fbpx
Таг: намалување

таг: намалување

Лани 11 радиодифузери помалку емитувале радио и телевизиска програма во земјава

За само една година бројот на радиодифузери што емитувале радио и телевизиска програма во земјава се намалил за 11 правни субјекти. Од вкупно 118 радиодифузери во 2018 година, лани во Македонија со радиодифузна дејност се занимавале 107 правни субјекти. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), 62 радиодифузери емитувале радиопрограма, додека 43 од нив емитувале телевизиска програма. Заедно со...

Корона вирусот во април ја турна македонската индустрија во негатива

Продолжуваат негативните резултати во економија, како последица на корона кризата. Од месец во месец, статистиката евидентира сè поголем пад на производството во индустријата и на бројот на вработените во неа. Додека во март годинава падот на индустриското производство изнесуваше 13,4 отсто, во споредба со истиот месец лани, веќе во април производството во индустријата падна за рекордни 33,5 отсто во...

Петта година по ред се намалува бројот на родени деца, мајките раѓаат сè подоцна во животот

Во Македонија лани се родиле најмал број на живородени деца за периодот од 1994 до 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со 19.845 живородени деца, во 2019 година било забележано намалување за 7 отсто кај бројот на живородени деца во однос на претходната година. Ваквите загрижувачки бројки за наталитетот во земјава се повторуваат веќе петта година...

Индустриското производство во март се намалило за 13,4 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2020 година опаднал за 13,4 отсто во однос на март 2019 година. Индексот на индустриското производство во првиот квартал од годинава е намален за 3,7 отсто во споредба со периодот јануари - март 2019 година. Гледано по сектори, најголем пад на индустриското производство во текот на март...

Владата одлучи полицискиот час преку недела да почнува од 19, а за викенд од 15 часот

Владата на својот фејсбук-профил информираше дека почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето. „Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05 часот наутро до 19 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро. За лицата над 67 годишна...

Од четврток јавен превоз во Скопје ќе има само од 5 до 9 и од 13 до 16 часот во работните денови

ЈСП - Скопје ги информира граѓаните дека од четврток, 9 април, јавниот превоз ќе функционира само во периодот од 5 до 9 часот наутро и од 13 до 16 часот во попладне во работните денови. Во останатите периоди од денот нема да сообраќаат автобусите на градските и приградските линии, а јавен превоз нема да има ниту во периодот од...

Корона вирусот го преполови бројот на патници во скопскиот јавен превоз

Епидемијата на корона вирусот во земјава предизвика значајно намалување на бројот на патници во скопскиот јавен превоз. Деталните пресметки за изминатиов месец допрва ќе се прават, но првичните извештаи велат дека двојно е намален бројот на граѓани што ги користат градските автобуси во Скопје, покажуваат податоците на ЈСП - Скопје. - Генерално, бројот е намален двојно, па дури и повеќе....

СОНК не се согласува со предлогот на Заев, да се намалат платите во јавната администрација

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) информира дека не се согласува со предлогот на лидерот на СДСМ, вработените во јавниот сектор и јавна администрација на државно и локално ниво да земат минимална нето-плата од 14.500 денари за месеците април и мај.   „Предлогот за намалување на платите во јавниот сектор за повеќе од 50 проценти, во нашето членство предизвика...

Корона вирусот го намали меѓуопштинскиот превоз на патници за 60 – 70 отсто

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на вчерашната прес-конференција соопшти дека меѓуопштинскиот превоз на патници е редуциран од 60 до 70 отсто на целата територија на земјава. Меѓународните линии се целосно прекинати врз основа на препораките на Владата, а контролата ја врши Државниот инспекторат за транспорт, се наведува во соопштението на владата. Како резултат на драстично намалениот број на патници...

На вонредна седница, Народна банка ја намали основната каматна стапка на 1,75 проценти

Денеска се одржа вонредна електронска седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на која беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на нивото од 1,75 проценти, информираат од таму. „Ова е второ намалување на каматната стапка оваа година, по намалувањето во јануари кога во услови на високи девизни резерви и ниски...

Моторџиите од 10 февруари ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина

Јавното претпријатие за државни патишта од 10 февруари ќе започне со ефективна примена на новите цени за патарина за моторџиите. Мотоциклите со две тркала лани беа вклучени во посебна категорија на возила - категорија 1 А, со што тие ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина во споредба со автомобилите. Надоместокот за употреба на пат за мотоциклите ќе...

Рок до 15 јануари за регистрирање и бришење на обврзниците за ДДВ

Од 1 јануари стапи на сила нов праг за ДДВ обврзници во износ од 2 милиони денари, и заклучно со 15 јануари сите правни или физички лица кои во 2019 година имале промет под 2 милиони денари, а се регистрирани како ДДВ обврзници, имаат можност да се дерегистрираат од Регистарот на ДДВ обврзници, додека оние кои во 2019 година...

Возилата што помалку загадуваат ќе се увезуваат со помал данок

Прв пат се воведува данок на возила со еколошка компонента. Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог - законот за данок на моторни возила е во собраниска процедура, а ќе важи од почетокот на 2020 година, објаснија министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски пред претставниците на невладините организации,...

Два јавно-приватни хеликоптера ќе пружаат брза помош, Владата ги намалува сообраќајните казни

Владата на вчерашната седница донела одлука да се склучи јавно-приватно партнерство со кое два хеликоптера од приватна фирма ќе пружаат брза помош на граѓаните и ќе вршат спасувачки операции. Како што соопштија од Владата, Хеликоптерскиот итен медицински систем (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР) ќе ги води САРХЕМС ДООЕЛ Скопје, која била избрана по јавен повик. „Најдоцна...

Цената на приклучокот за струја се намалува од 500 на 370 евра

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го одобри новиот ценовник за стандардни приклучоци и новиот трошковник на ЕВН за електрична енергија со кој за 26 отсто се намалува цената за стандарден приклучок. -Со новиот ценовник за стандадни приклучоци, цената ќе изнесува 370 евра што е намалување од 26 проценти - рече претседaтелот на РКЕ, Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека...

Бензините поевтинуваат за половина до еден денар

Цените на бензините од вечерва на полноќ се намалуваат од половина до еден денар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар се намалува цената на „еуросупер БС-98“, дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на „еуросупер БС-95“. Така, новата цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 70 денари за литар, на дизелот 62 денари за...

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за три денари, додека цената на дизелот се намалува за 2,50 денари, одлучи Регулаторна комисија за енергетика. Новата цена на „еуросупер БС-95 е 66,50 денари, додека „еуросупер БС-98“ ќе се продава 69 денари за литар, дизелот ќе чини 60 денари за литар. Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во...

Цената на горивата се намалува од ноќеска на полноќ

Mалопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува од еден до денар и половина, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика. За еден денар се намалува цената на „еуросупер БС 98“, додека за денар и половина поевтинуваат „еуросупер БС 95“, еуродизелот и екстра-лесното масло за домаќинство. Новата цена на „еуросупер БС 95“ ќе изнесува 69,50 денари за литар, „еуросупер...

Манчевски – Папас: Поевтин роаминг со Грција пред туристичката сезона

Цените на роамингот помеѓу нашата држава и Грција треба да се намалат во следните два месеци, односно пред почетокот на туристичката сезона, беше истакнато денеска на потпишувањето на Меморандумот за разбирање и намалување на цените на роамингот помеѓу министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и неговиот грчки колега Никос Папас. - Регулаторните тела на двете држави треба да...

Општина Струмица поднесе барање до Владата за намалување на стапката на ДДВ за гасот

Општина Струмица доставила барање до Владата за намалување на стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) за гасот од 18 на пет проценти. Според градоначалникот Коста Јаневски, решението на проблемот со загадениот воздух, во кое во најголем дел учествува затоплувањето на домовите е преку гасификација, како и проширување на гасоводната мрежа. За таа цел Јавното претпријатие „Срумица гас“ аплицирало до...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...