fbpx
Таг: намалување

таг: намалување

Адвокатска комора ја намали адвокатската тарифа за нотарските договори за повеќе од 10.000 евра

Адвокатската комора на Република Македонија денеска соопшти дека донела одлука за намалување на адвокатската тарифа за нотарските договори со вредност поголема од 10.000 евра. „Во интерес на што поголемо растоварување на граѓаните, како и на стопанските субјекти, а како што беше најавено и при донесувањето на Законот за нотаријат, управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија донесе одлука за...

Роамингот во ЕУ се укинува, цените на разговорите и на интернетот драстично паѓаат

Владите и институциите на земјите членки на Европската Унија потпишаа договор за техничките услови за намалувањето на давачките за роаминг на телекомуникациските оператори. Станува збор за средства што државите ги плаќаат едни на други за користење на мобилни услуги. Реформите во цените би значеле граѓаните на Европа да зборуваат без да плаќаат роаминг, а се очекува новите правила да стапат...

ВМРО-ДПМНЕ: Долгот е намален во последниот квартал на 2016 година

„СДСМ секогаш кога манипулира, тоа го прави на штета на македонската економија и на граѓаните. Јавниот и државниот долг се намалени во последниот квартал на 2016 година“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека долгот е сè уште на критичното ниво над 50 проценти од домашниот бруто-производ. Во него се додава дека „СДСМ со своите лаги...

„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Турција поради политичките случувања и нападите

Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Турција на ниво „отпад“, поради политичките случувања. Тие, како што се вели во оценката, ги поткопуваат економските показатели и институционалната независност, јавуваат медиумите. Суверениот долг на Турција беше намален до „ББ плус“ со стабилна перспектива. Агенцијата исто така наведува дека масовните чистки во јавниот сектор, по обидот за пуч, ги...

Странските инвестиции во првите десет месеци во 2016 година биле 197 милиони евра

Во првите десет месеци од 2016 година, во Македонија влегле 197 милиони евра странски инвестиции, покажуваат податоците од Народната банка. Споредено со првите десет месеци во 2015 година, странските инвестиции бележат опаѓање за 8,3 милиони евра. Само во октомври лани, приливот на странски капитал во земјава изнесувал 14,5 милиони евра и споредено со октомври 2015 година, кога вкупните странски инвестиции изнесувале 50 милиони...

Се намалува водостојот на Охридско Езеро

Водостојот на Охридско Езеро деновиве постојано се намалува. Тоа е последица на неповолниот хидролошки период, но и на испуштањето на водата преку браната во Струга. Секоја година овој период се испушта водата од Охридското Езеро во реката Дрим. Со меѓудржавен договор со соседна Албанија, регулирано е како да се постапува и до која кота може водата да се испушти. Водата се користи...

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 4 на 3,75 проценти

Каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, Народна банка ја намали за 0,25 процентни поени, и таа сега изнесува 3,75 проценти. - Ваквата реакција на монетарната политика е одраз на видливото стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, кое во континуитет е присутно во последните шест месеци, и на значително повисоката структурна ликвидност на банкарскиот сектор. Сигналите за стабилизација...

Народна банка: Девизните резерви се намалија поради раздолжувањето

Намалувањето на девизните резерви во најголем дел е резултат на раздолжувањето на Македонија кон меѓународните кредитори и намалување на севкупниот долг на Македонија, нешто што веќе беше најавено и од Министерството за финансии, се вели во соопштението на Народна банка во врска со намалување на девизните резерви за 177 милиони евра во ноември во однос на претходниот месец. - Дополнително,...

Минимално намалување на трошоците за живот

Трошоците за живот во ноември се намалени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 0,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Намалувањето на трошоците за живот е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 17 проценти, оризот за 8 проценти, компирот за 1,2 отсто, месото за 0,6 отсто,...

Намален бројот на работници во индустријата во октомври во однос на лани

Бројот на работниците во индустријата во октомври во однос на истиот месец лани е намален за 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во првите десет месеци годинава во однос на истиот период лани бројот е зголемен за 0,3 отсто. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во октомври во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 3,2 проценти,...

Дождот привремено го намали загадувањето

Високото ниво на загаденост на амбиенталниот воздух во последните два дена е намалено како резултат на врнежите од дожд и на ветерот. Речиси сите мерни станици на Министерството за животна средина покажуваат многу ниско присуство на канцерогените ПМ10-честички и ПМ2,5-честички. Единствено мерната станица во Битола покажува средно ниво на загадување. Во скопски Центар синоќа, во 22 часот, беа измерени 300 микрограми...

Полска ја намали старосната граница за пензионирање

Полските пратеници гласаа за намалување на старосната граница за пензионирање и покрај прашањето како ќе се финансира новиот пензиски систем. Долниот дом денеска гласаше за тоа од октомври следната година, жените да можат да се пензионираат на 60 години, а мажите кога ќе наполнат 65 години. Според актуелниот систем, старосната граница за пензионирање требаше постепено да се зголемува и пензионирањето за...

По победата на Трамп, вредноста на доларот почна да се зголемува

Трговците со валути сметаат дека постојат 45 проценти шанси за вредноста на доларот спрема еврото да се зголеми на еден долар до крајот на идната година, пишува „Блумберг“. Пазарот денеска се потпира на ветувањето на новиот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ги намали даноците и дека ќе ја зајакне потрошувачката. Тоа би требало да го зголеми економскиот пораст, а тоа на крајот...

Продажбата на зелените пазари е намалена за 20 проценти

Откако големите супермаркети имаат мали зелени пазари, продажбата на градските зелени пазари е намалена за околу 20 проценти, беше денеска истакнато во Стопанска комора. Даниела Михајловска-Василевска од Стопанска комора истакна дека за да се зголеми продажбата, потребна е модернизација на пазарите преку инвестиции во изгледот и во условите за пазарење, како и со воведување нови содржини на пазарите заради задржување...

Манчевски: Данокот на добивка на ИТ-компаниите да се намали од 10 на 5 отсто

„Доколку данокот на добивка за ИТ-компаниите се намали од 10 на 5 отсто, ќе останат повеќе пари за компаниите. Овие пари ќе се вложат за да се отворат нови работни места, кои ќе бидат повисоко платени работни места за обучени млади луѓе. Тоа ќе биде нивната мотивација да останат во земјава“, изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на Скопски саем, каде...

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата е виновна за намалување на кредитниот рејтинг

СДСМ знае дека преку буџетот не се финансираат ниту панорамското тркало ниту „Рајската градина“, но лажењето е прв предмет кој го учат експертите од економската школа „Вице Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за задолжувањата на владата. Во него исто така се додава дека „со деструкцијата и манипулациите СДСМ се обидува да им нанесе штета...

СДСМ: Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг поради задолжувањата и корупцијата

Намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на агенцијата „Фич“ е поради темпото на задолжување во изминатите осум години и поради огромните корупциски скандали, реагираат од СДСМ. Од опозициската партија велат дека, Македонија веќе нема простор за нови задолжувања. - Колку за споредба, кредитната агенција „Стандард & Пурс“ веќе двапати во изминатите осум години го намали кредитниот рејтинг на Македонија, во услови кога...

Кредитниот рејтинг на Македонија е намален од ББ+ на ББ

Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+ на ББ, објави „Ројтерс“. Намалувањето на кредитниот рејтинг, како што пишува „Ројтерс“ се должи на објавувањето на големи обвинувања за корупција, што според агенцијата „Фич“, „се потврда за недостатоците во стандардите на добро владеење“. Понатаму, како причина за намалувањето на кредитниот рејтинг се наведуваат и неуспехот на Договорот од Пржино од минатата година...

СДСМ: РКЕ требаше да ја намали цената на парното за 30 отсто уште во декември лани

Регуларторната комисија за енергетика (РКЕ), чијшто прв човек е од редовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, одлучи да продолжи да ги штити интересите на компаниите блиски до фамилијата на власт, се вели во реакцијата на СДСМ, за одлуката на РКЕ за намалување на цените на парното греење од 1 август. Од опозациската партија велат дека РКЕ неосновано одбила...

Парното греење во Скопје поевтинува за 11 отсто од 1 август

Парното греење за жителите на Скопје приклучени на системот на „Балкан енерџи груп“, од 1 август поевтинува за речиси 11 отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Димитар Петров. Поголемо намалување на цената за парно греење има за училиштата и за градинките во Скопје. - Крајните цени за сите потрошувачи што се снабдуваат со топлинска енергија од операторите „Балкан...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...