fbpx
Таг: народна банка

таг: народна банка

НБРМ: И покрај политичката криза, банкарскиот систем ја задржа стабилноста

Советот на Народната банка на Македонија го усвои годишниот извештај за 2016 година, при што се вели дека девизниот курс останал стабилен, стапката на реален пораст на економијата изнесувала 2,4 проценти и е умерено пониска во споредба со 2015 година. На крајот на 2016 година, надворешниот бруто-долг изнесува 7.253,2 милиони евра, или 73,5 отсто од домашниот бруто-производ, што претставува пораст...

Граѓаните исто штедат како лани, а и банките повеќе ги кредитираат од компаниите

Нема промени кај штедењето на населението во првиот квартал од годината во споредба со истиот период лани, соопшти Народна банка. Заклучно со март, има пораст на кредитите на месечна и на годишна основа, со поизразено кредитирање на населението. „Во март, ликвидноста на банките продолжи да се зголемува, со поумерена динамика и главно под влијание на сезонски пониската побарувачка за готовина во...

НБРМ: Каматната стапка на благајничките записи останува 3,25 проценти

Каматната стапка на благајничките записи се задржува на нивото од 3,25 проценти, во услови на сè уште присутни ризици од домашните политички случувања, информираат од Народна банка. „Објавените податоци за порастот на домашниот бруто-производ (БДП) за 2016 година од 2,4 проценти беа во согласност со проекцијата на Народна банка од 2,3 проценти. За првиот квартал од годината се очекува задржување...

Платежните картички најмногу се користат за повлекување пари од банкомат

Анализите за користењето на платежните картички покажуваат дека и покрај нивната зголемена употреба во последниот период, навиките на домашните потрошувачи отстапуваат од навиките на корисниците во ЕУ,  се вели во новата публикација, Информацијата за движењата во платниот промет во 2016 година на Народна банка. Платежните картички во Македонија сè уште најмногу се користат за повлекување готовина од банкоматите, за разлика од европските...

Народна банка промовираше нов систем за прекугранични плаќања во евра

Нов систем за прекугранични плаќања во евра промовираше Народна банка. Целта на овој проект е побрзо и посигурно да се извршуваат прекуграничните плаќања во евра и да се намалат трошоците за нив, од што економијата би имала придобивки, вклучително компаниите и домаќинствата. - Со остварувањето на овој проект, се постигна повисоко ниво на платежна интеграција на Македонија во платежната инфраструктура...

Банките имаат вишок пари за кредити кои малку се бараат поради кризата, велат од НБРМ

Ликвидноста во банкарскиот систем се зголемува петти месец по ред, што се должи на редовните трансакции на државата, како и на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар за нето-откуп на девизи, велат од Народна банка. Во услови на солидна девизна ликвидност кон средината на месецот, на меѓубанкарскиот пазар се јави вишок понуда на девизи. - Порастот на потенцијалната ликвидност на...

НБРМ: Се зголемуваат заштедите на населението, девизните резерви се на адекватно ниво

Податоците за штедењето на населението и склоноста за располагање со девизи покажуваат дека домашната економија се стабилизира, велат од Народна банка по одржувањето на редовната седница на комитетот за оперативна монетарна политика, на која биле разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. Првичните февруарски...

НБМ: Лани имало 358 милиони евра странски инвестиции

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции лани изнесувал 358,4 милиони евра, објави денеска Народната банка на Македонија. Споредено со 2015 година, странските инвестиции минатата година се поголеми за 141,7 милиони евра. Во декември минатата година, во земјава влегол странски капитал во вредност од 74,7 милиони евра.

Народна банка пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народна банка го издаде и го пушти во оптек комплетот ковани пари за колекционерски цели наречен „Триптих“. Исус Христос, Богородица и Св. Никола Чудотворец се на монетите за колекционерски цели „Триптих“. Цената на комплетот изнесува 4.500 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Македонија.

Се зголемуваат заштедите на населението и депозитите, оцени Народна банка

Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка, на која беа разгледани состојбите и показателите за домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари. Од Народна банка соопштуваат дека има сигнали за стабилизација во економијата и тоа го гледаат преку штедењето на населението и склоноста за располагање со девизи. Kаматната стапка на благајничките записи се намали...

Финансиското описменување на младите ќе се врши и во училиштата

Гувернерот Димитар Богов и директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ, потпишаа меморандум за соработка во областа на финансиската писменост и во други области во образованието. - Двете институции ќе остварат соработка на полето на финансиската едукација преку подготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигнување на јавната свест и за промоција на финансиската едукација и...

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 3,75 на 3,5 проценти

Народна банка ја намали каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, од 3,75 на 3,5 проценти. Ова било одлучено на 10 јануари кога се одржала редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на која биле разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на...

Странските инвестиции во првите десет месеци во 2016 година биле 197 милиони евра

Во првите десет месеци од 2016 година, во Македонија влегле 197 милиони евра странски инвестиции, покажуваат податоците од Народната банка. Споредено со првите десет месеци во 2015 година, странските инвестиции бележат опаѓање за 8,3 милиони евра. Само во октомври лани, приливот на странски капитал во земјава изнесувал 14,5 милиони евра и споредено со октомври 2015 година, кога вкупните странски инвестиции изнесувале 50 милиони...

Се зголемуваат корпоративните и депозитите на домаќинствата

Стабилизацијата на очекувањата на економските субјекти во третиот квартал позитивно се одрази на банкарското работење во целина, соопшуваат од Народна банка. - Квартално зголемување е забележано како кај корпоративните, така и кај депозитите на секторот домаќинства. Речиси еднаков придонес за зголемувањето на вкупните депозити забележаа и денарските и девизните депозити - се вели во соопштението на Народна банка. Намалувањето на ризиците...

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 4 на 3,75 проценти

Каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, Народна банка ја намали за 0,25 процентни поени, и таа сега изнесува 3,75 проценти. - Ваквата реакција на монетарната политика е одраз на видливото стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, кое во континуитет е присутно во последните шест месеци, и на значително повисоката структурна ликвидност на банкарскиот сектор. Сигналите за стабилизација...

Девизните резерви во ноември се намалени за 177,6 милиони евра во однос на октомври

Нивото на државни девизни резерви во ноември изнесува 2.551,4 милијарди евра и се намалени за 177,6 милиони евра во однос на октомври, кога изнесувале 2.729 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Вредноста на девизните резерви во ноември првпат падна по четиримесечен континуиран пораст. Во ноември е забележан и пад кај вредноста на монетарното злато за 9,7 милиони евра, кое достигна вредност...

Се повлекува малку користената петилјадарка, се пуштаат банкноти од 200 и од 2.000 денари

На 15 декември, Народна банка ќе пушти во оптек две нови книжни пари во апоени од 200 и од 2.000 денари, а ќе ја повлече банкнотата од 5.000 денари. Оваа одлука била усвоена на седницата на советот на Народна банка, а, како што велат, произлегла од потребата за „ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.“ Во врска со...

Тевдовски: Долгот по жител денес изнесува 2.350 евра

„Загрижувачка е брзината со која актуелната власт го зголемува долгот. Долгот по жител денес изнесува 2.350 евра и тој е трипати поголем во однос на 2008 година кога изнесуваше 750 евра по жител“, изјави претседателот на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ, Драган Тевдовски. Тој додаде дека од 2008 година, актуелната власт ја задолжува Македонија со еден милион...

Стопанска комора на Македонија и Народна банка потпишаа меморандум за соработка

Стопанската комора на Македонија и Народната банка потпишаа меморандум за соработка во областа на унапредување на финансиската едукација. Целта на оваа соработка е да се подигне финансиската свест кај населението во земјата, да се подобри финансиската писменост кај младото и возрасното население и тоа да стекне соодветни вештини и знаења што ќе му овозможат да донесува рационални и ефективни одлуки...

Нова колекционерска монета со ликот на свети Никола

Кована пара за колекционерски цели со ликот на свети Никола Чудотворец е пуштена во оптек, извести Народната банка на Република Македонија. Монетата е изработенa од сребро Аg925, тежи 31,1 грам, чистота на среброто од 28,77 грама и е во правоаголна форма со димензии 30 на 45 милиметри. Цената на кованaтa парa „Свети Никола Чудотворец“ изнесува 3.800 денари. На предната страна, во горниот дел...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...