fbpx
Таг: напаѓач

таг: напаѓач

Турција ги блокираше граничните премини со Бугарија

Турција ги блокираше граничните премини со Бугарија поради стравување дека напаѓачот што изврши терористички напад во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул, би можел да избега преку Бугарија во Европа. Турција на граничните премини распореди специјални сили за борба против тероризмот. Сите автомобили и патници се проверуваат, јавуваат бугарските медиуми. Идентитетот на напаѓачот на ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул е утврден, изјави денеска...

Утврден идентитетот на напаѓачот од ноќниот клуб во Истанбул

Идентитетот на напаѓачот од ноќниот клуб во Истанбул е утврден, соопшти денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу. Напаѓачот, кој побегна по нападот во кој загинаа 39 лица, и понатаму е во бегство. Чавушоглу, сепак, не сакаше да го соопшти името на напаѓачот. Досега 20 лица се приведени во рамки на истрагата за нападот кој се случи во ноќен клуб за време...

Во Тунис уапсен роднина на напаѓачот од Берлин

Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека се уапсени три лица осомничени дека му помогнале на Анис Амри да го изврши нападот на божиќниот базар во Берлин Во нападот убиени беа 12 лица, а ранети повеќе од 50. Еден од уапсените осомничени е роднина на Амри. Како што се наведува во соопштението на министерството, тројцата осомничени биле членови на терористичка...

Убиецот на рускиот амбасадор е 22-годишен турски полицаец

Новинарите на турските медиуми кои присуствуваа на изложбата на која е убиен рускиот амбасадор Андреј Карлов, наведуваат дека напаѓачот бил припадник на обезбедувањето. Напаѓачот се вика Мевлут Мерт Алтинтас и бил припадник на полициската единица за сузбивање демонстрации. Тој е роден во 1994 година и се школувал во Измир. „Ројтерс“ претходно извести дека рускиот амбасадор во Турција бил убиен од човек кој...

Убиен напаѓачот од Хјустон, ранети девет лица

Девет лица се ранети кога адвокат отворил оган пред трговски центар во Хјустон, Тексас, пред да го убие полицијата. Едно од повредените лица е во критична состојба, а едно во тешка, додека три лица се пуштени од болница, изјави шефицата на полицијата, Марта Монталво. Полицијата сè уште не го открива идентитетот на напаѓачот, а Монталво само изјави дека тој е адвокат...

Двајца полицајци нападнати со мачета во Белгија

Двајца полициски службеници биле повредени откако напаѓач се нафрлил врз нив со мачета во белгискиот град Шарлероа, јавува „Би-би-си“. Напаѓачот бил застрелан и ранет од полицијата, објави полицијата во Шарлероа на „Твитер“. https://twitter.com/PoliceCharleroi/status/761939214590177280 Тој, според информациите, извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем, на Арапски) за време на нападот кој се случил пред главната полициска станица во градот. Областа околу местото на нападот...

Тинејџер со нарушено ментално здравје го извршил нападот во Лондон

Лондонската полиција соопшти дека 19-годишен тинејџер е напаѓачот што синоќа со нож уби една жена, а повреди пет лица. Британските медиуми, цитирајќи полициски претставници, јавуваат дека напаѓачот, чиј идентитет не се открива, имал нарушено ментално здравје и оти веднаш по апсењето е сместен во специјална болница. Сепак, полицијата сè уште истражува дали станува за терористички напад. Тинејџерот синоќа околу 22,30 часот, на...

ОЈО: Убиецот на полицаецот, на 25 јули бил пуштен од психијатриска болница

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово денеска потврди дека лицето кое синоќа го уби 36-годишниот полицаец Г.С. било психички болно и повеќепати хоспитализирано. „Станува збор за лице кое претходно повеќепати било хоспитализирано за психијатриско лекување. Последен пат од Психијатриската болница во Скопје бил пуштен дома на 25 јули 2016 година, на барање на неговиот татко“, стои во соопштението од...

Пукање во Луизијана, убиени тројца полицајци

Американските власти потврдија дека се убиени тројца полицајци при пукање во Батон Руж во Лузијана, а четворица се ранети. Еден од напаѓачите е убиен во акција на полицијата, а се верува дека двајца се во бегство. Градоначалникот Кип Холден наведе дека властите се обидуваат да утврдат за каква ситуација станува збор. https://twitter.com/Breaking911/status/754706533326397441 Портпаролот на полицијата, Дон Копола, за телевизијата „Еј-би-си“ изјави дека...

Француската полиција уапси уште две лица поврзани со нападот во Ница

Француски официјални лица соопштија дека полицијата уапсила уште две лица во врска со нападот во туристичкиот град Ница, во кој загинаа најмалку 84 лица, а беа повредени околу 300 други. Еден маж и една жена беа уапсени денеска во утринските часови во Ница. Пет други лица веќе се во притвор, вклучувајќи ја и жената на возачот на камионот, 31-годишниот Мохамед Булел. Светските...

Идентификуван напаѓачот во Ница

Напаѓачот кој во Ница усмрти 84 лица е Мохамед Лахуаеј Булел (31), кој имал двојно државјанство, на Франција и на Тунис, и живеел на северот на Ница, објави весникот „Ница матен“. Како што се наведува, Булел пред нападот работел како возач во курирската служба, татко е на тригодишно дете и на полицијата ѝ е познат по „деликвентно однесување“. Според полициската...

Убиен напаѓачот што пукаше во кино во Германија

Маскираниот напаѓач кој попладнево пукаше во кино-комплексот во Виернхајм, близу Франкфурт, е убиен откако бил застрелан од специјалните единици на германската полиција, соопшти министерството за внатрешни работи на сојузната држава Хесен. „Проценките на полицијата беа дека вооружениот маж држи заложници поради што беше застрелан и убиен“, изјавил министерот за внатрешни работи на Хесен, Петер Бут, додавајќи дека нема други повредени...

Убиена членка на британскиот парламент во Лидс

Членката на британскиот парламент од редовите на Лабуристичката партија, Џо Кокс, починала откако денеска била застрелана и прободена со остар предмет во инцидент кој се случил во близина на градот Лидс, јавува „Би-би-си“. Кокс по инцидентот во критична состојба веднаш била пренесена во болницата во Лидс, каде по неколку часа починала. Полицијата успеала да го уапси напаѓачот и, според информациите, станува...

Вооружен напад во клуб во Орландо, девет лица убиени

Неидентификуваниот маж кој пукал во ноќен клуб за време на забава на ЛГБТ-заедницата во Орландо е мртов, а според сè уште неофицијални информации, девет лица се убиени. Според прелиминарните извештаи, најмалку 40 лица се ранети, вклучувајќи и еден полицаец. Пукањето се случило во ноќен клуб, а напаѓачот во еден момент се забарикадирал во објектот и зел заложници. Еден од посетителите, кој во...

Полицијата објави видео-снимка од третиот напаѓач во Брисел

Белгиската полиција објави снимка од безбедносните камери во обид да го идентификува третиот напаѓач на аеродромот во Брисел, чија бомба не експлодирала и кој побегна од местото на нападот. Човекот, според снимката носел јакна со светла боја и шапка. Во меѓувреме, белгискиот Кризен центра објави дека бројот на жртвите на напаѓачите на аеродромот и метро-станицата е зголемен на 35, откако четири лица...

Во Белгија идентификуван уште еден напаѓач од Париз

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека идентификувал уште еден учесник во минатогодишниот терористички напад во Париз. „Истрагата покажала дека Сафијан Кајал се идентификува како Наџим Лашрау, роден на 18 мај 1991 година. Тој патувал во Сирија во февруари 2003 година“, стои во соопштението на обвинителството. Белгискиот министер за надворешни работи, Дидиер Рејндерс, вчера соопшти дека повеќе од 30 лица учествувале во ноемвриските терористички...

Идентификуван напаѓачот кој усмрти седум лица во Мичиген

Полицијата во сојузната американска држава Мичиген го идентификувала напаѓачот што синоќа застрела и уби седум лица во градот Каламазу, јавуваат светските агенции. Осомничениот, кој бил уапсен кратко по вооружениот напад, е идентификуван како Џејсон Далтон, на 45-годишна возраст, кој бил жител на Каламазу, соопштил претставникот на локалната полиција, Џеф Хедли. Тој додал дека Далтон немал криминално досие. Напаѓачот, како што претходно пренесоа медиумите,...

Напаѓачот од Сан Бернардино контактирал со милитанти

Осомничениот за убиството на 14 лица во Сан Бернардино во Калифорнија, Сајед Ризван Фарук, бил во контакт со милитантите преку социјалните мрежи, соопштија американски безбедносни служби. Сепак, засега нема докази дека тероризмот бил мотив за нападот во кој се ранети 21 лице, изјави истиот извор. Фарук и неговата сопруга Ташфин Малик (27), кои по убиствата во центарот за јавно здравје во...

Се самоуби напаѓачот кој уби двајца војници во Сараево

Енес Омерагиќ, кој синоќа во сараевската населба Рајловац уби двајца војници и рани неколку други лица, се самоубил во својата куќа, која била опколена од полицијата. Според босанската полиција, Омерагиќ го сторил тоа со активирање експлозив. Претходно, Омерагиќ пукајќи од автоматско оружје, убил двајца припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина и ранил уште еден војник, како и жената што работела...

Најсериозната кандидатка за градоначалник на Келн ранета со нож

Најсериозниот кандидат за градоначалник на германскиот град Келн, Хенриета Рекер, денеска била ранета со нож, во напад што го извршил 44-годишен маж, за време на избораната кампања, еден ден пред закажаните избори, соопшти полицијата, пренесуваат медиумите. Рекер, според полицијата, била ранета во вратот, но е надвор од животна опасност. Во нападот, повредени се уште четири лица, од кои едно тешко. Нападот...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...