fbpx
Таг: награда

таг: награда

Скопскиот аеродром меѓу најдобрите 10 во Источна Европа

„ТАВ Македонија“ вторпат го доби престижното признание на „Скајтракс“ (Светски аеродромски награди), со кое „Александар Велики“ е рангиран меѓу десетте најдобри аеродроми во Источна Европа. Скопскиот аеродром годинава се најде на деветта позиција на листата од 10 аеродроми во Источна Европа, во категоријата најдобри аеродроми според регионот. Листата ја предводи аеродромот во Будимпешта, по што следуваат воздушните пристаништа во Талин, Киев,...

Руна Светликова е добитник на наградата „Мостови на Струга“

Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата (СВП), одлучи наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга да и се додели на Руна Светликова за автентичниот поетски ракопис во „Оваа мека бела соба”. Поетската книга на Руна Светликова е дебитантско ремек дело кое содржи зрели песни кои навестуваат творечка појава која ќе биде неодминлива и во белгиската (фламанската) литература, но и...

„Охридска банка – Сосиете женерал“, најдобра во Централна и во Источна Европа

Светски познатиот магазин специјализиран за финасии „Глобал фајнанс“, ја прогласи „Охридска банка - Сосиете женерал“ за најдобра банка од Македонија за 2016 година, од пазарите во развој во Централна и во Источна Европа. Критериумите за избор на победниците вклучуваа пораст на актива, профитабилност, стратешко партнерство, корисничка услуга, конкурентност и иновативни производи. Наградата ќе ѝ биде доделена на свечена церемонија на 8...

Бранко Азески доби признание за развој на претприемништвото во Средна и во Југоисточна Европа

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, доби посебно признание за придонес во развојот на претприемништвото во Средна и во Југоисточна Европа на Самитот на претприемачи од Средна и од Југоисточна Европа што се одржа од 4 до 6 март во Дубровник. Самитот бил организиран за да се истакне важноста на претприемништвото, односно да се истакне колку се заслужни претприемачите...

Петар Поповски од Охрид е добитник на највисокото научно признание во Данска

Петар Поповски, доцент на угледниот Универзитет во Алборг, по потекло од Охрид, e еден од петтемина научници што годинава се закитија со највисокото државно признание од областа на науката и на високата технологија што го доделува Министерството за високо образование и наука на Кралството Данска. Ова е вторпат Петар Поповски да ја добие оваа престижна награда за достигнувањата во областа на...

Глигор Стојкоски ја доби првата награда на „Прличеви беседи“

Утре напладне во Охрид, на свечена академија, на македонскиот автор Глигор Стојковски ќе му биде врачено признанието за првонаградената поема за 2015 година „Кирил 1830 - Кирил 2001“. Дводневните свечености во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ ќе почнат час порано во охридската библиотека, каде ќе се одржи настанот „Низ творештвото на роднокрајните автори“, со Коста Фортомар, Есад Бајрам, Славе Ѓорго...

Дарко Гашпаровиќ во Охрид ја прими Светската награда за хуманизам

Синоќа во Куќата на Уранија во Охрид беше доделена Светската награда за хуманизам, годинава на светски познатиот екуменист, славистот Дарко Гашпаровиќ. Наградата ја доделува Охридската академија за хуманизам, додека лауреатот со беседа го претстави основоположникот на академијата, Јордан Плевнеш. - Токму во твоја чест, Дарко Гашпаровиќ, и хрватската духовна меморија, она што ти го растајни во твојата книга за писмото низ...

Меси ја освои петтата „Златна топка“

Фудбалерот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, по петти пат ја доби „Златна топка“ за најдобар светски фудбалер во 2015 година. Меси освои повеќе гласови од својот најголем ривал, фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, и соиграчот од Барселона, Нејмар. - Не знам што да кажам. Ова е огромна чест за мене, специјален момент што повторно сум на оваа сцена и по петти пат го...

Светска јубилејна награда „Микеланџело“ за македонскиот сликар Јордан Манасијески

Крајот на минатата година, на ликовен план, ја одбележа јубилејната награда „Микеланџело“ за македонскиот сликар Јордан Манасијески која, истовремено, му ја донесе и поканата за учество на  престижниот арт-салон „Триенале ди Италија“ за 2016 година. На Манасијески му припадна, заедно со плакетата, и скулптурата Мојсеј, а како мотив беше искористено одбележувањето на 500-годишнината (1515) од изработката на ова безвременско дело, од...

„Вила Зора“ ја доби наградата за човекови права од Амбасадата на Франција

По повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, Амбасадата на Франција му ја додели наградата за човекови права на Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес. Наградата ја прими Ненад Коциќ, претседател на друштвото. Француската амбасадорка Лоренс Оер рече дека оваа година одлучиле наградата да ја доделат за човековото право да се има здрава животна средина и здраво опкружување. - Улогата...

Наградата „Григор Прличев“ за Глигор Стојковски

Наградата „Григор Прличев“ од конкурсот за најдобра поема за 2015 година ѝ припадна на поемата „Кирил 1830 - Кирил 2001“ што пристигна под шифра „Кирил“. Организаторите објавија дека зад оваа шифра стои името на познатиот македонски публицист, поет и долгогодишен новинар, Глигор Стојковски. НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид ја доделува оваа награда во знак на сеќавање на ликот и...

Охридскиот Црвен крст добитник на наградата „Свети Климент Охридски – патрон на Охрид“

Неколкудневното чествување на свети Климент Охридски, патронот на градот Охрид, завршува вечерва со свечената академија во Центарот за култура „Григор Прличев“. Свеченоста ќе почне со химната за свети Климент од Димитар Масески, во изведба на хорот при ОСУ „Св. Климент Охридски“, а потоа пригодно обраќање ќе има градоначалникот Никола Бакрачески. Беседа за великото дело на светецот ќе одржи проф. д-р Кирил...

Познати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Дефектологот Горан Ајдински и теологот Ратомир Гроздановски се добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ во областа на воспитанието и образованието. Во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист. Педијатарот Аспазија Софијанова, пак, ја доби наградата „Св. Климент Охридски“ во областа на здравството. Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8...

Хрватскиот славист Гашпаровиќ – добитник на Светската награда за хуманизам за 2016 година

Дарко Гашпаровиќ, хрватски славист, член на хрватската Акaдемија на науки и уметност, книжевен теоретичар и театролог со меѓународно реноме и светски познат екуменист, е добитник на Светската награда за хуманизам за 2016 година, која по десетти пат ја доделува охридската Академија на хуманизам. По одлуката на седумчленото интернационално жири, чиј претседател е ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш,...

Поемата под шифра „Кирил“, најдобра на конкурсот „Григор Прличев“

Поемата „Кирил 1830 - Кирил 2001“, испратена под шифра „Кирил“, ја доби наградата за најдобра поема за 2015 година на наградниот конкурс „Григор Прличев“, кој традиционално го организира Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид. Така одлучи жири-комисијата за доделување на наградата, во состав: Бранко Цветскоски, професор Илија Велев и професор Ангелина Бановиќ-Маркоска. За наградата конкурирале 12 поеми, а членовите на жирито едногласно...

Затворен саудиски блогер е добитник на наградата „Сахаров“

Саудиски блогер, кој е во затвор и јавно беше камшикуван поради своите написи, е добитник на наградата „Сахаров“ за слобода на мислење, што ја доделува Европскиот парламент. Триесет и едногодишниот Раиф Бадави е уапсен во 2012 година и е осуден на 10 години затвор и на 1.000 удари со камшик поради навреда на исламот на интернет. Првите 50 удари со камшик ги доби...

Женскиот хор „Рустико“ освои прво место на фестивал во Италија

Женскиот хор „Рустико“, под уметничко раководство на маестро Запро Запров, го освои првото место во фолклорната категорија за женски хорови на меѓународниот натпреварувачки хорски фестивал „Ин канто сул гарда“, што по 11. пат се одржа во малото живописно гратче Рива дел Гарда на северниот брег од езерото Гарда, во Италија, од 10 до 14 октомври, и тоа во конкуренција на...

Ал каеда нуди три милиони евра за главата на Асад

Сирискиот разгранок на терористичката организација Ал каеда нуди три милиони евра за главата на претседателот на Сирија, Башар ал Асад, како и два милиони за главата на лидерот на либанското движење Хезболах. Во објавената аудиоснимка за распишаната награда, лидерот на разгранокот, Абу Мохамед ал Голани, вели дека е време  Асад да се избрише од историјата.

Врачување на државната награда „11 Октомври“

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ во областа на културата и уметноста. Годинешни добитници на наградата се академик Митко Маџунков, писател, а во областа на науката и образованието ќе им биде доделена на проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик, и на проф. д-р Марјан Димитријевски,...

Ќе се доделат награди за најдобрите студенти од минатата година

По повод почетокот на академската 2015-2016 година, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира доделување награди и пофалници на најдобрите дипломирани студенти во учебната 2012-2013 година и во учебната 2013-2014 година. Ќе биде доделена и наградата „26 јули“ на најдобрите студенти во учебната 2014-2015 година од областа на архитектурата, општествените науки и на уметностите, како и наградите од Фондацијата „Проф. д-р...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...