fbpx
Таг: напади

таг: напади

Меѓусебни напади со дронови меѓу Русија и Украина на првиот ден од руските претседателски избори

Три проукраински баталјони составени од регрути од Русија започнаа нов напад во јужна Русија во прекугранична рација која требаше да сее хаос пред широко очекуваниот реизбор на Владимир Путин за претседател овој викенд, јави Гардијан. Трите вооружени групи руски прогонети борци, кои тесно соработуваат со војската на Украина, рекоа дека ја преминале границата во јужните региони Курск и Белгород. Руската национална...

Повеќе од 70 борбени судири на бојното поле во Украина во последното деноноќие

Седумдесет и три борбени судири имале украинските први борбени линии во изминатите 24 часа, од кои најголем дел во областа Новопавливка, јави украинската државна новинска агенција Укринформ, повикувајќи се на соопштение од Генералштабот на вооружените сили на Украина. „Непријателот изврши вкупно 5 ракетни напади, 95 воздушни напади и 136 напади користејќи повеќе ракетни фрлачи врз позициите на нашите војници и...

ИКС: Непроверените наоди и непоткрепените обвинувања често оружје на политичарите

На партиските веб-страници и на Фејсбук-профилите на политичките актери најчесто се изнесуваат непроверени наоди, како и непоткрепени обвинувања за корумпираност, нетранспарентност, непрофесионалност, злоупотреба на службената должност, како основа за напад на политичките противници. Реториката кај поголемите политички партии се базира врз употребата на зборови и формулации со коишто се оцрнува политичкиот противник или одредена група луѓе со цел да...

АВМУ ги осуди навредите од Ковачевски за медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) се огласи со остра осуда на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија. АВМУ алармира дека политичарите треба да покажуваат високо почитување за новинарската професија, наместо грубо да ги напаѓаат. „Политичарите треба...

Вистиномер реагира на најновата дезинформациска кампања против порталот и редакцијата

Она што не може да се забележи во оваа дезинформациска кампања, како и во претходните, впрочем, е било каква аргументација од страна на напаѓачите, за евентуална грешка, превид или невистина искажана од редакцијата на Вистиномер, која би ги оправдала нападите и заканите против нас. Такво нешто меѓу бројните манипулации и невистини на напаѓачите едноставно нема, пишува „Вистиномер“. Реакцијата подолу ја...

Најмалку петмина загинати во најновите руски ракетни напади во Украина

Во голем руски ракетен напад во 8:45 часот по локално време утрово, во Украина загинале најмалку пет луѓе и најмалку 20 се повредени, известувa украинската државна новинска агенција ukrinform.net, повикувајќи се на украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко на неговиот Телеграм-канал. Според соопштението, во главниот град Кијив избиле неколку пожари во три населби. Еден цивил загинал и неколку се...

Според Украинците, рускиот трагичен биланс достигнал 376.030 елиминирани

Украинските сили досега елиминирале 376.030 руски војници - од 24 февруари 2022 и почетокот на денешниот ден, известува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во текот на изминатото деноноќје, биле онеспособени уште 760 припадници на руските инвазиски сили. Како што соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, биле уништени и 6.181 руски тенкови, 11.466 оклопни борбени возила, 8.875 артилериски системи и друго...

Прогноза за торнадо во Црното Море, Русија ги прибра бродовите и ракетните носачи во базите

Во регионот на Црното Море се прогнозира торнадо по невремето во кое загинаа најмалку 14 лица, а повеќе од 2 милиони останаа без струја во Русија и Украина, вклучително и окупираниот Крим. Американскиот Институт за проучување на војната соопшти дека невремето ја принудило Русија да ги врати своите поморски бродови и ракетни носачи во нивните бази, но и дека заканата...

Кијив втор ден по ред под бран руски напади со дронови

Русија утрово повторно започна бран напади со беспилотни летала врз Кијив, засилувајќи ги нападите врз украинскиот главен град по пауза од неколку недели, соопшти градската воена администрација, а пренесе Гардијан. Засега нема извештаи за критична штета или жртви, рече Серхи Попко, шеф на воената администрација на Кијив, цитиран од Ројтерс. По пауза од 52 дена, Москва ги продолжи воздушните напади врз...

Руската сила продолжува со напади, и понатаму гинат цивили

Руските агресорски сили во текот на изминатото деноноќие извршиле 8 ракетни и 29 воздушни напади и 76 напади од повеќецевни ракетни фрлачи врз позициите на украинските воени сили, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Освен тоа, Генералштабот на Вооружените сили на Украина во својот утрински извештај соопшти и за напади врз цивилни цели, во регионите Запорижја и Донецк. Дополнително, на...

Над 120 руски напади врз Украина за само 24 часа

Русија извршила повеќе од 120 напади врз позициите на украинските војници и населените области во изминатите 24 часа. Како што информира Генералштабот на вооружените сили на Украина, за едно деноноќие се извршени 63 воздушни и 64 напади со ракетни системи, пренесува Укринформ. На фронтот се случиле и околу 80 борбени судири во кои има цивилни жртви и уништени станбени...

Извозот на украинско жито паднал за речиси една третина во споредба со лани

Извозот на жито во Украина е намален за речиси една третина во споредба со минатата година, покажуваат податоците на украинското Министерство за земјоделство, а пренесува Гардијан. Бројките покажуваат дека извозот паднал на 9,8 милиони тони досега во маркетиншката сезона 2023-2024 јули-јуни. Министерството соопшти дека до овој момент минатата година Украина извезла 14,3 милиони тони жито. Обемот извезен оваа сезона вклучува 4,9...

Палестинците во грч брзаат кој југот на Газа, додека израелската војска врши воени дејствија

Палестинците во грч брзаат да избегаат од северот на Газа денеска, откако израелската војска нареди повеќе од половината од населението да се евакуира во југот на територијата и врши теренски упади, пред очекуваната копнена офанзива, точно една седмица по крвавиот напад на екстремистичкото движење Хамас на израелска територија, јавува новинската агенција „Асошиејтид Прес“. Израел ги обнови повиците на социјалните медиуми...

Украина се подготвува за 1 Октомври – Денот на бранителите

Со едноминутен молк, цела Украина в недела, 1 октомври, ќе го одбележи Денот на бранителите на татковината со едноминутен молк. Настанот го најави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својата официјална страница на Фејсбук, пренесува украинската новинска агенција ukrinform.net. „9 часот претпладне, 1 октомври. Централните плоштади и улици на украинските градови. Минута чест. Минута молк. И вечност на сеќавањето на нашите паднати...

Украина напредува на исток, московски аеродроми со ограничени летови поради напади со дронови

Украинските сили ги одбиваат руските напади и зазедоа неколку квадратни километри на источниот фронт во текот на изминатата недела, изјави утрово заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, а пренесува Гардијан. Малиар рече дека украинските сили напредуваат јужно од Бахмут – градот окупиран од руските сили во мај по крвава повеќемесечна борба. Заменик-министерката тврди дека во текот на минатата седмица...

Руските напади продолжуваат врз пристаништата во Украина

Руските напади врз украинските пристанишни области продолжија и денес. Нападите доаѓаат откако Москва предупреди дека бродовите што се упатуваат кон украинските пристаништа на Црното море може да се сметаат за воени цели, пренесе Ројтерс. Во нападите повредени се најмалку 20 лица во регионите на Миколаев и Одеса. Со излегувањето на Русија од договорот што ги заштити глобалните испораки на украинско...

Кијив повторно напаѓан цела ноќ, но руските дронови не нанесоа штети

По речиси цела ноќ руски напади со дронови, околината на Кијив, главниот град на Украина, сепак помина без штети и без повредени. Биле користени јуришни дронови, неколкупати во ноќта била прогласувана тревога, но украинската противвоздушна одбрана сепак успеала да ги неутрализира дроновите, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. „Минатата ноќ, непријателот повторно го нападна регионот Кијив со јуришни дронови. Неколкупати...

Тројца мртви во три инцидента во британскиот град Нотингем, еден е уапсен

Во три различни инцидента, веројатно поврзани со еден човек, три лица загинале во британскиот град Нотингем утрово и претпладнево. Еден 31-годишен маж е уапсен под сомнеж за убиство, јави Би-Би-Си. Најпрвин полицијата била повикана во 4 часот утрово на улицата Илкестон, каде биле пронајдени двајца мртви. Потоа е пронајдено уште едно мртво тело на улицата Магдала. Сите инциденти се случиле во...

Руската рафинерија за нафта во Краснодар во пламен, нападнат и Белгород

Еден ден откако Русија ја обвини Украина дека испратила беспилотни летала за да напаѓа згради во Москва, гувернерот на руската област Краснодар рече дека беспилотно летало е најверојатно причина за пожарот што избувна во нафтената рафинерија Афипски. Пожарот набрзо бил изгаснат и во него нема жртви, изјави гувернерот Вениамин Кондратиев, а пренесува Укринформ. Рафинеријата Афипски се наоѓа недалеку од црноморското пристаниште...

Не е точно дека владата на Украина се заканува дека ќе почне терористички напади низ Европа

Во исечокот од видеото кој погрешно е интерпретиран во постот, Подољак зборува за хипотетичка ситуација во која ЕУ би престанала да ѝ помага на Украина и објаснува што би се случувало во Европа, доколку престане помошта во оружје. Но, тој не кажува дека Украина би вршела терористички напади во Европа, туку вели дека во Украина би имало геноцид, дека...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...