!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Хуманитарен базар на ракотворби изработени од бегалци во Сули-ан


Скопје, 19 јуни, 2017 - 10:09 (META) 

По повод Светскиот ден на бегалците, 19 јуни, денеска во 18 часот, во дворот на Сули-ан во Старата скопска чаршија, ќе се одржи хуманитарен базар на повеќе од 100 ракотворби (накит, цртежи и слики) изработени од бегалци, под мотото „Создади надеж“.

Во февруари и во март оваа година се одржаа 15 работилници за терапија со уметност со 139 учесници, бегалци и мигранти, за да им се помогне во справувањето со траумите што ги преживеале во текот на нивното патување кон подобар живот и во подобрувањето на нивната емоционална, духовна, когнитивна и физичка благосостојба.

„Овие работилници ми беа безбедно место за дружење. Но, ми беа и повеќе од тоа, тие ми помогнаа да ги изразам своите чувства преку моите уметнички дела и ми ја дадоа потребната самодоверба да извршувам и други активности. Исто така, ми помогнаа да ги развијам вештините што ми се потребни за да станам вистински уметник“, изјави 17-годишно момче кое четири месеци престојува во Транзитен центер – Табановце, а учествуваше на работилниците.

Работилниците за терапија со уметност се организираа во рамки на проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и на мигрантите, спроведуван од Македонското здружение на млади правници во соработка со „Отворена порта – Ла Страда“.

Собраните средства ќе бидат искористени за потребите на бегалците и на мигрантите што транзитираат или престојуваат во Македонија.


Четири лица уапсени за кражбата на накит во Монте Карло


Монте Карло, 26 март, 2017 - 17:27 (META) 

Француската полиција уапси четворица мажи поради сомневање дека ја ограбиле продавницата за накит „Картие“ во Монте Карло, а вратен е и поголем дел од украдениот накит.

Грабежот се случил вчера, сред бел ден, а веднаш по инцидентот, полицијата ги блокираше улиците и набргу уапси еден од осомничените кај кого пронашла дел од украдениот накит.
Крадците по грабежот подметнале пожар во тунелот кој се користи за трките на Формула 1, за да ѝ го одвлечат вниманието на полицијата.

Познатата продавница за накит „Картие“ беше еднаш ограбена во мај 2015 година, неколку дена пред почетокот на филмскиот фестивал во Кан.


Кражби во Тетово, украдени накит и пари


Тетово, 16 декември, 2016 - 12:28 (META) 

Разновиден златен накит, нараквици, прстени и друго, украдени се вчера во куќа на 63-годишен жител од тетовско Жеровјане. Засега непознати сторители ја скршиле бравата, влегле во куќата, целосно ги пребарале сите простории и од регал во една од спалните на вториот кат од куќата, поточно од украсно куферче, освен златен накит, одзеле женски часовник, бижутерија, 200 швајцарски франци. Со одземеното, незабележани од никого, ја напуштиле куќата, противправно стекнувајќи имотна корист која се проценува на 180.000 денари.

Засега непознати сторители извршиле кражба и во станот на 31-годишниот тетовец Н.Ј, лоциран на улица 180 во Тетово. Откако целосно ја пребарале внатрешноста на станот, од комода во спалната соба одзеле околу 300 евра, а од дневната соба телевизор и лаптоп, по што незабележани се оддалечиле од станот. Извршен е комплетен увид и се преземаат мерки и активности за расчистување на кражбата.


Кичевец украл евра, долари и злато од возило со американски ознаки


Кичево, 12 септември, 2016 - 15:29 (META) 

Кичевецот Е.М. (20) ограбил џип со американски регистарски таблички, од кој одзел 9.450 евра и 4.720 американски долари, поголем број златни синџири и друг златен накит, како и четири патни исправи.

Поради постоење основан сомнеж дека извршил кражба, полициската станица од Кичево му поднесе кривична пријава.

Пријавениот, на 28 јули годинава, од возилото одзел кожена женска чанта, со што стекнал противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари.

Кражбата се случила во ноќните часови на паркиралиште на улицата Маршал Тито во Кичево, во близина на угостителски објект.

Џипот „чироки“ бил оставен незаклучен, од сопственикот, жител од селото Колибари.

Во моментот на претресот, кај Е.М. пронајдени се 4.100 американски долари, а при извршениот претрес во неговиот дом пронајдени се и другите пари и златни предмети.

Дополнително, пронајдени се и патните исправи што пријавениот ги сокрил во близина на куќа на улицата Маршал Тито.


На хуманитарната изложба собрани околу 3.000 евра за поплавените граѓани


Скопје, 10 август, 2016 - 10:31 (META) 

Уметниците и дизајнерите собраа 178.425 денари (2.925 евра) на хуманитарната изложба која синоќа се одржа во кафулето „Концепт 37“, објавија организаторите на акцијата на нивниот профил на „Фејсбук“.

На изложбата се продаваа слики, фотографии, книги, цртежи, накит, модни креации, а продажбата продолжува и денеска.

Средствата ќе бидат наменети за поплавените граѓани.

 


Пиштол и накит украдени од куќа во Прилеп


Прилеп, 31 јули, 2016 - 12:58 (META) 

Непознат сторител синоќа, во периодот од 20.10 часот до 22.20 часот, ограбил куќа на прилепската улица Илија Компаниовски, сопственост на Б.Ј.

Крадецот влегол насилно во куќата и одзел разновиден златен накит и пиштол со калибар 7,65 милиметри.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициската станица во Прилеп и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


Од автомобил во Кичевско украдени пари, накит и пасоши


Кичево, 30 јули, 2016 - 14:02 (META) 

Непознато лице украло 9.450 евра, 4.720 долари, накит, американски и македонски пасоши од џип „чироки“ со американски таблички во кичевското селото Колибари.

Оштетениот, 34-годишниот А.Б. од село Колибари, вчера во 2 часот по полноќ телефонски пријавил во полициската станица во Кичево дека во четвртокот, околу 21.30 часот, му е ограбено возилото од кое е земена женска чанта во која имало 9.450 евра, 4.720 американски долари, накит, три патни исправи издадени од САД на име на пријавувачот, неговата сопруга и на нивниот син и две патни исправи издадени од Република Македонија на име на пријавувачот и на неговата сопруга.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.


Украдени околу 22.000 евра и накит од стан во Скопје


Скопје, 30 јули, 2016 - 13:55 (META) 

Непознат сторител вчера ограбил стан во Скопје, на улицата Борка Талевски, сопственост на 71-годишниот К.Е..

Како што соопшти МВР, крадецот во периодот од 11.15 до 12.45 часот, со подобен клуч ја отворил влезната врата, а по извршеното пребарување на станот одзел 14.500 евра, женска чанта во која имало пари (евра и денари) во вкупна вредност од околу 420.000 денари и накит.

Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот и на целосно расчистување на случајот.


Накит вреден 5.000 евра украден од стан во Скопје


Скопје, 3 јули, 2016 - 13:08 (META) 

Непознат сторител се прекачил преку балконска ограда и влегол низ прозорецот во стан во сопственост на Д.Ц. (67) на улица Воденска во Скопје, при што пронашол и одзел златен накит.

Веднаш потоа го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

Полицијата работи на расчистување на случајот.


Од стан во Козле украдени 16.000 евра и злато


Скопје, 2 мај, 2016 - 13:32 (META) 

Вчера во 19 часот Р.Р. пријавила дека на улица Јуриј Гагарин од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба.

Крадецот преку балконската врата влегол во станот и одзел мал сеф во кој имало 16.000 евра и златен накит, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.