fbpx
Таг: награда

таг: награда

Средношколка од Скопје освои прва награда на глобалниот натпревар на ФАО по повод Светскиот ден на храната

Светскиот ден на храната ја инспирираше Михаела Стојменовиќ, 17-годишна ученичка од Скопје, да ја прикаже важноста на работата на малите земјоделци кои се грижат нашите земјоделски системи да ни обезбедат разновидна храна. Михаела ја освои првата награда на глобалниот натпревар на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) на Обединетите нации (ОН) по повод Светскиот ден на храната 2022 година, во...

Не е сеедно кој ја дава наградата

Некритичкиот однос на индивидуи, институции и невладини организации кон доделувањето разни награди поврзани со Руската Федерација, на што се надодава и посебно неаналитичкиот, па дури и дезинформациски пристап на медиумите при споделувањето на информациите за истите, може да има долготрајни и многу сериозни последици врз перцепцијата на граѓаните на руската агресија врз Украина, меѓутоа и многу погенерално, на вредносните...

Најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар, Никола Ристановски е добитник на гран при во Никшиќ

Најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар, Никола Ристановски е добитник на гран при наградата за најдобра машка улога на 18-тиот Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора. Ристановски ја доби наградата за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател” во режија на Нина Николиќ, соопшти Македонскиот народен театар (МНТ). Оваа награда на Ристановски му ја додели жирито во...

Распишан натпревар за ученици на тема „Мојата дигитална иднина“

Гете-институтот распиша натпревар за млади на возраст од 13 до 18 години, на тема „Мојата дигитална иднина“. Во творбите, младите што ќе учествуваат треба да ја претстават својата замисла како ќе изгледа нивната иднина, односно времето во 2050 година. Може да се избере една од следниве области: Образование, вмрежување, мобилност, професии на иднината, соживот, култура... Творбата на темата може да биде...

Нобеловката Светлана Алексиевич ја доби наградата Букстар за 2022

Нобеловката Светлана Алексиевич е годинешниот добитник на наградата за европска литература „BookStar“ за книгата „Војната нема женско лице“. Годинешното осмо издание на фестивалот на европска литература „BookStar“ ќе се одржи од 3 до 5 октомври на неколку локации низ Скопје. Организаторите информираат дека во рамки на програмата, на 5 октомври во киното „Фросина“ Алексиевич ќе се јави на видео разговор. „Војната...

Книгата „Гравитација“ на Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ на Струшките вечери на поезијата

Книгата „Гравитација“ на поетесата Емилија Тодорова од Австралија ја доби наградата „Стојан Христов“ за 2022 година на „Струшките вечери на поезијата“. Збирката на Тодорова победи во конкуренција на „На каучот на Зигмунд Фројд“ на Јулијана Младеновска од Хрватска, „Песни“ на Јосиф Грежловски- Гандедо од САД и „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ од Шведска. Книгата „Гравитација“ е во издание на Агенцијата...

Добитникот на „Златна камера 300“ на „Браќа Манаки“ , Ентони Дод Ментл со порака до младите: Најважниот објектив е тој во главата

„На сите млади луѓе кои посакуваат еден ден да стојат овде на ова место, без разлика дали се занимаваат со фотографија или со кинематографија, би им рекол дека најважниот објектив е оној во главата, а најважното нешто што треба да го кажат треба да дојде од срцето, сето друго е академско. Она што вие автентично го имате е во...

„Големата ѕвезда на македонскиот филм“ на Браќа Манаки постхумно ќе биде доделена на Горјан Тозија

Наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, која се доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија во рамките на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, оваа година ќе биде постхумно доделена на филмскиот продуцент Горјан Тозија. „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ е награда на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Од организацијата на фестивалот велат дека во богатата професионална биографија...

Трансдисциплинарниот проект „Дизајн на оживување“ доби награда за истражување и ликовна критика

Трансдисциплинарна дизајнерка Клелија Живковиќ со проектот „Дизајн на оживување“ е добитничка на наградата за истражување и ликовна критика „Ладислав Баришиќ“ за 2022 година што ја  доделува здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“. Како што вели дизајнерката, истражувањето е дел од проектот „Creature Comforts“ (Суштински удобства), односно од нејзината неколкугодишна љубопитност за тоа како дизајнерските пракси го обликуваат човештвото како вид....

„Нема да биде крај на светот“ доби награда за најдобра претстава на фествал во БиХ

Претставата „Нема да биде крај на светот“ е прогласена за најдобра претстава од страна на новинарското жири на фестивалот „БиХ драма Зеница“ во Босна и Херцеговина. Копродукцискиот проект помеѓу Македонскиот народен театар (МНТ) и Сараевски ратни театар (САРТР) е на авторот Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. „Претставата „Нема да биде крај на светот“ е една од трите...

Woman in Tech Macedonia со награда за најголем импакт во едукација на глобалниот самит во Париз

Women in Tech Macedonia ја доби наградата за локална организација којашто имала најголем импакт во едукација, на глобалниот самит во Париз. Едукацијата е една од петте цели за одржлив развој за која беа доделени награди. Наградата беше доделена на амбасадорката на глобалната иницијатива за Women in Tech Macedonia, Моника Ризовска. Таа рече дека верува оти сите нивни активности носат промена...

Димитар Фуна ја доби наградата за најдобар млад истражувач на Народната банка

Добитник на Годишната награда на Народната банка (НБРСМ), која се доделува на млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството е младиот истражувач Димитар Фуна, соопштија од НБРСМ. Фуна дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје во 2020 година, додека минатата година се стекнал со звањето магистер по финансии и сметководство...

Доделени три награди за „најГЛАСни“ ученички заедници од средните училиште во Македонија

Последните три дена од месец март за прв пат се одржа настан на кој ученички заедници составени од тројца ученици и еден наставник - ментор од средните училишта СУГСГ „Орце Николов„ - Скопје, СОУ „Коста Сусинов“ - Радовиш и ОСУ „Св.Климент Охридски„ - Охрид се здобија со наградите „најГЛАСни“ за своите училишни иницијативи. За време на тридневниот настан кој се...

Отворен повикот за наградата „ДЕНЕС“ – престој во Њујорк наменет за визуелни уметници

Факултетот за работи што не се учат - ФРУ, Скопје и Центарот за современи уметности - Скопје по шеснаесетти пат го отвараат конкурсот за наградата „ДЕНЕС“ за млад визуелен уметник во Северна Македонија. „Оваа значајна и независна награда, која се доделува по шеснаесетти пат во земјава, подразбира двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited во 2022 година...

„Денот на црвот“ од Симона Јовановска ја доби наградата „Роман на годината“

Делото „Денот на црвот“, кое е прв роман на авторката Симона Јовановска, ја доби наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е издаден во 2021 година од страна на издавачката куќа „Или-или“, во едиција на „ПроАза“. Како што соопштија од Фондацијата „Славко Јаневски“, официјалното врачување на наградата е планирано за септември, а победничкиот роман за првпат...

ИКС ги објави своите номинации за македонски кандидати за наградата „Earthshot Prize“

Оваа година за глобалната награда за животна средина „The Earthshot Prize“, Институтот за комуникациски студии (ИКС) за македонски претставници со креативни решенија ги номинираше Горјан Јовановски со апликацијата AirCare, иницијативата „Ретвитни оброк“ и Програмата за закрепнување на Балканскиот рис што ја спроведува Македонското еколошко друштво. Станува збор за најпрестижна награда на светско ниво што се доделува во оваа област. „Earthshot“...

Друштвото на писателите на Македонија ги додели книжевните награди за 2021 година

Друштвото на писателите на Македонија ги додели традиционалните книжевни награди за најдобри поетски и прозни остварувања во 2021 година. Во конкуренција за книжевните награди беа значајни македонски писатели, но при изборот стручното жири мораше да селектира четири најдобри романи и поетски книги. За најдобра книга за деца и млади со наградата „Ванчо Николески“ беше избран романот „Имаш пчела на носот: роман...

Сојузот на средношколци и здружението ЛЕАД со награда за средношколско учество „најГЛАСни“

Сојузот на средношколци, заедно со здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) со поддршка на фондациајта „Конрад Аденауер“, воведуваат награда за средношколско учество, како признание за активноста и работата на овие ученички тела во насока на унапредување на положбата на учениците во своите училишта и вклучување во училишните процеси. Заинтересираните учесници треба да ја раскажат приказната за нивната средношколска...

„Види ја ти неа“ и „Награда“ – филмови инспирирани од празникот Водици

Денешниот христијански празник Богојавление - Водици го негува традиционалниот обичај што го бележи положувањето на Светиот крст за осветување на водите во сите градови и помали населени места во Македонија. Обичајот кој прерасна во една од најголемите верски манифестации во земјава  инспирираше двајца македонски режисери да претстават свои филмски остварувања поврзани со настаните што секоја година се проследени на 19...

Пендаровски се сретна со Лара Станчева, која освои трета награда на литературен натпревар во Токио

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Лара Станчева, ученичка во седмо одделение во ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје, добитничка на трета награда на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 во Токио, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. На реномираниот натпревар во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, што се одржа во рамките на одбележувањето на „Деценијата на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...