fbpx
Таг: напад

таг: напад

Руските хакери биле во мрежата на телеком операторот Кијивстар неколку месеци пред да го нападнат

Руските хакери кои го нападнаа најголемиот украински телекомуникациски провајдер Кијивстар минатиот месец и оневозможија околу 24 милиони луѓе да користат мобилни телефони и интернет ја пробиле мрежата на компанијата со месеци пред да го направат финалниот напад и да избришат речиси сè, изјави Илија Витиук, шеф на одделот за сајбер безбедност на Украина. Тој потврдил за Ројтерс дека нападот најверојатно...

Најмалку 12 загинати цивили во најновиот руски напад во Украина

Во серијата руски напади врз цели во Украина, што почна вчера и уште трае, загинати се најмалку 12 цивили. Станува збор за досега најголема покриеност на украинската територија со напади од почетокот на руската инвазија на соседната земја, на 24 февруари 2022 година, јавуваат светските агенции. Според вооружените сили на Украина, Русија лансирала вкупно 158 дронови и ракети, односно досега...

Нападнат новинар на „Н1“ додека известувал од протестите во Белград

Новинарот на „Н1“ Младен Саватовиќ синоќа бил нападнат додека известувал од протестите во центарот на Белград. „Ја чекавме последната врска во живо, кога студентите тргнаа кон 29 ноември. Стоевме кај зградата на Републичката изборна комисија, а во моментот кога чекав повторно да ме повикаат на линк, маж на околу 35-40 години ми пријде и почна да ми дофрла нешто неразбирливо,...

Чешката полиција го истражува мотивот зад еден од најтешките масовни напади во земјата

Чешката полиција работи на откривање на мотивот зад најлошото масовно пукање во земјата, во кое студент отвори оган на универзитет во центарот на Прага, при што уби 14, а рани 25 други. Премиерот на Чешка, Петр Павел, апелираше на единство и рече дека случајот не треба да се користи за политички напади или ширење дезинформации, пренесува Би-би-си. Меѓу жртвите од нападот...

Над 15 убиени во пукањето на Карловиот универзитет во Прага

Полицијата го уби 24-годишното лице кое пукаше во зградата на Карловиот универзитет во Прага, при што уби најмалку 15 лица, а 24 се регистрирани како повредени, јавува Би-би-си. Престрелката се случила во центарот на Прага. На интернет се појавија фотографии и видеа од лица како трчаат во стариот дел од Прага, кој вообичаено е преплавен со туристи. Нападот се случил...

Пукање во Прага, има загинати и повредени лица

Чешката полиција соопшти дека неколку лица се убиени, а десетици се повредени во пукањето што попладнево се случило во центарот на Прага, јавува Би-би-си. Пукањето се случило кај Карловиот универзитет во Прага, при што полицијата соопшти дека напаѓачот е елиминиран и дека универзитетската зграда е евакуирана. Нападот се случил на универзитетот лоциран на плоштадот Јан Палах, во близина на стариот...

Повредени четири лица во руски напад врз Кијив, Зеленски денеска во Вашингтон

Володимир Зеленски
Четири лица се повредени од паднати остатоци откако украинската противвоздушна одбрана собори осум балистички ракети насочени кон Кијив во раните утрински часови, соопштија официјални лица по последниот руски напад врз украинскиот главен град, пренесе Гардијан. Четири лица добиле медицинска помош во областа Дарницки во југоисточниот дел на Кијив, изјави на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко. Службите за итни случаи испратени во...

САД изрази загриженост дека Иран може да ја снабди Русија со балистички ракети

Белата куќа изрази загриженост дека Иран може да ѝ обезбеди на Русија балистички ракети за употреба во нејзината војна против Украина – развој што би бил катастрофален за украинскиот народ, изјави портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Џон Кирби, а пренесува Гардијан. Кирби истакна дека Иран веќе ѝ обезбедува на Русија беспилотни летала, насочувачки воздушни бомби и артилериска муниција...

Студентите мета на фишинг напад – не кликајте на лажни мејлови и линкови за субвенциониран оброк!

Фишинг напад претставен како наводен линк од „Шпаркасе банка“ од утрово ги демне македонските студенти со ветување дека ќе добијат пари. Нападот кој се споделува преку мејл и како линк што води до лажна веб-страница на банката бара од студентите да ги внесат своите податоци за да се регистрираат за „членство на студентски оброк“. Покрај личните податоци и податоци за...

Најмногу руски напади врз Украина во изминативе 24 часа од почетокот на годината

Руските сили нападнале повеќе од 100 локации во Украина во изминативе 24 часа, што претставува најголем број на руски напади во еден ден од почетокот на годинава. Нападите резултирале со смртни случаи и повредени лица. „Во текот на денот непријателот гранатираше 118 населени места во 10 региони. Ова е најголемиот број погодени градови и села од почетокот на годината“, објави...

Двајца загинати во руски напад врз Херсон, повредено е едно дете

Две лица загинаа, а уште 14, меѓу кои и едно дете, се повредени во руското гранатирање на Херсон, потврди локалниот гувернер Олександр Прокудин, а пренесе Гардијан. Според Прокудин, Русија изминатово деноноќие извршила 101 напад, истрелувајќи 597 гранати. „Руската војска ги гаѓаше станбените населби во населените области во регионот; објект и постројка кои се дел од критичната инфраструктура во Берислав, како и...

Повелбата на ОН не ѝ дава право на Русија да ја нападне Украина

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не ѝ даваат право на Русија да ја нападне Украина или која било друга држава од земјите наведени во објавата, поради, како што се тврди, „обиди за заживување на нацизмот“. Членот 107 повеќе не е релевантен од причина што веќе не постојат непријателски земји и секоја држава која се сметала за непријателска...

Пет навивачи приведени на вчерашното кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ

Вчерашното кошаркарско дерби меѓу МЗТ-Скопје и Работнички во спортската сала „Кале“ во Скопје им создаде полни раце работа на полициските службеници. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека пет навивачи биле приведени, од кои еден бил малолетник што агресивно се однесувал кон полицајци и физички нападнал еден од нив додека полицаецот извршувал службени дејствија. Четири други лица се приведени поради...

Погодена е болница во Газа: Најмалку 500 мртви, Израел негира вмешаност

Најмалку 500 луѓе загинале во бомбашки напад врз болница во градот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство, a пренесоа светските агенции. Портпаролот на министерството во изјавата тврди: „Првите проценки покажуваат дека меѓу 200 и 300 луѓе биле убиени во бомбардирањето на Баптистичката болница во градот Газа“. Министерството подоцна ја ревидира бројката на најмалку 500 загинати лица. Оттаму известиле дека израелски воздушен напад...

Во нов руски напад загина десетгодишно момче, a 20 луѓе се повредени

Десетгодишно момче е убиено, а повеќе од 20 луѓе се ранети по руски ракетен напад врз станбен блок во центарот на Харков, соопштија украинските власти, а пренесе Гардијан. Нападот се случил во густо населеното централно подрачје на градот, во 6.46 часот утринава. Спасувачите го пронашле телото на момчето под урнатини. Два проектили „Искандер“ погодија станбена зграда, а овој чин...

Вучиќ најави докази за настаните во Бањска, Дачиќ призна дека згрешил кога рекол дека на видеото објавено од косовските власти се гледа снег

Спскиот претседател Александар Вучиќ денеска во видеобраќање на својот профил на Инстаграм изјави дека во рок од 24 часа на јавноста ќе ѝ бидат презентирани докази и изјави од очевидци кои биле на местото на вооружениот инцидент во селото Бањска во Косово минатиот викенд. Изминатите седум дена, пред колку што и беше извршен нападот на северот на Косово, како што...

Mанипулaција со изјавата на Рама – Бугарија нема да ја нападне Северна Македонија

Објавата со неодредениот текстуален дел и со фотографиите намерно манипулира со изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, со цел да се претстави некаква воена закана од Бугарија кон Северна Македонија. Рама не предвидел дека такво нешто ќе се случи, туку употребил иронична шега со цел да ја спореди интеграцијата кон ЕУ на Западен Балкан и на Украина која е...

Напад со дрон предизвикал штета во предградија на Москва

Русија собори најмалку три беспилотни летала лансирани од Украина во вторникот рано изутринава, а кои беа насочени кон главниот град на земјата, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува „Гардијан.“ Министерството соопштило дека системите за противвоздушна одбрана уништиле две беспилотни летала над регионите Калуга и Твер, кои се граничат со московскиот регион, како и еден поблиску до главниот град, над...

Москва и руски аеродроми повторно нападнати со дронови

Русија собори 3 борбени беспилотни летала во последниот обид за напад на Москва, а воздушниот сообраќај на московските аеродроми Внуково, Шереметјево и Домодедово е запрен втор ден по ред поради напади со беспилотни летала. Руската противвоздушна одбрана собори две беспилотни летала и електронски оневозможи друго над центарот на Москва, што е најнов напад на главниот град на Русија со...

Нападната екипа на ТВ Алсат, повреден снимателот – ЗНМ бара реакција од МВР

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи (МВР) да спроведе брза и ефикасна истрага за нападот што денеска се случил врз новинарска екипа на Телевизија Алсат. Како што соопштија од Здружението, за време на снимањето инсерти за промо на емисија во Старата скопска чаршија на јавна површина, сопственик на берберница во чаршијата ги нападнал снимателот...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...