fbpx
Таг: награда

таг: награда

Доделување на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“

Новинарките Мирела Саити и Фиданка Танаскова ќе ја добијат наградата „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ за остварување во областа на новинарството, а годинава за остварување во областа на публицистиката награда ќе добие Борче Грозданов. Државната награда за новинарство и за публицистика „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ за 2014 година ќе им биде врачена денеска напладне, во Собранието на Република Македонија.

Марта Маркоска, најдобар млад автор

Годинашната награда „Бели мугри“ за млад автор до 35-годишна возраст, која ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје, отиде во рацете на авторката Марта Маркоска. Жири-комисијата, во чиј состав беа Бранко Цветкоски, претседател и Тодор Чаловски и Јованка Христовска, членови, одлучи да ѝ ја додели наградата на Марковска за поетскиот ракопис „Црни дупки во нас“. Втората награда ѝ е доделена на...

Саити, Танскова и Грозданов, добитници на наградата „Мито Хаџи-Василев Јасмин”

Годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ во областа на новинарството се Мирела Саити и Фиданка Танскова. Борче Грозданов, новинар во весникот „Вечер“, пак, ја доби наградата во областа на публицистиката. Грозданов е автор на збирката театарски рецензии „На(д) сцената 2“, а тој е и коавтор на монографијата „Чекори под ѕвездените штици“, посветена на 50-годишнината на Народниот театар „Антон Панов“...

Стојковски, Шериф и Грозданов, добитници на наградата „Свети Климент Охридски“

Добитници на наградата „Свети Климент Охридски“ за 2014 година се историчарот проф. д-р Амет Шериф и биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски во областа на воспитанието и на образованието, и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата. - Денеска сум особено среќен што дадов придонес во образованието во Република Македонија и што во изминатите 25 години учествував во...

Нобеловец го продал медалот затоа што банкротирал

Поради тоа што останал без работа и банкротирал, американскиот генетичар Џејмс Вотсон, добитник на Нобеловата награда за 1962 година, на аукција, за 4,75 милиони долари, го продал медалот што ја симболизира наградата. Френсис Крик и Џејмс Вотсон, во 1953 година, опишаа молекул во форма на двоен хеликс. Со тоа покажаа дека не само што молекулот на ДНК е двојно-синџирест, туку и дека двете нишки се замотуваат...

Меѓународна награда за истражувачката сторија на Саше Димовски

Новинарот Саше Димовски освои специјална награда на Форумот за медиуми, кој се одржа од 13 до 15 ноември во Подгорица, за истражувачката сторијата „Медиумските донации за политичките партии и сопственичките структури како потенцијален извор за корупција во македонските медиуми“. Сторијата на Димовски покажува дека одредени медиуми играат улога на најголеми спонзори на политичките партии во Македонија, користејќи различни методи, меѓу кои...

Груевски, добитник на највисокото признание на Штип, „Свети Никола“

Највисокото признание на празникот на Штип, „Свети Никола“, ќе биде доделено на премиерот Никола Груевски. Ова го соопшти градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, на денешната седница на Советот, кој образложи дека одренот се доделува на „високи личности, заслужни за градот“. -Кога ќе тргнете од Штип кон Велес, ќе видите какво градилиште е. Штип и Источна Македонија ќе добијат експресен пат...

Манасиески – големо уметничко име на светската ликовна мапа

Познатиот ликовен уметник Јордан Манасиески, кој живее и создава во Охрид, сè повеќе ја зацврстува својата позиција на големо уметничко име на светската ликовна мапа. Најновото признание за него пристигна од Кембриџ, светскиот храм на знаењата и на постигнувањата, од каде му е испратен медалот за „Личност на годината за 2013 година“. Истовремено, Интернационалниот биографски центар од овој британски град,...

Даниел Кајмакоски, македонски претставник на „Евровизија 2015“

Со песната „Лисја есенски“, Даниел Кајмакоски синоќа победи на „Скопски фестивал“. Тој следната година ќе ја претставува Македонија на „Евровизија“ во Виена, Австрија. Најмногу гласови преку телефонско гласање (3.597) доби Даниел Кајмакоски, втора беше Тамара со 20 поени, а зад неа Еги. Кајмакоски доби и награда од 20.000 евра. Тамара Тодевска со нумерата „Брод што тоне“ е второпласирана и добива парична награда од 10.000...

Александар Ѓеоргиев, добитник на наградата „Петре Прличко“

Одлуката ја донесе жири комисијата во состав Александар Ивановски претседател и членовите Јордан Витанов и Едмонд Сотир
Александар Ѓеоргиев, актер на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2014 година, што по деветти пат ја доделува Општина Велес и Здружението на актери „Џинот“. Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Александар Ивановски, претседател, и членовите Јордан Витанов и Едмонд Сотир. Ивановски на денешната прес-конференција образложи дека актерот...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...