fbpx
Таг: народна банка

таг: народна банка

НБРМ: Пораст на кредитирањето на фирмите и на домаќинствата

Во второто тримесечје од годинава банкарскиот систем ја задржа и ја зацврсти својата стабилност, информираат од Народна банка по усвојување на Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во Република Македонија во вториот квартал од 2018 година. „Истовремено, при разгледувањето на Извештајот беше нагласено дека, забрза растот на активностите на банкарскиот систем, а профитабилноста забележа натамошно подобрување. По остварениот сезонски пад во...

Народна банка домаќин на семинар за справување со нефункционалните кредити

Народната банка е домаќин на семинар организиран од страна на Европскиот банкарски орган и  Европската банка за обнова и развој на тема: „Справување со нефункционалните кредити во ЕУ: регулаторни и супервизорски активности“. Имајќи го предвид негативното влијание кое што го имаат нефункционалните кредити врз работењето на банките во меѓународни рамки, на семинарот ќе бидат презентирани најзначајните активности преземени во рамките...

НБРМ: Банкарскиот систем стабилен и профитабилен

Во првиот квартал дојде до значително подобрување на показателите преку кои се следи банкарскиот систем, меѓу другото и како резултат на стабилизацијата на очекувањата во домашното опкружување, велат од Народна банка. „Вкупната актива на банкарскиот систем забележа пораст од 3,9 милиона денари или 0,9 проценти. Овој раст се должеше на поголемата склоност на банките за кредитирање на домаќинствата, во споредба...

НБРМ: Не постојат причини да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот

Народната банка, како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика, цврсто стои на ставот околу оптималноста на постојниот режим на девизниот курс, се вели во реакцијата на НБРМ на изјавата на претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер дека ако државата остане надвор од ЕУ, тоа би можело да значи девалвација на денарот. „Стабилноста на домашната валута...

НБРМ ја задржува каматната стапка на благајничките записи од 2,75 проценти

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,75 проценти, информираат од Народна банка. „Споредбата на последните макроекономски показатели за домашната економија со нивната проектирана динамика од априлскиот циклус проекции упатува на одредени отстапувања...

НБРМ: Слаба приватна потрошувачка, пад на инвестициите и минимален пораст на БДП

Домашниот бруто-производ (БДП) во првиот квартал на годината имал минимален раст, што е под проектираното движење, било констатирано на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка. Ваквата состојба, велат од НБРМ е одраз на послабиот раст на приватната потрошувачка и поголемиот пад на инвестициите. „Ваквите отстапувања создаваат и надолни ризици за проектираниот раст за целата 2018 година од...

Тевдовски: Работиме на подобрување на деловната клима и фискална консолидација

Реформи во насока на подобрување на деловното окружување и постепена фискална консолидација, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата по повод започнување на изработка на Програмата за економски реформи 2019-2021. На конференцијата присуствуваше амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар и сите инситуции кои се вклучени во подготовката на реформскиот документ кој се доставува до ЕУ. -За првпат имаме...

Ангеловска-Бежоска: Поскапиот бензин нема да предизвика позначајна инфлација

Поскапиот бензин нема да предизвика позначајни инфлаторни притисоци и стапката на инфлација во земјава годинава нема да биде повисока од два проценти, одговори на новинарско прашање гувернерката Анита Ангеловска - Бежоска, на конференцијата која се одржува во Охрид. Народна банка го очекувала растот на цените на нафтата на светските берзи, а се прогнозира дека тој тренд ќе продолжи и оваа година. -...

Народна банка донесе стратегиски план за ниска инфлација и стабилен курс на денарот

Советот на Народната банка денеска одржа редовна седница на која ги донесе Стратегискиот план и Програмата за истражувачка активност за периодот од 2019 до 2021 година. „Стратегискиот план за следниот тригодишен период содржи единаесет стратегиски цели кои јасно ја изразуваат определбата за одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржување...

Тевдовски се сретна се новоименуваната гувернерка Ангеловска Бежоска

Министерот за финансии, Драган Тевдовски оствари средба со новоизбраната гувернерка на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Тевдовски и ја честиташе функцијата на Ангеловска Бежоска и рече дека и во наредниот период очекува добрата соработка помеѓу Министерството за финансии и Народната банка да продолжи. „На средбата беа констатирани солидната макроекономска позиција и стабилноста на финансискиот систем. Исто така, беше заклучено дека добрата...

Ангеловска Бежоска: Останува предизвикот за градење на независна монетарна политика

Анита Ангеловска - Бежоска денеска ја презеде должноста гувенерка на Народната банка од досегашниот гувернер Димитар Богов, на кој мандатот му истече вчера. Во изјавата за медиумите таа се заблагодари на претседателот Ѓорге Иванов за нејзината номинација и на политичките партии кои што со широк консензус ја избраа за гувернерка. Како што рече, оваа поддршка за неа е многу значајна, но...

Ангеловска Бежоска ќе положи заклетва пред Џафери, па ќе ја прими должноста од Богов

Новата гувернерка на Народна банка на Македонија, Анита Ангеловска Бежоска денеска во 9.30 часот ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Охридска сала. Потоа, во Народна банка, по прес-конференцијата во 11 часот, ќе има примопредавање на должноста со досегашниот гувернер Димитар Богов. Анита Ангеловска-Бежоска вчера беше едногласно изгласана за гувернерка во Собранието од страна на 81 пратеник со...

Богов ја повлече кандидатурата за гувернер на Народна банка

На четири дена од истекот на мандатот, гувернерот на Народна банка, Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за втор мандат и за тоа веќе го известил претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го предложи за нов гувренерски мандат. Во пишаната изјава за МИА, Богов посочува дека со внимание ја следел дебатата во јавноста поврзана со предлогот по втор пат да биде именуван...

НБРМ: Софтверите на машините за обработка на пари да се прилагодат на новите 10 и 50 денари

Народната банка ги известува сите правни лица кои што ги одржуваат машините за обработка на пари и автоматите за наплата со готовина дека по 15 мај ќе започне периодот во кој што ќе можат да ги приспособат софтверите за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари. „Доколку правните лица...

Народна банка ги претстави првите полимерни банкноти, кои од 15 мај влегуваат во оптек

Народна банка го претстави сликовниот приказ на првите полимерни банкноти на Македонија, кои на 15 мај влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари. „Основната разлика помеѓу овие и книжните банкноти од истата апоенска вредност е материјалот кој се користи како подлога за печатење. Хартијата изработена од памучни влакна се заменува со специјална подлога, супстрат изработен...

ЕУ треба да се подготви за зголемување на каматните стапки, порачаа банкарите од Охрид

Сите ние треба да им кажеме добредојде на повисоките каматни стапки, најави Бас Бекер од регионалната канцеларија на Меѓународниот монетарен фонд за Централна и Источна Европа на прес-конференцијата во Охрид за време на одржувањето на седмата годишна истражувачка конференција на Народната банка на Македонија. - На оваа конференција главно прашање е кое ќе биде влијанието на движењето на каматните стапки...

Богов сугерира да се оданочува сивата економија, не го коментира прогресивниот данок

Прогресивното оданочување е владина политика и тука Народната банка не може да се меша, но можам да сугерирам да се зафатат со оданочување на сивата економија, одговори Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, на новинарско прашање во врска со прогресивното оданочување на седмата годишна истражувачка конференција во организација на Народна банка која што втор ден се одржува во Охрид. -...

Гувернерите на банките од регионот и ЕУ ќе се обратат на конференцијата во Охрид

Гувернерот на Централната банка на Белгија, Јан Сметс денеска ќе има воведно предавање на седматa годишна истражувачка конференција на Народна банка, која вчера почна во Охрид. Конференцијатa е насловена „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“. Излагачи на првата панел-дискусија на вториот ден од конференцијата, исто така ќе бидат и гувернерите...

Седматa годишна истражувачка конференција на Народна банка, денеска почна во Охрид

Седматa годишна истражувачка конференција на Народна банка, денеска почна во Охрид. Конференцијатa продолжува и утре, а традиционално се организира во знак на одбележување на монетарното осамостојување на Македонија, е насловена „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“. „Денеска ќе бидат разгледани повеќе теми, меѓу кои: реалната конвергенција на земјите од регионот, финансиската интеграција и...

Пластифицирани пари од 10 и 50 денари ќе се пуштат во употреба, книжните се повлекуваат

Народна банка ќе пушти во оптек книжни пари изработени од полимер (пластифицирани), во апоени од 10 и 50 денари, информираат од таму. „Истовремено беше донесена и одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари кои што се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов. Согласно со оваа...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...