сериозната“ ситуација во Судан, каде повеќе од една недела има смртоносни борби меѓу армијата и паравоените сили. „За жал, ситуацијата во Судан останува сериозна и затоа го обновувам мојот апел насилството да престане што е можно поскоро и да се следи патот на дијалогот“, рече Папата за време на неделната традиционална...

Притвор за тетовец кој ја тепал и ја држел заклучена во соба невенчаната сопруга

Основното јавно обвинителство Тетово, поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои сомнение дека сторил продолжено кривично дело – телесна повреда од член 130 и кривично дело – противправно лишување од слобода согласно член 140 од Кривичниот законик. „Почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19 годишна жена со која живеел во...

Јавноста огорчена од Латас и исмевањето на насилството врз жените во емисијата на јутјуберот Лазаров

Лавина реакции на социјалните мрежи по објавената емисија на Јутјуб каналот на Стефан Лазаров во која гостуваше Драган Павловиќ – Латас и во која, како што прв реагираше Хелсиншкиот комитет за човекови права, се нормализира културата на насилство. Од Хелсиншкиот комитет реагираат дека во интервјуто објавено во вторникот вечерта, Латас споделува дека тој и неколку другари на 15-годишна возраст злоставувале...

Велешанец осомничен дека шест години ја наведувал на проституција неговата сопруга

Притворен е 45-годишен велешанец кој се сомничи дека својата сопруга шест години ја тепал, дрогирал и ја наведувал на проституција, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци. Против него е поведена постапка по основано сомнение дека сторил кривично дело – Посредување во вршење проституција според член 191 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „Во временскиот период од 2016 до...

Обид за убиство во Велес, 25-годишна девојка претепана и со прострелна рана примена во болница

Утрово 25-годишна велешанка со прострелна рана во стомакот е однесена во велешката болница. Инцидентот го потврдија и од СВР Велес од каде велат дека во неа пукал нејзиниот невенчан сопруг. „Денеска во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг....

Притвор за кавадарчанец осомничен дека крвнички истепал мајка и нејзината шестгодишна ќерка

Основното јавно обвинителство Гевгелија донело наредба за истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело „Насилство“. Лицето е осомничено дека крвнички истепало мајка и нејзината шестгодишна ќерка од селото Мрзенци, информираат во Обвинителството. Кавадарчанецот е во притвор бидејќи има сонмежи дека може да избега или да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци. Како што информираат во Обвинителството,...

„Мета“ доби тужба од 2 милијарди долари поради насилство во Етиопија

Алгоритмот на Фејсбук помогнал да се поттикне ширење на омраза и насилство за време на граѓанската војна во Етиопија, се тврди во правен случај, пренесе Би-Би-Си. Оштетените бараат 2 милијарди американски долари за жртвите на омразата на Фејсбук, но и промени во алгоритмот на самата платформа. Од „Мета“ велат дека инвестираат многу во модерирањето на содржините и технологијата со цел да...

Разрешена е директорката на училиштето во Градско каде ученик беше жртва на булинг

Директорката на Основното општинско училиште „Даме Груев“ во Општина Градско, каде еден од учениците подолго време бил жртва на врсничко насилство од соученици, е разрешена. Станува збор за случајот во кој двајца деветтодделенци, во ООУ„Даме Груев“ во Градско, во два наврати, му искинале долен веш на соученик во соблекувалната за физичко образование. Првпат тоа се случило на четврти а вторпат...

Кривична пријава за насилник што натепал припаднник на ЛГБТ заедницата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 33 годишен скопјанец кој се товари за кривично дело Насилство од Кривичниот законик. Како што појаснуваат во обвинителството, на 29 јуни обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица, извршиле малтретирање, грубо навредување и грубо насилство врз едно лице, а делото било сторено од омраза заради сексуалната ориентација и припадност...

ОЈО Скопје поднесе обвинение против лицето што ја нападна новинарската екипа на ТВ 24

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривичното дело „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството. „Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог во близина на неговиот дом....

Тренчевска: Жените во политиката не се поштедени од насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на регионалната конференција за борба против насилство врз жените во политиката, во организација на НДИ Северна Македонија во соработка со регионалната програма на НДИ за интегритет на политичките партии, a со поддршка на Европската мрежа на политички фондации, Меѓународниот центар Олоф Палем и Европскиот едукативен центар. Таа во своето обраќање ја...

Истражување на „Аналитика“: Епидемија на насилство во средните училишта

Високи 70 отсто од учениците биле сведоци на насилно однесување во нивните училишта. Сепак, тие насилството не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои незнаењето кому или како да се пријави, а да останат анонимни, покажа истражувањето на тинк тенк организацијата „Аналитика“ кое беше спроведено во три средни училишта на територијата на Град Скопје – СУГС „Здравко Цветковски“, СУГС...

Пендаровски за 21-годишнината од Охридскиот договор: Функционалната мултиетничка демократија ги зачува мирот и стабилноста

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, порача дека потпишувањето на овој договор спречи ескалација на оружениот конфликт во 2001 година овозможи изградба на „модел на функционална мултиетничка демократија која ги зачува мирот и стабилноста и постави највисоки стандарди за правата на заедниците“: „Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите тогашни најголеми...

По шест дена протести два дена пауза, ќе се блокираат улици и патишта по еден час дневно

По шест дена протести против прифаќањето на Европскиот предлог за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, откако се случи меѓуетнички инцидент, вчера организаторите најавија дека ќе прават пауза од протестирање два дена. Како што најавија, протести нема денеска (петок 08.07.2022 г.) и утре (сабота 09.07.2022 г.) а ќе продолжат во недела. Во меѓувреме ќе блокираат повеќе...

Хелсиншкиот комитет апелира за мирни протести без насилство

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска излезе со соопштение, во кое изразува загриженост за настаните од вчерашниот протест против францускиот предлог, кој ескалираше со насилство и употреба на говор на омраза. „Го осудуваме секој чин на насилство и секој говор на омраза, како и поттикнувањето и повикувањето на насилство, како крајно штетни и спротивни на вредностите на едно демократско општество“,...

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...