Се расчистува шутот од мостот кај Џенова, потрагата по преживеани продолжува


Џенова, 17 август, 2018 - 12:23 (META) 

Багери утрово почнаа да ги расчистуваат урнатините на надвозникот во близина на Џенова, кој се урна во вторникот. По три дена од трагичната несреќа, сè уште се трага по преживеани.

Тешката механизација го тргна големиот вертикален дел на мостот, со што се отвора нов простор за потрага. Спасувачите трагаат по 10 до 20 луѓе, кои се водат за исчезнати.

Неофицијално, во трагедијата во која се урна дел од надвозникот висок 45 метри, загинаа најмалку 39 лица. Меѓу загинатите има шестмина Французи, а другите идентификувани се Италијанци.


Најмалку 22 лица загинаа, а 30 се повредени во стампедо во Индија


Мумбај, 29 септември, 2017 - 11:37 (META) 

Најмалку 22 лица загинаа, а 30 се повредени во стампедо на железничка станица во финансискиот центар на индискиот град Мумбај, соопштуваат од локалната болница.

Од полицијата велат дека стампедото било предизвикано од информација за уривање на надвозник, откако парчиња бетон почнале да паѓаат врз луѓето, а хаосот настанал кога луѓето побрзале да го поминат мостот.

Полицијата сè уште го истражува случајот.


Бројот на загинатите во Колката порасна на 23


Колката, 1 април, 2016 - 11:39 (META) 

Бројот на загинати при уривањето на надвозникот во изградба во индискиот град Колката (поранешна Калкута) порасна на 23, јавуваат локалните специјални служби.

Претходно е јавено дека загинале 21 лицe.

Спасени се 90 лица откако, на еден крај, пукнал дел од надвозникот во должина од 100 метри и се урнал врз пешаците и возилата во прометната трговска област.

– Многумина од спасените се здобиле со тешки телесни повреди – изјави полицискиот комесарот Ајај Тјаги и додаде дека постои голема веројатност бројот на лица заглавени под урнатините да е поголем од моменталните проценки.


Почна изградбата на надвозник преку автопатот Скопје – Петровец


Скопје, 18 март, 2015 - 14:17 (META) 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општината Гази Баба, Тони Трајковски, и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи за изградба на пешачки надвозник преку автопатот Скопје – Петровец.

Овој надвозник ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково, во општината Гази Баба.