fbpx
Таг: надлежни институции

таг: надлежни институции

ДЗР: Институциите недоволно и нецелосно работат за подобрување на родовата еднаквост

Иако уште во декември минатата година беше поддржана од меѓународните организации UN Women, УНФПА, Mисијата на ОБСЕ и УНДП, Националната стратегија за родова еднаквост 2021 – 2026 година сè уште не е донесена од страна на Собранието на РСМ. Покрај тоа, на национално ниво не се целосно спроведени мерките и активностите кои се планирани и поставени со донесената тековна...

Министерство за здравство: Ковид-центрите се изградени по највисоки безбедносни стандарди

Откако изутринава се појавија информации во медиумите и на социјалните мрежи дека пропусти при градбата може да се причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, Министерството за здравство ја информира јавноста дека сите 19 модуларни ковид-болници во државата, се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди, велат оттаму. „Модуларните ковид центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово...

Беса го осуди „говорот на омраза и ксенофобијата во училиштата и во МАНУ“

Движењето Беса денеска го осуди мешањето на политиката во основните и во средните училишта и принудувањето ученици да излезат на протестите што, како што стои во соопштението, ги организира македонската партија на власт, а на кои се слушаат „ксенофобични, расистички и извици кои поттикнуваат омраза кон Албанците“. „Вчера беше објавена една видеоснимка, во која директорот на едно средно училиште во...

УБК му одговорила на СЈО за користењето класифицирани податоци во „Тврдина 2“

Специјалното јавно обвинителство добило одговор од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на барањето за користење класифицирани информации во судската постапка за случајот „Тврдина 2“, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Катица Јанева. Од СЈО не откриваат што им било одговорено, но велат дека за тоа ќе го запознаат судот на рочиштето закажано за 17 јануари. „Од наша страна беа испратени барања...

Граѓаните да останат дома за време на студениот бран, препорачуваат надлежните

Граѓаните да не патуваат и доколку немаат поголема потреба да не излегуваат од дома за време на најавениот студен бран, да носат топла облека, да пијат топли напитоци, а доколку треба да работат на отворено, тоа да го прават со паузи. Ова се дел од препораките на надлежните институции до граѓаните што денеска ги соопштија портпаролот на Владата, Александар...

СДСМ: Да бевме земја членка на ЕУ, таа ќе ја тужеше власта поради загадувањето

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара воведување на бесплатен јавен превоз за сите граѓани на Скопје и на другите поголеми градови и привремено запирање на сите градежни активности, особено на територијата на главниот град, како итни мерки за намалување на загадувањето. Надлежните инситуции, како што нагласи денеска на прес-конференција претседателот на комисијата за животна средина и за просторно планирање на СДСМ, Пеце...

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...