fbpx
Таг: намалување

таг: намалување

Осигурителните компании лани продале полиси за 5 отсто помалку споредено со 2019 година

Агенција за супервизија
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) евидентирала дека минатата година граѓани, компании и институции купиле осигурителни полиси за животно и за неживотно осигурување во вкупна вредност од 10,06 милијарди денари (163,7 милиони евра). Тоа е помалку за 270,6 милиони денари (4,4 милиони евра) или за 5 отсто во однос на 2019 година, кога сите осигурителни друштва инкасираа 10,58 милијарди...

Смртноста од ковид-19 во светот е намалена за 20 отсто и има тенденција на намалување, велат од СЗО

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот од 15 до 21 февруари смртноста во светот од ковид-19 е намалена за 20 отсто во однос на неделата претходно. Смртноста од ковид-19 има тенеденција на намалување веќе шест недели. Падот на зачестеноста од заразување со коронавирусот е посебно видлив во земјите од Северна и Јужна Америка (19 проценти), западниот Пацифик (девет...

Корона кризата го „стопи“ извозот на земјава лани за 7,7 отсто во споредба со 2019

Корона кризата лани предизвикала намалување на извозот на стоки од земјава, но и на увозот на стоки во Македонија од 7,7 отсто. Иако состојбата е драстично подобрена во споредба со првите шест месеци од ковид-19 пандемијата, кога извозот бележеше пад од дури 24 отсто во споредба со јануари-јули 2019 година, сепак бројките на крајот на 2020 година не се поволни. Вкупната...

МВР: Во јануари за 56 отсто намален бројот на загинати лица во сообраќајки

Засилените контроли и акции на Министерството за внатрешни работи за подобрување на безбедноста во сообраќајот, а пред сѐ, со цел за намалување на бројот на сообраќајни незгоди, покажуваат резултати. „Граѓаните се подисциплинирани во почитувањето на сообраќајните правила и прописи, што резултира со намалување на бројот на сообраќајните незгоди, особено оние со потешки последици. Во јануари 2021 имаме намалување на жртвите...

Цената на горивата останува иста и нареднава недела

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси информира дека малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,13 отсто. Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и малопродажната цена на дизелот, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени...

Во четвртиот квартал на 2020 година има благо намалување на јавниот и државниот долг

Министерство за финансии информира дека има благо намалување на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал од 2020 година. „На крајот од 2020 година државниот долг изнесува 51 проценти, што е за 0,5 процентни поени пониско во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг изнесува 59,9 проценти и е за 0,8 процентни поени понизок во однос на претходното тримесечје....

ДЗС: Минатата година индустриското производство опаднало за 9,5 отсто

За една година индустриското производство во земјава се намалило за 9,5 отсто, покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), според кои индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 90,5. Неговиот индекс пак во декември 2020 година, во споредба со истиот месец од 2019...

ДЗС: Од јануари до ноември 2020 остварен е трговски дефицит од 1,7 милијарди долари

Трговскиот дефицит во размената со странство во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 1.774.394 илјади долари, објави Државниот завод за статистика. При тоа, вкупната вредност на извозот на стоки од РСМ во тој период изнесува 5.970.157 илјади долари и бележи пад од 9,9 отсто, во однос на истиот период од 2019 година. Вредноста на увeзената стока, пак, изнесува...

Пад на индустриското производство во октомври од 5,2 отсто, бројот на вработените помал за 4,9 отсто

Индексот на индустриското производство во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 94,8 односно тоа е намалено за 5,2 отсто, соопшти данеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Како резултат на кризата што ја предизвика ковид-19 во нашата земја, за првите десет месеци од годинава се бележи и пад кај индексот на индустриското производство, во однос на...

Ковид-19 ги намали за над 4,3 милиони евра приходите од патарина во третиот квартал

Пандемијата на ковид-19 негативно влијае врз приходите од патарина што ги остварува Јавното претпријатие за државни патишта. Во периодот јули-септември 2020 година од наплатата на патарина во земјава бил остварен вкупен промет од 9.790.479 евра, информираат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. Во идентичниот квартал минатата година, од патарините по сите основи биле инкасирани над 14,1 милиони евра,...

Владата ќе ја разгледа препораката на ЕЕЗ за намалување на ДДВ-то на струјата

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД, Франсис Фенон рече дека намалувањето на ДДВ-то на цената на струјата од 18 на пет проценти Владата ќе го разгледа, за да се види каков ќе биде импактот врз економијата. „Сè што е добро за граѓаните е прифатливо. Но треба да пресметаме што тоа...

МРТ лани имала 232 новинари или 29 отсто од вкупниот број вработени во јавниот сервис

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот на минатата година имала вкупно 814 вработени лица, од кои 768 во редовен работен однос, додека 46 биле хонорарно ангажирани. Од вкупниот број на вработени во јавниот сервис, 232 биле новинари, додека дури 80 биле уредници на радио и телевизиските програми. Новинарите учествувале со 29 отсто во вкупниот број на вработени во МРТ, се...

„Вистиномер“: Намалените глоби во Законот за заштита на укажувачи и борбата со корупцијата немаат ништо заедничко

Пред неколку дена вицепремиерот во Владата на РСМ задолжен за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски,во рамките на преставување на неговите должности и планови, го изјави и следново тврдење, во чии делови може да се препознае недоследност, пишува „Вистиномер“: Свесни сме дека целиот процес ниту може, ниту некаде во било која држава започнал и завршил...

ИЈЗ: Од 7 до 13 септември 705 нови случаи на ковид-19, за 10,8 отсто помалку од претходната недела

Во периодот од 7 до 13 септември вкупно се направени 8.353 тестирања на ковид-19, за 14,2 отсто помалку во споредба со една недела претходно, а се регистрирани  вкупно 705 нови позитивни случаи во 33 града во државата. Тоа е намалување од 10,8 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (28,7 отсто), а...

Владата предложи измена и дополнување на Законот за судски такси со што таа ќе се намали за седум пати

Во рамки на својата трета седница Владата одлучи да ја предложи измената и дополнувањето на Законот за судски такси, со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати. „Досегашната максимална висина на таксата за физички лица беше 48.000 денари, а со предложените измени, висината на таксата за физички лица се  ограничува најмногу до 6.000 денари. Намалувањето...

Бензините од ноќеска поевтинуваат за половина денар, дизелот за еден и пол денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 отсто, во однос на Одлуката донесена на 31 август годинава. Според денешната одлука на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари за литар...

Бројот на библиотеки во земјава со години ист, членството за три години опаднало за речиси 50.000

Во Македонија лани имало вкупно 175 библиотеки со вкупно 82.928 зачленети лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на библиотеки во земјава со години е ист, а единствено се менува видот на библиотеките низ периодот, и тоа од специјализирани во друг вид библиотеки и обратно. Во споредба со 2016 година, лани се намалил бројот на специјализирани библиотеки...

Во првите шест месеци пад на извозот од 24 отсто, на увозот од 20 отсто

Последиците од корона кризата, очекувано, се одразија негативно и врз трговската размена меѓу нашата земја и странство. Државниот завод за статистика (ДЗС) ги обелодени денеска минусните резултати за првите шест месеци од годинава. Според нив, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари ‒ јуни 2020 година, изнесува 2.705.623 илјади долари и бележи пад...

Поради ковид-19, јавниот превоз до мај изгубил 11,6 милиони патници и околу 4,5 милиони евра (инфографик)

Пандемијата на корона вирусот има големо негативно влијание врз функционирањето на скопскиот јавен превоз и на ЈСП-Скопје. Долгите полициски часови, затворените школи и факултети, работењето од дома на вработени во голем број компани, ограничениот капацитет за превоз на патници во автобусите и стравот на граѓаните да користат јавен превоз за период од околу три месеци предизвикаа загуби на ЈСП-Скопје...

Милорад Милојевиќ, Радио Слободна Европа: Новинарите во БиХ веќе остануваат без работа поради пандемијата

Епидемијата на ковид-19 во повеќе аспекти влијаеше на новинарите, кои претставуваа врска помеѓу здравството и јавноста во текот на кризата. Јавноста будно следеше сè што има врска со пандемијата, не обрнувајќи внимание на оние кои тие информации секојдневно им ги пренесуваат. Истовремено, новинарите на своите работни задачи честопати беа изложени на епидемијата и беа без соодветна заштита. Оваа професија...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...