fbpx
Таг: награди

таг: награди

Во Валандово започна пилот-проект за селекција на отпадот од граѓаните

Општина Валандово го започна пилот-проектот за селекција на отпадот на нејзина територија, за што е создадена општествено одговорна апликација „Селектирај отпад“. „Селектирај отпад“ е прва апликација во нашиот регион која има за цел да го промени начинот на собирање на отпад, а воедно и нуди можност за личен паричен бенефит за граѓаните од своето учество“, информираат од локалната самоуправа во...

Отворен Самитот за женско претприемништво и доделени првите награди

Денеска во Скопје почна дводневниот прв Самит за женско претприемништво „Нови перспективи за женско претприемништво“, што се одржува во хотелот „Александар Палас“. На настанот беа доделени и првите награди, во категоријата на мали и средни претпријатија, а нив ги добија: СЕМОС едукација и директорката и сопственик Валентина Тасева и Ана Христовска од компанијата за градежништво Линди Гроуп. Наградите ги доделија...

Утре започнува првиот годишен Самит на Националната платформа за женско претприемништво

Националната платформа за женско претприемништво на 18 и 19 ноември во хотелот „Александар Палас“ ќе го одржи првиот годишен Самит на тема „Нови перспективи за женско претприемништво“. На самитот за прв пат ќе бидат доделени и награди за најуспешни жени претприемачки, кои ги доделува Министерството за економија како институционален покровител на настанот. Исто така, Националната платформа ќе додели и две награди...

„Другата страна на реката“ на Антониа Килијан-најдобар филм на „Киненова“

На филмскиот фестивал „Киненова“, Стефан Арсенијевиќ за филмот „Страхиња Бановиќ“ ја доби наградата за најдобар режисер, Давид Боневил и Диего Роша за најдобро сценарио за филмот „Последното капење“, специјална награда од жирито ѝ беше доделена на Ивона Синежинска за „Аматери“, а нововостановената награда „Упа“ за најдобро актерско остварување и припадна на Мелика Форотуан од филмот „Пари“. „Другата страна на реката“...

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри филмови избрани на „Џифони Македонија“

Рускиот филм „На работ“ (On the edge) во режија на Едуард Бордуков е најдобар филм според жирито на сениорите на 9. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Продуцентот на филмот Михаил Дегтиар беше гостин на фестивалот и синоќа на затворањето во Кинотеката се заблагодари за признанието што му го дадоа младите од Македонија на овој филм. Станува збор за еден...

УКИМ ги додели наградите на најдобрите дипломирани студенти

Денеска пред платото на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беа доделени пофалниците и пригодните награди за најдобрите дипломирани студенти за академските 2018/2019 и 2019/2020 година. Наградата – златник со ликот на светите Кирил и Методиј, за учебната 2018/2019 година ја примиле вкупно 23 студенти, додека за учебната 2019/2020 година биле наградени вкупно 26 студенти. Покрај тоа, на...

Андреј, Илин и Алекс се победници на петтиот скејтбординг натпревар што викендов се одржа во Скопје

Петтото издание на скејтбординг натпреварот „One More Try Skopje Vol.5“ викендов се одржа на повеќе локации во Скопје и на него се прикажаа одличните вештини кои ги владеат скејтбордерите од земјава. Од целиот настан како севкупни победници по скејтбординг се издвоија: Андреј Костоски, кој го освои првото место, Илин Колевски го освои второто место, додека Алекс Андевски беше треторангиран,...

Доделени ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2020 година

„Наградите од Европската Унија за истражувачко новинарство“ за најдобри остварувања во 2020 година во Македонија беа доделени во средата во хотелот Александар Палас во Скопје. Заменик-амбасадорот на Европската делегација во Скопје, Џулијан Васало истакна дека истражувачкото новинарство е од голема важност, бидејќи придонесува во заштита на јавниот интерес и бара отчетност од оние кои се на власт. Тој додаде дека „храбри...

Македонската апликација Challenger воведе награди за секој изминат километар на велосипед

Велосипедистите од вчерашниот ден добија нова поволност за редовното користење на ова превозно средство. Македонската мобилна апликација Challenger лансираше нова функционалност, со којашто се наградуваат корисниците коишто активно возат велосипед. За секој поминат зелен километар корисниците добиваат поени, кои потоа може да се заменат за попусти во локални бизниси. Исто така, со исполнување на зададени предизвици се добиваат и директни...

„Доза среќа“ со златен медал и специјална награда на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инжерество

Македонскиот тим од Здружението Дневен центар „Доза среќа“ на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) на крајот од јуни освоија златна медала и специјална награда за нивниот проект „Influence of active components of solutions of herbal plants from certain ecological sites and their application in the treatment of certain infectious diseases“, којшто добри одлични оценки од...

Косовскиот филм „Улиште“ на Блерта Башоли победник на годинешниов „Синедејс“

Филмот „Улиште“ на косовската режисерка Блерта Башоли е победник на 20-тото издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Тој ја освои наградата - победник во Официјалната селекција. Овој филм ја раскажува приказната на жена чиј маж исчезнал во косовската војна, додека таа се обидува да основа мал бизнис за да обезбеди егзистенција на своите деца, борејќи се истовремено со патријархалното...

МОН: Дамјан Давков ќе биде награден за високите постигнувања на меѓународните натпревари по математика

Министерството за образование и наука ќе му додели две парични награди на ученикот Дамјан Давков од Штип по основ на освоени високи места на меѓународни математички натпревари, односно за освоениот сребрен медал на Јуниорска балканска математичка олимпијада и за освоениот бронзен медал на Балканската математичка олимпијада. Двата натпревари се одржани во 2020 година. „Откако на јавниот повик на МОН за...

Најдобрите матуранти од Скопје добија награди и признанија за постигнатите резултати

Матурантите - првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта вчеравечер добија специјални признанија и парични награди од скопскиот градоначалник Петре Шилегов. На традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ што се одржа на Школката во Градскиот парк, и годинава беше награден успехот на учениците од средните стручни училишта кои се опфатени со тригодишното образование, а признание беше доделено...

„Атлантида“ и „Тишината на реката“ добитници на „Златен був“ на 11. Филозофски филмски фестивал

Вчеравечер во Кинотеката на С. Македонија со прогласување на добитниците на „Златен був“ заврши 11. Филозофски филмски фестивал. Во официјалната селекција на долгометражни филмови, стручното жири за добитник на „Златен був“ го прогласи „Атлантида“ на украинскиот режисер Валентин Васјанович. Годинава, стручното жири додели и специјално признание во категоријата долгометражни филмови на филмот „Вдиши-издиши“ на грузискиот режисер Дито Ѕинѕадзе, кој ги...

„Hades“ убедлив победник на годинешните БАФТА награди за видео игри

Hades
Вчера беа доделени годинешните награди за видео игри од страна на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА). Годишната прослава и оддавањето признание на најдобрите видео игри е еден од најпрестижните настани во гејминг индустријата. Доделувањето на наградите, поради здравствената криза, по втор пат беше емитувано онлајн. За најдобра игра на годинешните БАФТА награди беше избрана играта „Hades“ на...

ЗНМ ги додели годишните новинарски награди

По повод 75-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело денеска му беше доделена на долгогодишниот новинар Александар Чомовски, кој во моментов е дел од Утрински Брифинг. „Тој со својата професионална работа во изминатите пет децении се вбројува како дел од врвните новинарски и уреднички имиња во македонските медиуми, со промоција...

По 37 години жена освои Златен глобус, а постхумна награда доби Чедвик Боузман

На овогодинешното доделување награди на Златен глобус, наградата за најдобра драма му припадна на филмот „Nomadland“, а триесет и осум годишната режисерка на филмот, Клое Жао беше прогласена за најдобра режисерка. Жао која е родена во Кина, а сега живее во САД е втора жена победничка во оваа категорија во историјата на Златните глобуси, по Барбара Стрејсенд, која оваа...

По реакцијата на ЗНМ, Општина Аеродром го повлекува конкурсот за новинари

Општина Аеродром донесе одлука да го повлече неодамнешниот конкурс на кој се повикуваа активни новинари и медиумски куќи да конкурираат со истражувачки стории на теми поврзани со европски вредности и нивна промоција на локално ниво. Одлуката за повлекување на повикот е донесена по денешната средба на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, со претседателот на Здружението на новинари на...

ЗНМ: Општина Аеродром да го повлече конкурсот за награди за новинари и медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја повикува општина Аеродром да го повлече јавниот повик за новинарски натпревар, со кој општината на наградените новинари/медиуми ќе додели три награди во вкупна вредност од 180.000 денари. Оваа реакција на здружението е со цел да не се влијае на објективното новинарство и дополнително да поттикне несакани механизми за нарушување на кревкиот медиумски...

Пендаровски за прв пат го додели признанието „Успешни млади“ на 8 добитници

Претседателот Стево Пендаровски денеска за прв пат го додели признанието „Успешни млади“ на 8 добитници, во рамки на проектот инициран за поттикнување на научната, истражувачката и креативна работа на младите луѓе од земјава. Во своето обраќање тој изрази уверување дека преку оваа иницијатива ќе се придонесе кон вреднување на трудот и знаењето на младите, зголемувајќи ја мотивацијата за нови достигнувања...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...