fbpx
Таг: награди

таг: награди

Оскари 2024: „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан со најмногу награди

Биографскиот филм „Опенхајмер“ (Oppenheimer) на режисерот Кристофер Нолан триумфираше на овогодишните Оскари со вкупно седум награди, меѓу нив и за најдобар филм, најдобар актер и најдобар режисер. Драмата која ја раскажува приказната за „таткото на атомската бомба“, минатата година ја изгуби битката за заработка со „Барби“ (Barbie) за време на летното „Барбенхајмер“ соочување, но сега ја освои борбата со награди,...

ЗНМ одбележа 78 години постоење со доделување на годишните новинарски награди

Здружението на новинарите на Македонија ги додели годишните награди „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење. Истовремено беа доделени и четири признанија за посебен придонес во промоција на професионалното истражувачко новинарство. Комисијата за награди во состав Жана Божиновска, Ристо Тасев и Ведат Мемедалија, наградата...

Доделени наградите за новинарски стории на тема „Справување со загадувањето на воздухот“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги додели наградите за 2023 година за новинарски стории на тема: „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“. Првата наградата е доделена на новинарката Катерина Топалова Дејановска за сторијата со наслов „Тешка зима“, објавено на „Дома.еду.мк“. Се работи за новинарски продукт...

„Следоред“, „Мечката“ и „Кавга“ со најмногу Еми награди

Сериите „Succession“ (Следоред), „Beef“ (Кавга) и „The Bear“ (Мечката) се големите победници на Еми наградите што вчеравечер се одржаа во Лос Анџелес, САД. Сара Снук, Киеран Калкин и Метју Мекфадиен ги добија актерските награди за своите улоги во „Следоред“, додека серијата ја освои и наградата за најдобра драмска серија. Елтон Џон ја освои својата прва Еми наградата, со што го доби...

Во општините Центар, Аеродром и Карпош најлесно се вози велосипед

Општина Центар ја понесе титулата за Највело општина во Скопје и околината за 2023, признание кое за првпат годинава го воведуваат Здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи заедно со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје - НаТочак. Бодувањето на општините се извршило врз база на критериум (методологија) развиен во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските...

Претставите „My Name is Medeja“ и „Чудна случка со кучето во ноќта“ доминираа на „Војдан Чернодрински“

Претставата „My Name is Medeja“ во изведба на Народниот театар од Битола ја доби наградата за уметничко остварување во целина на 57-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Меѓународното жири во состав Јанко Љумовиќ, Милош Љумовиќ и Мирослав Мики Радоњиќ доделија вкупно 15 награди, при што не е доделена наградата за текст. Претставата „My Name is Medeja“ на...

„Циркус Пирандело“ и „Човек перница“ гостуваат на „Чернодрински“ во Прилеп

Богата фестивалска програма ќе содржи петтиот ден на 57. Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Две претстави од официјалната конкуренција, презентација на едукативни работилници, меѓународна конференција, разговори на тркалезни маси, се само дел од содржините што ќе се реализираат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и Театарот „Војдан Чернодрински“. Во 10 часот ќе биде отворена детската зона „Чернодрински за...

Врачени наградите на најдобрите дипломци од УКИМ

Традиционално и свечено, денеска во аулата на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје беа доделени наградите на најдобрите дипломирани студенти за академската 2021/2022 година – студенти кои покажале високи достигнувања и резултати. Наградите им се доделуваат на оние студенти кои додипломските студии ги завршиле во рок и со просечна оценка најмалку 9,00, а врз основа на...

Мечето Падингтон изненади на наградите БАФТА со срдечната почит кон кралицата Елизабета

Доделувањето на ТВ наградите на Британска академија за филмска и телевизиска уметност БАФТА, кое синоќа се одржа во лондонскиот Ројал Алберт Хол, емотивно ги изненади гледачите кога познатото мече Падингтон се појави меѓу присутните за да покаже искрена почит кон покојната кралица Елизабета Втора. Мечето аплаудираше и ја симна капата во знак на почит, додека тимот кој го изработи видеото...

Ангеловска-Бежоска награди средношколци од „Васил Антевски-Дрен“ за знаења на едукативен квиз организиран од Народната банка

Средношколките Ева Младенова, Кристина Митовска и Јована Петровска, ги освоија првите три места на едукативниот квиз што виртуелно се одржа во март годинава, за време на одбележувањето на „Глобалната недела на парите“, во организација на Народната банка. На едукативниот квиз учествуваа 26 ученици од III и IV година кои одговараа на прашања од доменот на работењето на Народната банка...

Светски ден на здравјето: 30 отсто од сегашните доктори ќе се пензионираат за неколку години

За неколку години, 30 отсто од сегашните доктори ќе се пензионираат. Се соочуваме со кризна состојба во иднина, па затоа треба да ги подобриме условите за здравствените работници, да им се зголемат платите, условите за работа. Оти ако не им се допаѓаат условите, тие си заминуваат и тоа во Северна Македонија се случува. Освен тоа, 70 отсто од пациентите...

Со вкупно седум награди, „Сѐ насекаде и одеднаш“ доминираше на Оскарите

Од вкупно 11 номинации, филмот „Сѐ насекаде и одеднаш“ (Everything Everywhere All at Once) ги доби наградите во седум категории на синоќешната церемонија на доделување на Оскарите. Научно-фантастичната акција на режисерите Даниел Кван и Даниел Шајнарт за семејство кинески емигранти кои патуваат низ мултиверзуми и ја откриваат смислата на животот, доминираше во речиси сите главни категории на 95-тото издание...

Награди за нови идеи: Органско ѓубриво добиено од отпад од кафе и реупотреба на кабаст отпад

Идеите на тимот „Ребел“ за производство на играчки, сувенири и мебел добиени од кабаст отпад и на тимот „Coffee mates“- иницијатива за собирање отпад од кафе за производство на органско ѓубриво и прототипирање на рамки за очила вчера добија награди од Центарот за социјални претпријатија АРНО. Како што велат оттаму тимовите кои ги осмислија идеите ќе добијат финансии во износ...

Доделени БАФТА наградите: „На запад ништо ново“ освои седум награди

Драмата на Нетфликс за Првата светска војна „На запад ништо ново“ доминираше на БАФТА, освојувајќи седум награди, вклучително и за најдобар филм, пренесе Би-би-си. Филмот освои и награда за најдобро адаптирано сценарио, најдобар филм на не англиски јазик и најдобар режисер за Едвард Бергер. Неговите седум награди значат дека го соборил рекордот БАФТА за најмногу награди освоени од филм што...

Учениците Златев, Дрмач и Тасевска добитници на награди за најталентирани музичари

Во Музејот на македонската национална борба вчера се одржа спектакуларен новогодишен концерт на Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“. На овој свечен настан, Фондацијата „Луј“ додели награди на најталентираните ученици за 2021/2022 година, одбрани по пат на конкурс, со комисија од истакнати наставници кои предаваат во овој музички центар. Наградите, кои се состојат од финансиски надомест и плакета ги...

Објавена листа на топ 10 жени во ИТ индустријата

Порталот за информатичка технологија „IT.mk“ објави листа на топ 10 жени од Македонија во ИТ индустријата, кои со своите успеси активно придонесувале за зајакнување на оваа сфера. Изборот го направиле одговорните во редакцијата на порталот, во консултација со организациите „Women In Tech Macedonia“, „Startup Macedonia“ и „GEA“. „Идејата за листата на најистакнати ИТ жени произлегува од резултатите од спроведеното мапирање...

Македонските средношколци со четири бронзи на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки

Четири бронзени медали освоија македонските средношколци што учествуваа на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, соопшти од Друштвото на физичари. Добитници на медалите се: Искра Нечаковска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола; Теона Ана Георгиевска, ученичка во прва година во ПСУ „Јахја...

Најдобрите моменти од The Game Awards 2022

Логото нa The Game Awards 2022 од Wikipedia
На The Game Awards 2022 беа презентирани и наградени голем број на нови игри, од кои некои се и постари, но модернизирани со надградена графика. Имаше повеќе категории во кои, според мислењето на жирито, беа наградени најдобрите игри. https://www.youtube.com/watch?v=q8dD1R_tWzQ Не е чудо што „Elden Ring“ ја доби наградата за игра на годината, што беше очекувано бидејќи играта беше најдобриот кандидат за...

Не е сеедно кој ја дава наградата

Некритичкиот однос на индивидуи, институции и невладини организации кон доделувањето разни награди поврзани со Руската Федерација, на што се надодава и посебно неаналитичкиот, па дури и дезинформациски пристап на медиумите при споделувањето на информациите за истите, може да има долготрајни и многу сериозни последици врз перцепцијата на граѓаните на руската агресија врз Украина, меѓутоа и многу погенерално, на вредносните...

Врвните успеси на десет ученици и студенти им ја донесоа наградата „Феникс“ на Општина Центар

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска ја додели годишната награда на Општина Центар, „Феникс“ за 2022 година. Годинава признание добија десет ученици и студенти што се истакнале во различни спортски дисциплини, во стопанството, уметноста, образованието, како и во други области на трудот и творештвото и покажале исклучителни резултати на натпреварите, информираат општинските власти. „Добивањето награда е причина за задоволство...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...