fbpx
Таг: награда

таг: награда

„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска ја доби наградата „Роман на годината 2023“

Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева. „Единствен матичен...

Пет романи влегоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

Пет романи го поминаа последниот филтер и влегоа во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Во трка за наградата остануваат романите „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски, „Заборав“...

Наградата „Андреја Дамјанов“ за архитектот Здравко Рафаиловски

Архитектот Здравко Рафаиловски е добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов” за 2023 година. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството во Македонија. По дипломирањето, во 1975 година, архитект Рафаиловски започнува да работи во оперативата на ГП „Гранит” од Неготино и накусо...

„Опенхајмер“ доминираше на наградите БАФТА

Силијан Марфи, Роберт Дауни Џуниор и режисерот Кристофер Нолан беа наградени за нивната работа на „Опенхајмер“ (Oppenheimer), додека филмот доминираше на овогодишните награди БАФТА, јави Би-Би-Cи. Марфи беше прогласен за најдобар актер за улогата на Роберт Опенхајмер, познат како таткото на атомската бомба, додека Дауни Џуниор ја освои наградата за најдобра споредна машка улога. Драмата освои вкупно седум награди, вклучувајќи ја...

Годишна награда за млад истражувач на Народната банка: Краен рок за пријавување труд е 1 февруари

Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2024 година е 1 февруари 2024 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, согласно условите и критериумите на јавниот повик, соопштија од Народната банка. Право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35...

Објавен е конкурсот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година, со која се оддава општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката. Наградата им се доделува на поединци или на група автори од земјата или од странство, за научна книга или дело објавено во 2023 година. Право на конкурирање имаат дела...

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2023 година

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на година“. Право на учество на конкурсот кој ќе трае од денеска па до 15 јануари догодина, имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2023 година. Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка...

До утре тече пријавувањето на Конкурсот за доделување на наградата „Мето Јовановски“

Пријавувањето за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ трае до утрешниот ден. Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата „Мето Јовановски“ се доделува секоја година на 10 декември, на Меѓународниот ден на човековите права, а во рамките на овој конкурс може да се доделат...

„Кајмак“ на Милчо Манчевски освои награда на фестивал во Тирана, четврта за еден месец

„Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски ја освои Наградата на публиката на Филмскиот фестивал во Тирана. Тоа е четврта награда за „Кајмак“ за еден месец, откако претходно освои Награда за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија и Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА  во Херцег Нови, а Манчевски доби Специјална награда на i-fest во Калабрија, Италија. Во октомври следува премиерата на...

Под мотото „Прекрасното непознато“почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Под мотото „Прекрасното непознато“ Фестивалот на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 44. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура - Битола, со проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција. Директор на фотографија e Наум Доксевски, добитник...

Националниот демократски институт ја прослави својата 40-годишнина

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата, Националниот демократски институт (НДИ) ја прослави својата 40-годишнина и организираше дискусија за демократијата со демократските партнери во граѓанското општество, националните и локалните власти, политичките партии, медиумите и меѓународната заедница. НДИ ги препозна достигнувањата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и меѓупартиската парламентарна група за правата на Ромите во...

Филмот „Домаќинство за почетници“ ја доби 17. Queer Lion награда на фестивалот во Венеција

Филмот „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски ја доби 17. Queer Lion награда во рамките на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција. Филмот во продукција на Лист Продукција – Скопје е награден во конкуренција од 16 филмови, меѓу кои и филмовите на Dog Man на Лук Бесон и Maestro на Бредли Купер. „Queer Lion со...

Стефан Костоски добитник на наградата Енхалон

Песната „Денување“ на македонскиот автор Стефан Костоски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот. Жири-комисијата во состав Стефан Марковски (претседател), Снежана Стојчевска и Виолета Танчева-Златева (членови), во своето образложение велат дека станува збор за песна со цврста структура. Наградената песна се издвои по уникатниот творечки пристап, кој...

„План 75“ на Чие Хајакава освои „Златен був“ на Филозофскиот филмски фестивал

Со соопштување на наградите од интернационалното жири и последната проекција од програмата, синоќа во Кинотека на Северна Македонија беше затворено годинешното, 13-то издание на Филозофскиот филмски фестивал. Наградата „Златен був“ во Официјалната селекција на долгометражен филм ја доби јапонскиот филм „План 75“ (2022) во режија на Чие Хајакава. Освен жирито, овој филм ги освои и гласовите на публиката. „’План 75’ исполнува три...

Ангела Петрушевска е најдобриот млад автор на стрип натпреварот во Ваљево

Ангела Петрушевска, ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ од Скопје го освои првото место во категоријата најдобри стрип автори до 16 години на 6-тиот Ваљевски стрип фестивал што се одржува во Србија, информираат од Стрип центарот на Македонија. Стрип фестивалот денеска ќе се отвори во српскиот град Ваљево, а организатор на истиот е Арт групата АКТ, во соработка со...

Се избира „Највело општина“ во Скопје и околината

„Највело општина во Скопскиот плански регион“ е новата награда што ја воведуваат Здружението на граѓани „Центар за одржливи иницијативи“ во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – „НаТочак“. Од таму ги повикуваат граѓаните кои користат велосипед како превозно средство или, пак, рекреативно, во главниот град и околината, да се вклучат во изборот за „Највело општина“ за 2023...

Отворен е конкурсот за наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик

Отворен е конкурсот за Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“, воспоставена за вреднување на преведувачката продукција во земјава, а со цел да се истакне вредноста и важноста на преведувањето. На конкурсот можат да учествуваат автори на книги објавени во периодот меѓу 1 јули 2022 година и 30 јуни 2023 година, а наградата се доделува за превод на дела...

Александра Данева ја доби Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка

Александра Данева ја освои првата награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството што ја доделува Народната банка. Данева ја доби наградата за трудот „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“. Таа се има стекнато со Меѓународна диплома за економија и бизнис на Универзитетот Еразмус во Ротердам, Холандија,...

Десет романи во трка за наградата „Роман на годината“

Вкупно десет романи останаа во конкуренција за престижната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Од Фондацијата информираа дека на годинашниот конкурс пристигнале дури 35 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот е стеснет на десет. Втората селекција на жирито ја поминаа романите: „Водни тела“ на Ана...

Деветнаесет романи во селекција за наградата „Роман на годината“

Од пристигнатите вкупно 35 романи, жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ја направи првата селекција во која се одбрани 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда. Жири-комисијата во состав Симона Јовановска, Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева, констатира дека...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...