fbpx
Таг: нафта

таг: нафта

Нафтени компании сакале да испумпаат 160 милиони денари државни пари, УЈП ги спречи

Управата за јавни приходи (УЈП) објави информации за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на данок на личен доход. На брифинг со новинарите, денеска директорката Сања Лукаревска информираше дека спречена била измама вредна над 160 милиони денари по основа на ДДВ, а по основа на личен доход...

Студенти почнаа „кариерен бојкот“ поради климатските политики на банките „Барклис”

Стотици студенти од угледни универзитети во Обединетото Кралство започнаа „кариерен бојкот“ насочен кон банките на Барклис (Barclays), поради нивните климатски политики. Тие предупредуваат дека банката ќе пропушти врвни таленти доколку не престане да финансира компании за фосилни горива, соопшти Гардијан. Повеќе од 220 студенти од највисоките универзитети испратија писмо до фирмата, велејќи дека нема да работат за Баркли и го...

„Бритиш петролеум“ ги прекинува пратките низ Црвеното море по напади на бродови

Мултинационалниот гигант за нафта и гас „Бритиш петролеум“ (БП) установи прекин на сите пратки на нафта кои минуваат низ Црвеното море, известува Гардијан. Ваквата одлука е реакција на континуираните напади врз бродови кои носеле гориво до Израел, вклучувајќи и норвешки брод. Нападите се извршени од страна на Хутите, исламистичките екстремисти од Јемен. Тие ги извршуваат нападите во знак на поддршка...

Бугарската рафинерија „Нефтохим“ го крши ембаргото за руска нафта наметнато од ЕУ

Рафинеријата „Нефтохим“ во бугарскиот крајбрежен град Бургас, којашто за главен сопственик ја има руската корпорација „Лукоил“, го заобиколува ембаргото од ЕУ за извоз на руска нафта во земји-членки и продава деривати и производи користејќи го доделениот исклучок од забраната за увоз во ЕУ на руска нафта и на деривати, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Како резултат на сето тоа, „Лукоил“ заработила...

„Шанса за Центар“ мапираше јавни објекти како загадувачи, само во Скопје се повеќе од 100

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ мапираше јавни објекти низ целата земја на нивната мапа на загадувачи. Само во Скопје пронашле повеќе од 100 јавни објекти кои го загадуваат воздухот со користење на нафта и мазут, иако во главниот град има централно парно греење. Од „Шанса за Центар“ потенцираат дека ако не сакаме да дишеме воздух кој светските медиуми го опишуваат...

„Лукоил“ има рок од 30 дена да го врати на Бугарија пристаништето „Росенец“

Откако владата на Бугарија на крајот на минатата седмица донесе одлука да ја укине концесијата на рафинеријата „Лукоил Нефтохим Бургас“ АД за пристаништето „Росенец“, од завчера на оваа компанија ѝ тече 30-дневен рок да го врати ова пристаниште, што го користи без каква било контрола од бугарската држава, јави mediapool.bg. Концесијата за пристанишниот терминал руската компанија „Лукоил“ го добила од...

ОН брои жртви во Украина, Москва ја прекинува испораката на нафта за земјите кои ја ограничија цената

Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОН) објави дека во руската војна против Украина досега загинале 6.884 цивили, вклучувајќи и 429 деца во периодот од почетокот на руската агресија на 24 февруари до 26 декември 2022 година, пренесува Гардијан. Од ОН додаваат дека бројката на загинати цивили во Украина е „значително поголема“ од овие бројки, бидејќи приемот на...

Контраспин: Најголемите партии спинуваат за договорот на ЈСП со „Пуцко Петрол“

Помеѓу фиксна цена на горивото и фиксна цена на маржата има огромна разлика. Но, најголемите политички партии во државата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ упорно со денови спинуваа околу ова прашање и со јавноста комуницираа со ставови дека ЈСП ќе му плаќа на „Пуцко Петрол“ фиксна цена за гориво од по околу 2 евра за литар, иако цената на дизелот паѓа...

Од денеска ограничена цената на руската нафта, во Украина и понатаму се гине

Ограничувањето на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат денеска стапува на сила, пишува весникот Гардијан. Ваквата мерка против Москва е договорена од земјите на Г-7, а целта е да се намалат приходите на Кремљ од фосилните горива и да се ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина. Обединетото Кралство, Јапонија, Германија, Италија, Франција,...

Дезинформациите како оружје во војната за енергенси

Секоја војна се води на повеќе фронтови. Во однос на војната во Украина, најстрашна е онаа што се одвива на теренот каде што секојдневно се губат животи, се уништуваат цивилни објекти, а трагедијата и бесмисленоста на војната секој ден остава длабоки лузни во душата на луѓето. Војна се води и на полето на дипломатијата, но она што за првпат...

Цената на нафтата на светските берзи падна на најниско ниво до 14 јануари досега

Цените на нафтата на светските берзи втор ден по ред паѓаат, поради стравот за пониска побарувачка на гориво во рамки на глобална рецесија предизвикан од пораст на каматните стапки во светот и порастот на вредноста на американскиот долар, извести Ројтерс. Сировата нафта за идна испорака (ноември) падна за 1,35 американски долари, односно 1,57 отсто на 84,8 долари за барел. Цената...

ЕУ се договори за делумно ембарго на увозот на нафта од Русија

Лидерите на земјите членки на Европската унија во понеделникот начелно се согласија да го намалат увозот на нафта од Русија до крајот на оваа година за 90 отсто, со што ќе се реши ќор-сокакот со Унгарија во врска со најтешката санкција што треба да ја добие официјална Москва поради војната во Украина, пренесе Ројтерс. Ова ембарго ја покрива само руската...

ЕУ во трка за енергија

Кога пред околу една година се вжешти кризата со енергенсите малкумина предвидуваа дека тоа ќе биде подолгорочно. Агресијата на Русија врз Украина целосно ги промени прогнозите и плановите, а енергетиката уште поцврсто се поврза со гео-политиката. Зависноста од руските енергенси (гас – 45,3%, нафта – 27%, јаглен – 46%) ги оневозможи поострите санкции на ЕУ кон Русија. Иако руски енергенси...

Во зима најмногу загадува греењето на дрва, градилиштата во лето, а сообраќајот и индустријата цела година

Биомасата, односно греењето на дрва, е најзначаен извор на загадувањето на воздухот во Скопје во зимските месеци. Палењето огнови на отворено се причина за загаден воздух најмногу во пролет и лето, а сообраќајот, индустријата и согорувањето на нафта и мазут се извори на загадување во текот на целата година. Минералната прашина, пак, која е последица на градежните работи, во...

Поевтинуваат горивата – бензините за 2 денари по литар, дизелот за 3 денари

Со најновата одлука од вчера на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ горивата се поевтинети - бензините за 2 денари по литар, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство за 3 денари по литар помалку. Поевтинување има и кај мазутот. Новите цени на горивата од денеска се: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -...

САД забранија увоз на руска нафта, гас и јаглен, европските лидери повнимателни

Американскиот претседател, Џо Бајден вчера објави дека САД забрануваат увоз на руска нафта, природен гас и јаглен, што пак денеска беше поздравено од украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува Би-би-си. Сепак, европските лидери се повнимателни кон украинското барање да се сопре со увозот на руските енергенси, откако Русија изврши воена инвазија на Украина. Британскиот премиер Борис Џонсон повика на постепено оддалечување од...

Владата смирува: Има стокови резерви, денарот останува стабилен

Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, граѓаните да бидат смирени не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи, соопшти денес Владата уверувајќи дека државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните. „Во моментот нема потреба да се стават во...

Улични борби во Харкив, горат складишта за нафта и гас југозападно од Киев

Руските сили ги нападнаа складиштата за нафта и гас во Украина, предизвикувајќи огромни експлозии, изјавија официјални лица во неделата, додека западните сојузници подготвуват нови санкции, вклучително и протерување на клучните руски банки од главниот глобален платен систем, пренесе Ројтерс. Запален е нафтениот терминал во Василков, југозападно од Киев, рече градоначалникот на градот. Објави на интернет покажуваа експлозиите пропратени со огромен...

Дојче веле: Ќе има ли крај на драматичниот раст на цените на енергијата?

Цените на енергија во 2021 година експлодираа. Греењето и точењето гориво се забележливо поскапи. Една од причините е закрепнувањето на светската економија. Но, и политиката придонесува за поскапувањата, пишува „Дојче веле“. Заздравувањето на глобалната економија јасно се гледа по растот на цените на најважните енергенси. Колку побрзо се опоравуваа најголемите светски економии, американската и кинеската, толку побрзо растеа цените на...

Мазутот поевтинува, цените на бензинот и дизелот не се менуваат

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека вечерва по полноќ нема да се менуваат цените на безнинот и на дизел горивата на бензинските пумпи. Бензинот од 98 октани останува со цената 78,5 денари по литар, цената на „обичниот“ бензин од 95 октани е 76,5 денари, дизел горивото ќе се продава и натаму по цена од 68,5 денари, додека нафтата за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...