fbpx
Таг: напаѓач

таг: напаѓач

Поднесено обвинение за инцидентот со Пендиков, еден од напаѓачите сè уште е во бегство

Охридското Обвинителството поднесе Обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. „Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22...

Очевидец кој бил само неколку метри од убиецот во Осло зборува за Порталб.мк

Раните утрински часови во саботата, во Осло, Норвешка, се претворија во кошмар за многу граѓани кои случајно се нашле на местото каде се случи нападот на два локали, при што беа убиени две лица, а 21 лице повредени. Начинот како се случил целиот напад го видел и еден Албанец, чиј локал се наоѓа на неколку метри од местото на...

ОЈО поднесе обвинение за напаѓачот на пратеникот Горан Милевски

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) соопшти дека поднело обвинение против напаѓачот на пратеникот Горан Милевски, кој е и претседател на Либерално-демократската партија (ЛДП). Обвинението е за насилство, но од ОЈО Скопје не го соопштуваат идентитетот на напаѓачот, но откриваат дека е откриен по јавување на граѓани, откако била објавена негова фотографија на веб-страницата на МВР. Обвинителството од судија на претходна...

Седумнаесет застрелани во напад на средно училиште на Флорида

Најмалку 17 лица се убиени, а голем број се ранети во средно училиште во американската сојузна држава Флорида, при вооружен напад што се случи вчера пред крајот на наставата во во училиштето „Марџори Стоунмен Даглас“ во Паркленд, седумнаесет километри северно од Мајами. Полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен и дека станува збор за 19-годишниот Николас Круз, поранешен ученик во училиштето,...

Еден полицаец е убиен, а четворица се ранети во пукање во Колорадо

Еден полицаец е убиен, а четворица се ранети во пукање во американската сојузна држава Колорадо, пренесуваат медиумите во САД. Полицајците настрадале додека интервенирале по пријава за семејно насилство. Локалните власти потврдија дека во вооружениот инцидент се ранети и двајца цивили. Осомничениот за нападот е убиен. Пукањето се случило во комплекс апартмани во Хајлендс ранч, јужно од Денвер. Повеќе патишта во околината...

Ослободени сите заложници од поштата во Харков, напаѓачот уапсен

Сите заложници во поштата во украинскиот град Харков се ослободени, а напаѓачот е уапсен. Во инцидентот нема настрадани лица, јавуваат агенциите. „Успешно заврши операцијата за ослободување на заложниците во поштата во Харков. Сите заложници се ослободени, а напаѓачот е уапсен. Им наложив на локалните власти да им ја обезбедат сета неопходна помош на жртвите“, напиша на „Твитер“ украинскиот претседател,...

Убиецот од Лас Вегас имал 23 парчиња оружје во хотелската соба

Напаѓачот Стивен Педок, кој уби повеќе од 50 лица на концерт во Лас Вегас, во хотелската соба од која стрелал, имал 23 парчиња оружје и две направи за забрзување на оружениот оган, јавуваат светските медиуми. Станува збор за уреди кои кога ќе се монтираат на полуавтоматско огнено оружје, тоа станува и работи како целосно автоматско. Ваквите направи, кои се понова технологија,...

Тројца ранети во инцидент во Кичево, меѓу кои и носител на советничка листа

Во вооружен инцидент што вечерва се случил во Кичево ранети се три лица, меѓу кои и носителот на независна листа за советници во општината, Алит Абази, пренесува „Телма“. Напаѓачот, кратко по инцидентот бил приведен од полицијата, а како што потврдиле од МВР за телевизијата, било обезбедно и оружјето од кое било стрелано. Четириесетгодишниот Абази бил застрелан во слабината, додека Дестан Абдиу,...

Еден убиен во напад со нож во Германија

Еден човек е убиен и уште еден е повреден во напад со нож што се случил попладнево во германскиот град Елберфелд, близу Дизелдорф. Убиениот е маж на 31 годишна возраст, а повредениот е шест години помлад. Нападот се случил попладнево во 14.45 часот, а уследи кратко по сличен напад во Турку, Финска. Напаѓачот е во бегство и по него се трага.

Најмалку 15 повредени при напад со нож во метро во Техеран

Најмалку 15 луѓе се повредени откако маж почнал да напаѓа со нож во метро на станицата Реј во предградие на Техеран, јавија иранските медиуми. Еден од повредените бил муслимански свештеник, а според извештаите, нападот почнал по кавга меѓу имамот и напаѓачот, за кого се вели дека бил психички нестабилен. По нападот, патниците се судриле со напаѓачот, а полицијата била принудена да...

Координаторот на републиканците во Конгресот на САД ранет во вооружен напад

Висок претставник на републиканците во Конгресот на САД, денеска бил ранет во вооружен напад за време на бејзбол-тренинг во Вирџинија, јавуваат американските медиуми. Полицијата од Александрија, предградие на Вашингтон, соопштила дека во тек е истрага поврзана со „повеќекратни пукотници“ и дека осомничениот е уапсен и се наоѓа во притвор. Конгресменот од Алабама, Мо Брукс, за „Си-ен-ен“ изјавил дека во нападот бил...

Дедото на малата Тамара пукал во Никола Тодоров

Шеесетгодишниот Љ.С. од селото Каласлари, Велешко пукал во поранешниот министер и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму информираат дека осомничениот истрелал два куршуми од пиштол кон Тодоров. Во инцидентот, според МВР, нема повредени. Напаѓачот е веднаш уапсен и однесен во полициска станица, каде во тек е истрагата за случајот. Дел од медиумите,...

Напаѓачот на Шекеринска, на распит во Обвинителството

П.А., кој ја нападна пратеничката на СДСМ, Радмила Шекринска, во Собранието, за време на инцидентите на 27 април, синоќа беше на распит во Обвинителството. „Откако П.А. влегол во салата каде се одржувала прес-конференција, со употреба на физичка сила ги нападнал пратениците З.З., Р.Ш. и Р.И., а воедно се туркал со вработени од обезбедувањето. По завршување на разговорот и констатирање на...

Еден полицаец е убиен, а друг ранет во престрелка во центарот на Париз

Еден полицаец е убиен, а друг е ранет во вооружен напад што вечерва се случил во центарот на Париз, соопштила француската полиција, пренесува „Би-би-си“. Според информациите на дел од француските медиуми, напаѓачот кој отворил оган кон полицајците бил застрелан и убиен. Престрелката се случила на авенијата Шанзелизе, која е целосно блокирана и каде во тек е операција на француските безбедносни...

Пукање во автобус во Лас Вегас, едно лице убиено

Во автобус во Лас Вегас дошло до пукање во кое еден маж убил едно лице, а полесно повредил друго. Полицијата го уапсила напаѓачот по напната ситуација која траела четири часа, соопшти градската полиција со напомена дека тој напад не е поврзан со тероризам. Осомничениот напаѓач во двокатен автобус бил забарикадиран четири часа додека тактичките тимови и преговарачите пристигнале на местото, на булевар...

Откриен идентитетот на напаѓачот од Лондон

Британската полиција го откри идентитетот на напаѓачот од Лондон. Станува збор за 52-годишниот Халид Масуд, кој од претходно ѝ е познат на полицијата. Полицијата го уби Масуд откако со автомобил прегази пешаци и со нож прободе полицаец. Иако не бил под истрага, ниту против него се водела некаква постапка, на полицијата ѝ бил познат по претходни прекршоци. Од Скотланд јард велат...

Седум лица се уапсени по нападот во Лондон

Британската полиција утринава изврши рација во една куќа во Бирмингем во врска со нападот во Лондон и уапси седум лица, објавија британските медиуми. Скотланд јард соопшти дека биле уапсени седум лица на шест различни локации. - Пребаравме шест адреси и упасивме седум лица. Рацијата во Бирмингем и во други делови на земјата ќе продолжи – изјавил шефот на службата за борба...

Убиениот напаѓач од аеродромот „Орли“ бил на листата на радикализирани поединци

Напаѓачот кој денеска беше убиен на аеродромот „Орли“ во Париз, бил на листата на радикализирани поедници и имал долго криминално досие, вклучувајќи и пресуди за вооружено разбојништво, соопштиле француските власти, пренесува „Би-би-си“. Тој беше застрелан и убиен од француските безбедносни сили, откако се обидел да одземе пиштол од припадничка на воена патрола на јужниот терминал на аеродромот. Станува збор за 39-годишен...

Уапсен напаѓачот од новогодишната ноќ во Истанбул

Уапсен е напаѓачот кој во новогодишната ноќ во Истанбул уби 39 лица во ноќен клуб, јавуваат турските медиуми. Узбекистанецот Абдулкадир Машарипов е уапсен во заедничка операција на турските разузнавачки служби и на полицијата, во стан во истанбулскиот кварт Есенјурт. За време на апсењето, тој бил заедно со четиригодишниот син во куќа на свој пријател. Турските власти соопштија дека осомничениот го признал делото и...

Пукал пред црква во Остин, полицијата го убила

Полицијата во Остин убила маж кој неколкупати пукал од автоматска пушка во воздух пред црква во сојузната држава Тексас. Напаѓачот бил убиен откако одбил да го фрли оружјето, соопшти полицијата. Властите наведуваат дека пукањето во северозападен Остин се случилo откако полицијата добила повик во кој бил пријавен грабеж, а потоа и тепачка на паркиралиште на истата локација. Во повикот се велело...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...