fbpx
Таг: напредок

таг: напредок

Османи ќе го презентира статусот на спроведувањето на Планот „3-6-9“

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на прес-конференција во Владата ќе го презентира статусот на имплементацијата на Планот „3-6-9“. Презентацијата е во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат на 17 април. Напредокот во имплементацијата на Планот „3-6-9“ Османи вчера во Брисел го презентираше пред високата претставничка на ЕУ за надворешни работи...

Османи: Очекувам безусловна препорака од Советот на ЕУ за почеток на преговорите

Валоризацијата на реформските напори на Македонија очекуваме да биде нотирана во претстојниот извештај на Европска комисија, од каде очекуваме и чиста и безусловна препорака од Советот на ЕУ за почеток на преговорите. Ова денеска го истакнал вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи кој е во работна посета на Брисел каде што престојува заедно со советникот за европски интеграции во...

Софија: Од Западен Балкан до ЕУ ќе се трча индивидуално, нема да се чекаат другите

Напредокот на секоја од земја од Западен Балкан ќе се оценува според индивидуалните постигнувања и од ниту една држава, која е подготвена за членство во Европската Унија, нема да се бара да чека друга за влез во Унија, се наведува во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи, во кое ја поздравува Стратегијата за Западен Балкан на Европската комисија. „Стратегијата...

Северна и Јужна Кореја постигнаа напредок во преговорите

Северна и Јужна Кореја постигнаа договор во преговорите чија цел е смирување на тензиите, соопштија двете страни после првата средба на официјални лица по две години. Двете земји се сложиле да ги стивнат сегашните воени тензии и да одржат воени преговори. После состанокот соопштија дека спортисти и севернокорејски официјални лица ќе отпатуваат на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат...

Столтенберг ќе се обрати пред македонските пратеници на 18 јануари

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој месецов доаѓа во посета на Македонија, на 18 јануари на пленарана седница ќе им се обрати на пратениците во македонското Собрание. Седницата, како што е наведено на официјалната веб-страницата на Собранието, е закажан за точно напладне и освен неа за овој ден не се закажани други седници на законодавниот дом. Инаку, посетата на Столтенберг...

Шекеринска – Данкан: Продолжува поддршката од Велика Британија за eвроинтеграцијата

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска се сретна со британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, во Министерството за надворешни работи и Комонвелт. „Работиме на суштински внатрешни реформи како и на подобрување на односите со соседите. Тоа се сложени процеси, кои бараат политичка волја, време, но и постојана поддршка од нашите сојузници“, изјавила Шекеринска. Данкан истакнал дека, Велика Британија продолжува да ја...

Владата на тематска седница ќе го разгледува европскиот прашалник за напредокот кон ЕУ

Владата на Република Македонија денеска во 15 часот ќе одржи тематска седница, на која ќе биде разгледана информацијата за придонесот за остварениот напредок на Република Македонија, кој претставува основа за подготовка на годишниот извештај на Европската комисија за напредокот во процесот на пристапување во Европската Унија. Седницата ќе ја води вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. „Придонесот за остварениот напредок...

Османи: На Балканот има оптимизам за влез во Европската Унија

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, присуствуваше на 13. Конференција на европски градови и региони на тема „Наредната генерација на нови земји - членки на ЕУ“, што се одржа во Салцбург. На конференцијата се говорело за перспективите на земјите од Западен Балкан во контекст на политиката на проширување на ЕУ, а говорник бил и еврокомесарот за проширување и за соседска...

Могерини: Очигледно е дека целиот Балкан на крајот ќе биде дел од ЕУ

Ние работиме на тоа секој наш поединечен партнер од Западен Балкан да има перспектива за членство во Европската Унија, изјави високата претставничка за надворешна и за безбедноста политика на ЕУ, Федерика Могерини, во своето обраќање на Бледскиот стратешки форум во Словенија. Могерини истакна дека Балканот е веќе во Европа, дека се наоѓа во срцето на Европа и дека балканските народи...

Могерини: ЕУ на Балканот може многу да изгуби, но многу и да добие

Балканот е еден од четирите приоритети на надворешната политика на Европската Унија, изјави синоќа високата претставничка за надворешна и за безбедноста политика на ЕУ, Федерика Могерини, на отворањето на конференцијата со амбасадорите на Унијата во Брисел, истакнувајќи дека „како што добро знаат, ЕУ (на Балканот) може многу да изгуби, но и многу да добие“. Могерини на почетокот на дводневното советување...

Нимиц денеска ќе се сретне со Иванов во Вила Водно

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе го прими специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името, Метју Нимиц, кој од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје. Средбата на Иванов и на Нимиц е закажана по 17 часот во претседателската резиденција на Водно. Инаку, Нимиц е во посета на земјава на покана...

Нимиц: Не носам нов предлог за името, доаѓам да ја тестирам подготвеноста за напредок

Овојпат не носам ново предлог-решение во Скопје, доаѓам да разговараме за напредокот во преговорите со Атина околу спорот за името, вели специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција во интервју за емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат М“. Нимиц, кој од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје, на покана на македонската Влада, вели дека...

Нимиц од денеска во Скопје, на разговори со државниот врв за спорот за името

Специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, од денеска до 4 јули ќе претстојува во Скопје на разговори со државниот врв околу можностите за решавање на спорот за името. Нимиц, како што соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН, доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада, за да се дискутира за начините...

„Фридом хаус“: Нема напредок во демократијата во Албанија

Во објавениот извештај „Земји во транзиција“ на „Фридом хаус“, нема промена во оценката за демократијата во Албанија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Генералниот индекс на демократијата, кој е збир на седум специјални индекси, оваа година за Албанија изнесува 4,14, исто како и лани. На листа од еден до седум, еден означува највисоко ниво на демократски прогрес, а седум означува најниско ниво. Врз...

Европскиот парламент бара транспарентна транзиција на власта и попис

Со 54 гласoви „за“ и со осум „против“, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска ја усвои предлог-резолуцијата за напредокот на Република Македонија во европските интеграции во 2016 година, јавува МИА. Европратениците претходно усогласија 28 компромисни амандмани и денеска сите ги усвоија, а во нив се содржани и термини „Македонија“, „македонски“, но, исто така, и предвидување дека македонската...

ЕК: Турција не прави доволно за да добие визна либерализација

Европската комисија (ЕК) денеска соопшти дека Турција не напредувала многу во исполнувањето на условите за укинување на визите за нејзините граѓаните кои патуваат во Европската Унија, јавуваат светските агенции. Укинувањето на визите за патување во ЕУ, од друга страна, беше еден од клучните услови што ги постави Турција во постигнувањето на договорот со Унијата за намалување на приливот на...

Хан: Реформите во судскиот систем на Албанија се добри вести за Балканот

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска се сретна со спикерот на собранието на Албанијa, Илир Мета, и истакна дека успехот на судските реформи и декриминализацијата во Албанија ќе значат добри вести за целиот балкански регион. Хан рече дека Албанија имала добар напредок со приоритетните реформи. Тој му се заблагодари на собранискиот спикер Мета за постојаната поддршка и...

СДСМ: По 11 декември Македонија ќе се врати на вистинскиот пат кон ЕУ

„Катастрофалните политики на Никола Груевски и на „фамилијата“ ја држат Македонија заглавена во евроинтеграциските процеси веќе осма година по ред. Поради коруптивната и неодговорна власт, повторно добивме условена препорака за почеток на преговори со Европската Унија“, реагираат од СДСМ по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. „Во извештајот јасно се посочува дека корупцијата е широко распространета...

Клучните наоди на ЕК: Кризата продолжува, земјата страда од политиката на поделба

Во клучните наоди од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се нотира дека во земјата продолжува најголемата политичка криза од 2001 година и дека земјата страда од култура на политичка поделба и од недостиг од капацитет за компромиси. Еве ги накусо забелешките: Меѓуетничка состојба: Сè уште е кршлива; Цивилно општество:  Игра важна улога во поддршка на важните демократски процеси и осигурување контрола; Јавна...

Мекалистер: Сите шест држави од Западен Балкан имаат европска перспектива

Земјите-членки на Европската Унија имаат единствен став дека сите шест држави од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија) имаат европска перспектива, вели известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер. „На сите им е во интерес сите шест држави од регионот, пред сè, Србија, да имаат проевропски курс. Сакаме трајна политичка и економска стабилност...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...