fbpx
Таг: Нагорно Карабах

таг: Нагорно Карабах

Нагорно-Карабах ќе престане да постои од 1 јануари 2024 година

Претседателот на самопрогласената Република Нагорно-Карабах, Самвел Шахрамањан потпиша указ за распуштање на сите институции од 1 јануари следната година, соопштија властите на оваа енклава со претежно ерменско население. Според декретот, самопрогласената република ќе престане да постои на 1 јануари,  пренесува Ројтерс. На 18 септември Азербејџан започна воена операција во Нагорно-Карабах, која заврши по 24 часа со договор со Ерменците да го...

Најмалку 20 загинати и 300 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Нагорно Карабах

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во експлозија на бензинска пумпа во Нагорно Карабах, јавува Асошиејтед Прес.  Ова го соопштиле ерменските сепаратистички власти, во време кога илјадници цивили бегаат пред пристигнувањето на азербејџанските сили, кои во брза офанзива ја вратија контролата над Нагорно Карабах. Експлозијата на складиште за гориво, според АП, се случила синоќа во близина на...

Почна егзодус на Ерменците од Нагорно Карабах

Голем број етнички Ерменци денеска ги напуштаат своите живеалишта во енклавата Нагорно Карабах, која Азербејџан ја прогласи за своја територија, упатувајќи се кон Ерменија. Неколку илјади луѓе досега влегле во Ерменија, јави Би-Би-Си. Тие почнаа да се упатуваат кон Ерменија, откако владата на оваа земја вчера објави план за преселување на луѓето што се оставени без кров над главата во...

Она кога Русија те брани: Нагорно-Карабах за 24 часа капитулираше пред Азербејџан

Русија во 2020 година започна „миротворна мисија" во Нагорно-Карабах, која беше договорена со прекинот на огнот меѓу ерменските и азербејџанските сили. Во оваа енклава беа испратени речиси 2.000 руски војници во улога на „миротворци", кои требаше да му ја гарантираат сигурноста и безбедноста на ерменското население, кое брои околу 120.000 жители во Нагорно-Карабах. По речиси три години подоцна, Азербејџан успеа...

Азербејџан втор ден со напади врз Нагорно-Карабах, најмалку 27 лица загинаа

Министерството за одбрана на Азербејџан утрово објави дека ги продолжува "антитерористичките" операции во Нагорно-Карабах, додавајќи дека нема да сопре додека не се предадат силите на етничките Ерменци кои живеат во оваа енклава, пишува Би-би-си. Непризнаените власти на Нагорно-Карабах соопштија дека најмалку 27 лица загинале во нападите, вклучувајќи двајца цивили. Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека уништиле ерменска воена опрема, којашто...

Нова војна – Азербејџан ја нападна енклавата Нагорно Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека почнало „антитерористички операции“ во подрачја на регионот Нагорно Карабах, кој е под контрола на етничките Ерменци. Во главниот град на Карабах, Степанакерт се слуша минофрлачки оган и сирени за тревога, јави Би-би-си. Според досегашните сознанија, загинале 11 азербејџански цивили и полицајци, во експлозија на мина и во уште еден инцидент. Безбедносните власти во...

Ерменија и Азербејџан не го почитуваат примирјето, продолжуваат гранатирањата

Привремениот прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан, којшто беше договорен во петокот за време на преговорите меѓу двете страни во Москва, не се почитува. Бомбардирањата продолжија во саботата навечер врз главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт од азербејџанска страна, јавува Би-би-си. Ерменските власти ја обвинија Турција дека ги поттикнува азербејџанските власти да ја уништат посредничката мисија на Русија околу прекинот...

Повеќе од 40 цивили загинаа во судирите околу Нагорно-Карабах

Од почетокот на судирите околу Нагорно-Карабах, кои траат повеќе од една недела, според официјалните извештаи од Баку и Ереван, на азербејџанската страна погинале 27, а на ерменската 19 цивили, додека 141 цивилно лице е рането, соопшти денеска руската агенција ТАСС, повикувајќи се на извори од азербејџанскиот јавен обвинител. Се додава дека во гранатираните населени подрачја се оштетени 63 цивилни...

Над 220 загинати лица во еднонеделните судири меѓу Азербејџан и Ерменија, конфликтот ескалира

Ескалираат судирите меѓу Азербејџан и Ерменија околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Војските на двете страни меѓусебно се обвинуваат за жестоки гранатирања на населени места, кои резултираат со сè поголем број на загинати и повредени граѓани. Ерменија и властите на непризнаената република Нагорно-Карабах обвинуваат дека азербејџанската војска со турски ракетни системи го нападнала главниот град Степанакерт. Уништени се станбени згради, а...

Над 100 загинати лица во Нагорно-Карабах во судирите меѓу Ерменија и Азербејџан

Воените судири меѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно-Карабах продолжија и во текот на денешниот ден. Над 100 лица загинаа за неполна недела при ескалацијата на конфликтот, јавува Би-би-си. Рускиот министер за надворешни работи им понудил на двете земји Русија да биде домаќин на мировните преговори со кои би се спречила натамошна ескалација на конфликтот. Понудата доаѓа откако...

Десетици загинати лица во судирите меѓу Азербејџан и Ерменија за Нагорно-Карабах

Азербејџан и Ерменија започнаа жестоки судири на граничната линија меѓу двете земји околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Десетици лица загинаа само во текот на вчерашниот ден, а извештаите на светските медиуми се разликуваат во бројот на мртви и повредени поради различните бројки што ги испраќаат официјалните власти од двете земји, а кои не можат да се потврдат во отсуство на...

Ново прекршување на примирјето во Нагорно-Карабах

Двајца ерменски војници се убиени во судирите во Нагорно-Карабах. И ерменската и азербејџанската страна меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето кое беше договорено на 5 април. Ерменското министерство за одбрана соопшти дека Азербејџан гранатира воени и цивилни цели на територија на Ерменија. Азербејџан, пак, тврди дека само возвратиле откако ерменските сили ги гранатирале нивните позиции во Нагорно-Карабах. Баку и Ереван веќе со...

Азербејџан: Ерменија го прекрши прекинот на огнот 119 пати

Ерменските сили го прекршиле договорот за прекин на огнот во спорниот регион Нагорно-Карабах вкупно 119 пати во последните 24 часа, соопшти денеска министерството за одбрана на Азербејџан. Позициите на азербејџанските сили долж границата и во Нагорно-Карабах биле ракетирани, наведува министерството. Судирите меѓу ерменските и азербејџанските сили во Нагорно-Карабах повторно избија на 2 април, но министерствата за одбрана на двете земји пред...

Сè поголем е бројот на загинати во Нагорно Карабах

Властите во Баку јавуваат за нови жртви во судирите во Нагорно Карабах, спорната територија меѓу Азербејџан и Ерменија. Бројот на загинатите се зголемил на 16 лица. Сепаратистите, поддржувани од Ерменија, известиле дека во текот на судирите загинале 18 лица. Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за порастот на насилствата. Во меѓувреме, портпаролот на војската на Нагорно Карабах, Сенор Хасратјан, соопшти дека е постигнат...

ОН: 33 загинати и 200 ранети во Нагорно Карабах

Триесет и три лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во судирите што завчера избија во Нагорно Карабах, соопшти Управата за координирање хуманитарни прашања на Обединетите нации. „Според официјални извори од Ерменија и од Азербејџан, најмалку 30 војници и тројца цивили загинале во борбите. Бројот на повредените лица сè уште не е официјално потврден, но се претпоставува дека надминува 200 лица“,...

Азербејџан прогласи едностран прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Азербејџан денеска прогласи едностран прекин на огнот во борбите со силите на Ерменија во регионот на Нагорно-Карабах, кои избувнаа ноќта меѓу петокот и саботата. Како што јавува „Би-би-си“, министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопштило дека нивната одлука е одговор на меѓународните повици за прекин на насилствата. „Азербејџан, покажувајќи знак на добра волја, донесе одлука за едностран прекин...

Најмалку 30 загинати војници во Нагорно-Карабах – ситуацијата и натаму тензична

Нови борби меѓу вооружените сили на Ерменија и Азербејџан се одвивале ноќеска во регионот на Нагорно-Карабах, долж линија за контакт, јавува „Би-би-си“. Извештаите од теренот, на кои се повикува британскиот национален сервис, велат дека од двете страни било користено тешко вооружување, минофрлачи и артилерија. Во вчерашните борби, според информациите, загинале најмалку 30 војници, а има информации и за цивилни...

Путин ги повика Ерменија и Азербејџан да ги запрат борбите во Нагорно-Карабах

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика властите на Ерменија и на Азербејџан да ги запрат воените дејствија во регионот на Нагорно-Карабах кој избувнаа ноќеска, јавува „Би-би-си“. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, како што пренесуваат агенциите, во текот на денов имал телефонски разговори со своите колеги, министрите за одбрана на Ерменија и на Азербејџан, Сејран Оханјан и Закир...

Ескалација на судирот меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно-Карабах

Ноќеска дошло до ескалација на судирот меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно-Карабах, а медиумите јавуваат за употреба на тешки митралези и минофрлачи долж граничната линија. Министерствата за одбрана на двете земји си ја префрлаат вината, обвинувајќи се меѓусебе за ескалацијата на судирот. Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека вооружените сили на Ерменија го прекршиле примирјето долж линијата за...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...