fbpx
Таг: народна банка

таг: народна банка

НБРМ ги едуцира граѓаните како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки

Народната банка обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг), соопштија денеска оттаму. Ова го прават заради брзиот технолошки развој и дигитализацијата и сѐ повисокиот износ на електронски трансакции, кои наметнаа потреба од јакнење на свесноста и засилена едукација на граѓаните за безбедносните стандарди во борбата против...

Годишна награда за млад истражувач на Народната банка: Краен рок за пријавување труд е 1 февруари

Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2024 година е 1 февруари 2024 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, согласно условите и критериумите на јавниот повик, соопштија од Народната банка. Право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35...

Лажна дојава за бомба во Народната банка

Пријавата за бомба наводно поставена во зградата на НБРСМ во Скопје е лажна, соопштува Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР апелираат до граѓаните да не се вознемируваат, особено имајќи ги на ум воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите, кои и НБРСМ ги имплементира. По добиената пријава, Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност ги извршила потребните...

Сѐ повеќе трансакции преку платежните картички и електронското банкарство

Нагорен тренд во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќања во земјата, особено од страна на граѓаните, се забележува од податоците што ги објави Народна банка за третиот квартал од минатата 2023 година. Сѐ почесто се користат платежните картички, но и мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, односно таканаречените платни налози. Годишниот раст на употребата на платежни картички...

Народна банка: Каматните стапки не се менуваат, основната останува на 6,3 отсто

Каматните стапки ќе останат непроменети, во услови на значително забавување на инфлацијата и поволен девизен пазар, но и при се уште присутни ризици. Таква одлука донел вчера Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 отсто, со истовремено задржување на каматните стапки на депозитите преку ноќ и на...

Митреска: Само 5 отсто од младите активно работат на развивањето на стартап бизниси

Според анкетите, 45 проценти од младите планираат да станат претприемачи по завршувањето на образованието, но само 5 проценти од нив активно работат на развивање бизниси, беше нагласено на денешниот настан во организација на Европската банка за обнова и развој, во рамките на програмата „Младите во бизнисот“. Вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска рече дека невработеноста кај младите во Европа е...

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост, годишно губиме околу 18% од БДП

Земјите од регионот на Западен Балкан секоја година губат околу 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата се објаснуваат со ниската стапка на активност на жените, а преостанатиот дел се должи на разликите во изборот на занимања помеѓу мажите и жените. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита...

Ангеловска-Бежоска: Финансиската писменост е предуслов за финансиска самостојност на младите

Финансиската писменост во земјава е на слично ниво со земјите од регионот на Југоисточна Европа. Кога станува збор за финансиската инклузија, пак, според глобалната база на податоци на Светската банка „Финдекс“, во последните години напредува, но и натаму заостанува зад еврозоната, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во своето обраќање на настанот „Како до финансиска независност кај младите?“...

НБРСМ: Во октомври депозитите малку се намалиле, кредитите малку се зголемиле

Вкупните депозити во земјава во октомври во однос на септември се намалиле за 0,3 отсто, како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата остварија раст. Споредено на годишно ниво, пак, вкупните депозити бележат раст од 8,0%, којшто се должи на повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“, соопшти Народна банка...

Народната банка направи брошура за заштита од онлајн измами на граѓаните

Во европскиот месец на кибер безбедноста - октомври, Народната банка направи брошура за безбедност при користење дигитални финансиски производи и услуги, информираат оттаму. Сега граѓаните можат да се информираат повеќе за дигиталните финансиски канали и услуги кои им стојат на располагање (плаќање со платежна картичка преку интернет, е-банкарство, плаќање со мобилен телефон, онлајн кредит), за препораките како да се...

Народна банка: Банкарскиот сектор е стабилен и соодветно се справува со предизвиците

Банкарскиот сектор е стабилен и соодветно се справува со тековните предизвици, при што окружувањето и натаму е неизвесно како резултат на глобалните фактори и проследено со сѐ уште високи, иако намалени, стапки на инфлација и затегнување на финансиските услови. Вака е оценето во Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2023 година што утрово го разгледа...

АНАЛИЗА: Се стега кредитниот ремен, каматата надмина 5 отсто

Кредитите и дефинитивно значајно поскапеа. Ако 2022 година започна со камата од 4,3 отсто, во оваа нова банкарска година каматата на вкупните кредити достигна 5%, а новоодобрените дури се и со повисока камата. Високите камати веќе се одразија врз кредитирањето и има забавено темпо во првиот квартал од оваа година. Кај граѓаните најголем дел од долгот кон банките е...

Александра Данева ја доби Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка

Александра Данева ја освои првата награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството што ја доделува Народната банка. Данева ја доби наградата за трудот „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“. Таа се има стекнато со Меѓународна диплома за економија и бизнис на Универзитетот Еразмус во Ротердам, Холандија,...

Ангеловска-Бежоска награди средношколци од „Васил Антевски-Дрен“ за знаења на едукативен квиз организиран од Народната банка

Средношколките Ева Младенова, Кристина Митовска и Јована Петровска, ги освоија првите три места на едукативниот квиз што виртуелно се одржа во март годинава, за време на одбележувањето на „Глобалната недела на парите“, во организација на Народната банка. На едукативниот квиз учествуваа 26 ученици од III и IV година кои одговараа на прашања од доменот на работењето на Народната банка...

Кирил и Кристијан од Ресен се национални победници на Европскиот квиз на пари 2023

Во организација на Македонската банкарска асоцијација, а во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, денеска се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023. Во првиот круг биле избрани најдобрите три тима во земјата, од вкупно пријавените 391 од 76 основни и средни училишта. На македонски јазик се натпреварувале 379 тимови, а 16 се...

Хрватските куни во земјава ќе се разменуваат до крајот на годината, соопшти Народна банка

Хрватските куни ќе можат да се користат во земјава за купопродажни трансакции со банките или за размена во менувачниците заклучно со 31 Декември годинава, информираше Народната банка. Хрватската куна, според одлуката на Советот на ЕУ за приклучување на Хрватска кон евро-зоната на 1 Јануари 2023 година, останува официјално парично средство до крајот на годинава. Од Народната банка соопштуваат дека со...

Наскоро електронски пари и нови услуги за плаќања – Народна банка ги донесе подзаконските акти

Советот на Народна банка на Република Северна Македонија донел 12 подзаконски акти, во рамки на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, чија примена ќе започне од 1 јануари 2023 година, и што ќе овозможат трансфери на пари на повеќе начини отколку сега, како и користење на електронски пари. „Примената на новата правна рамка се очекува да ја засили...

Новите макроекономски проекции на Народна банка за годинава и за 2023 полоши отколку претходните

Новите макроекономски проекции на Народната банка (НБ) за годинава и за 2023 година се полоши отколку истите направени во април годинава, соопшти гувернерката на НБ, Анита Ангеловска-Бежоска. И предвидената инфлација во новите проекции е поголема од таа прогнозирана во априлската сесија на макроекономски проекции. Општо земено, најновите оцени за растот на македонската економија се понеповолни во однос на априлскиот циклус...

НБ: Граѓаните сѐ повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање во земјава

Плаќањата од страна на граѓаните во трговијата во земјата со платежни картички издадени од издавачи во земјата, во вториот квартал од 2022 година, забележаа годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 22,9% и 17,8%, соодветно. Притоа, бројот на извршени трансакции забележа годишен раст од 18,3% на физичките места на продажба, односно од 12,6%, на виртуелните (интернет) продажни...

Народната банка објави Поимник на термини од банкарското и централнобанкарското работење

Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење. Со Поимникот е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. Поимникот, е достапен на следнава врска. „Финансиската едукација е една од стратегиските цели на Народната банка. Населението коешто има познавања од областа на финансиите ги знае предностите од користењето различни финансиски...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...