fbpx
Таг: награда

таг: награда

Ќе се доделат награди за најдобрите студенти од минатата година

По повод почетокот на академската 2015-2016 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира доделување награди и пофалници на најдобрите дипломирани студенти во учебната 2012-2013 година и во учебната 2013-2014 година. Ќе биде доделена и наградата „26 јули“ на најдобрите студенти во учебната 2014-2015 година од областа на архитектурата, општествените науки и на уметностите, како и наградите од Фондацијата „Проф. д-р...

„Браќа Манаки“: Годинава тројца лауреати на Наградата „Златна камера 300“

Кинематограферите Јаромир Шофр, Ришард Ленчевски и Божидар-Бота Николиќ се лауреатите на Наградата за животно дело - Златна камера 300 на годинешното 36 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Добитниците на наградата денеска ги соопшти новиот директор на Фестивалот, Димитар Николов, кој на прес-конференцијата по тој повод, образложи зошто годинава има токму тројца лауреати. - Размислувавме да наградиме кинематографер...

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ освои втора награда на Меѓународен натпревар во Србија

Културното уметничко друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, освои втора награда на Меѓународниот натпревар на изворни народни песни „Бело Ленче“, кој викендов се одржа во Врање, Србија. На натпреварот учествуваа 15 земји од Европа. Секоја од нив се престави со песни од нивното поднебје. Изведбите на изворните народни песни ги оценуваа стручно жири, составено од неколку светски прваци на музички инструменти.

Награда „Струшко слово“ за Валерио Орлиќ и за Васил Тоциновски

Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга, оваа година меѓународната награда „Струшко слово“ им ја додели на хрватскиот автор Валерио Орлиќ и на Васил Тоциновски од Македонија. Во образложението на редакцијата стои дека Орлиќ признанието го добил „за особени заслуги во развојот на македонско-хрватските книжевни релации“, а Тоциновски „за личниот придонес во примената, развојот и во афирмацијата на македонскиот литературен јазик...

Кампањата „Црвен телефон“ на „Њу момент“, финалист во Кан

Кампањата „Црвен телефон“ на маркетинг-агенцијата „Њу момент“ изработена за ТВ „Телма“, влезе во финале на најпознатиот фестивал за рекламни кампањи во Кан. Со ова, таа е потенцијален добитник на една од престижните награди на овој фестивал „Лав“ (титаниумски, златен, сребрен и бронзен). Во официјалното објаснување на фестивалот, стои дека кампањата е со цел зачувување на слободата во новинарството, а се дава и осврт на...

Добре Тодоровски добитник на наградата „Крсте Чачански“

Годинашен добитник на наградата „Крсте Чачански“ е Добре Тодоровски за збирката раскази „Помен за едно време“. Тодоровски учествуваше на конкурсот што по петти пат го распишаа Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга. Во образложението на жирито, во состав: Марина Мијаковска, претседател, и Мишо Китаноски и Тоде Илиевски - членови, се вели дека делото на Тодоровски се издвојува...

Славчо Ковилоски, добитник на наградата „Јован Котески“

Поетската збирка „Барутна поезија“ од Славчо Ковилоски е годинашен добитник на наградата „Јован Котески“, по конкурсот што петти пат го распишаа Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга. - Како и поетот Ацо Караманов, кој во песната „Поет“ пее: „Јас сакам да станам поет-динамит“, така и Славчо Ковилоски, еве, испишува поетска книга од вкупно 45 песни со сличен наслов...

„Мајкрософт“ нуди награда од 11.000 евра

Пребарувачот кој ќе биде замена за „интернет eксплорер“ ќе го носи називот „еџ“ (Edge), а ќе се испорачува со оперативниот систем „виндоус 10“. Развојниот тим ветува едноставен и брз интернет-пребарувач. Колку „Мајкрософт“ е подготвен да го докаже квалитетот на својот нов пребарувач, говори и паричната награда од 11.000 евра за секој експерт што ќе најде некој технички пропуст. https://www.youtube.com/watch?v=iH1D31YHsgY

САД нудат 20 милиони долари за информации за лидерите на ИД

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама понуди награда од најмалку 20 милиони долари за информација што би ги довела до четворицата лидери на милитантната Исламска држава. Стејт департментот низ програмата „Награда за правда“ понуди седум милиони долари за информација за Абд ал-Рахман Мустафи ал-Кадули и по пет милиони за Абу Мохамед ал-Аднани и за Таркана Тајумуразовиц Батирашвили. Три милиони долари се нудат...

Доделена наградата „Гоце Делчев“

Елизабета Бандиловска-Ралповска, Олгица Додевска-Михајловска, Снежана Велковска, Снежана Веновска-Антевска, Елка Јачева-Улчар, Виолета Николовска, Фани Стефановска-Ристеска, Катица Топлиска-Евроска и Живко Цветановски, се добитници на врвната национална награда „Гоце Делчев“ за Толковниот речник, дело на овој авторски тим. Заблагодарувајќи се во името на авторите, но и на другите добитници, Велковска посочи дека во речникот е претставена јазичната слика на Македонецот на крајот од...

Во Собранието ќе се додели наградата „Гоце Делчев“

Во Собранието на Република Македонија, денеска во 12 часот, Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2015 година, за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката. За особено значајни остварувања од интерес за Републиката во областа на науката, наградата „Гоце Делчев“ за 2015 година се доделува на трудовите: „Толковен...

ЕВН ја доби Националната награда за безбедност и заштита при работа

„ЕВН Македонија“ ја доби Национланата награда за добра практика на безбедност и на заштита при работа за 2014 година, која по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, кој се одбележува денеска, 28 април, ја доделува Македонското здружение за заштита. - Оваа награда ја сметаме за потврда на нашите заложби, но и за доказ дека сме во вистинската насока...

Новак Ѓоковиќ вторпат ја освои наградата „Лауреус“

Новак Ѓоковиќ вторпат во кариерата победи на изборот на Фондацијата „Лауреус“ за најдобар спортист на планетата, а наградата ќе му биде врачена за спортските достигнувања во 2014 година. Првиот тенисер на АТПлистата, на почетокот на 2012 година беше прогласен за најдобар спортист на светот, исто така во избор на оваа фонадација. Рекордер по бројот на награди „Лауреус“ е швајцарскиот тенисер Рожер Федерер,...

Наградата „Мостови на Струга“ за поетесата Паула Бозалонго од Шпанија

„Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга, награда што ја доделуваат „Струшки вечери на поезијата“ и УНЕСКО, годинава ѝ припадна на поетесата од Шпанија, Паула Бозалонго. – Од пристигнатите книги, особено се издвои книгата „Декември и се бакнавме“ од Паула Бозалонго, поетеса од Шпанија. Песните на Паула Бозалонго изненадуваат со својата конкретност и посредност, таа користи еден свеж, комуникативен поетски јазик, кој...

Светозар Јаневски, добитник на наградата за бизнис-лидер на столетието

Бизнисменот Светозар Јаневски, во конкуренција од 340 кандидати од регионот, е добитник на меѓународната награда за животно дело во претприемништвото „Креатори на столетието“. Престижната награда му беше доделена на самитот на претприемачи од регионот „300 најдобри“, што се одржа во Дубровник, Хрватска. Јаневски, кој е претседател на управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“ и партнер во инвестициската група М6, е единствениот...

ФБИ нуди три милиони долари за руски хакер

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и Стејт департментот нудат три милиони долари награда за корисна информација за рускиот хакер Евгениј Богачев. ФБИ се сомнева дека тој се сокрил во Русија пред американското обвинение за организирање мрежа хакерски напади, со кои од банкарските сметки собрал повеќе од 100 милиони долари. Властите се надеваат дека рекордната награда за кибер-криминалецот ќе доведе до апсење на...

Џон Ралстон Сол во Охрид ја доби Светската награда за хуманизам

Претседателот на Интернационалниот ПЕН и едно од водечките имиња на светската литература и есеистика, Џон Ралстон Сол, е деветтиот добитник на Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија за хуманизам. Тој изјави дека е почестен да се вброи во плејадата големи имиња од светската култура што ја добиле оваа награда, која доаѓа од градот Охрид, кој е олицетворение на...

Раде Силјан е добитник на наградата за поезија за 2014 година

Раде Силјан е добитник на наградата за поезија за 2014 година на списанието „Литература и уметност“, орган на Сојузот на писатели на Република Молдавија. На познатиот македонски поет и литературен критичар признанието му е доделено за поетската книга „Сенка на векот“, која минатата година во Кишињев беше објавена на романски јазик во престижната едиција „Пегаз“ на гласилото на молдавските...

Јаја Туре е најдобар африкански фудбалер за 2014 година

Фудбалерот на Манчестер сити, Јаја Туре, е прогласен за најдобар африкански фудбалер за 2014 година. За репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска ова е четврто по ред признание за најдобар фудбалер во Африка, со што се израмни со Самуел Ето, кој ја доби оваа награда во 2003, 2004, 2005 и во 2010 година. Во конкуренција на Туре беа и Пјер-Емерик Обамејанг од Габон,...

Лидија Димковска е номинирана за „Европски поет на слободата 2016“

Македонската поетеса Лидија Димковска е номинирана за полската награда за поезија „Европски поет на слободата 2016“, за поетската збирка „пХ неутрална за животот и смртта“. Наградата, која ја градот Гдањск и Градскиот институт за култура од Полска, е една од најпрестижните во Полска и се доделува биенално. Димковска влезе во најтесниот избор за наградата, а освен неа номинирани се и Јахја...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...