fbpx
Таг: набавки

таг: набавки

Ризиците од корупција и судир на интереси во набавките за ковид-19 остануваат високи

Високи ризици од корупција и судир на интереси изобилувале во јавните набавки поврзани со ковид-19 и во второто полугодие од 2021 година, покажува длабинскиот мониторинг на Центарот за граѓански комуникации, којшто денеска го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од КОВИД-19. Мониторингот на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие...

Вистиномер: Административниот пат на ковид вакцините од производителот до пациентите

Вакцините против ковид-19 кои стигнуваат во Северна Македонија, може да се набават само на два начина – или со регистрација, или со интервентен увоз. Без разлика за која законска варијанта ќе се одлучи Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД, вакцините поминуваат длабински контроли и процедури за регистрација, како и ревизија на документи и сертификати за безбедност. И донираните...

НАТО Агенцијата за комуникации и информации на онлајн средба со македонски информатичари

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска ги охрабрила македонските ИТ компании да се пријавуваат на НАТО тендери, на денешната онлајн презентација на Агенцијата на НАТО за комуникации и информации (НЦИ). Оваа агенција, која денес ја претставувал генералниот директор Кевин Шеид, е задолжена за набавка на информатички производи и услуги и напредни технологии. - Ја отворивме вратата кон НАТО а сега...

Советот за безбедност ја разгледа информацијата за стратешки набавки во Армијата

Совет за безбедност фото: кабинет на претседателот
Највисока стратегиска цел на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и геостратегиска положба. Toa го соопштија од Кабинетот на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски,...

Вакцините против ковид-19 се очекуваат да пристигнат во првите месеци од следната година

Обезбедени се 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцинација и ревакцинација во рамки на КОВАКС механизмот, а во согласност со планот за дистрибуција, вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021 година. Започнати се преговори и за директна набавка од компании кои ги произведуваат вакцините. Предвиден е и трет механизам преку ЕУ за набавка на 200...

Македонската армија се опремува со 89 нови лесни оклопни возила од САД

Преку договор влада-со-влада, Македонија од САД купува 89 лесни оклопни возила (ЛОВ) за опремување на Лесната пешадиска баталјонска борбена група (ЛПБГ), дознава „Мета“ од серија јавно достапни документи. Министерството за одбрана ја потврди набавката на 33 лесни оклопни возила JLTV (Joint light tactical vehicle – здружено лесно тактичко возило, н.з.) од фирмата „Ошкош“, а до американската влада е доставено...

ЦГК: Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари

Седумдесет и еден процент од вредноста на склучените договори за итни јавни набавки, поврзани со заштита од корона вирусот, отпаѓаат само на 5 фирми, а во најголем број на случаи институциите правеле договори само со една фирма. Вкупната вредност на директните 142 договора изнесува над 3,2 милиони евра, покажува најновиот Извештај на Центарот за граѓански комуникации. Според Извештајот, во период...

ДКСК: Во криза се зголемува ризикот од корупција

Уредбите со сила на закон, кои се носат во вонредна состојба, а особено оние со кои се трошат буџетски пари или се користат донации се во фокусот на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во услови на пандемија. Комисијата соопшти дека во надзорот ќе соработува со Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. „Сакаме да истакнеме...

Секое трето јавно претпријатие најмува некого да му ја заврши работата

Секое трето јавно претпријатие најмува надворешни приватни фирми да ја завршат нивната работа, односно дејноста за која се формирани, утврдила анализата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС). Кај една третина од нив, пак, нема анализа за оправданоста на таквите „набавки“, односно за оправданоста услугата да ја пружа надворешно, приватно претпријатие, наместо јавното, кое е основано за таа...

МО: Ревизорскиот извештај е потврда за тешката состојба која ја наследивме

Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) е уште една потврда за тешката состојба која Владата ја наследи и во Министерството за одбрана, нагласува Министерството во својот допис до „Мета“ по повод ревизорскиот извештај за 2017 година. При ревизија на сметката на основниот буџет на Министерството за одбрана за 2017 година, ревизорите констатирале  слабости во системот за јавни набавки во...

Финансиска полиција го чешла работењето на ЈП „Исар“

Финансиска полиција ги проверува тендерските постапки во штипското комунално претпријатие „Исар“, реализирани од претходното раководство на компанијата, соопшти новиот в.д. директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев, додавајќи дека постојат индиции за прекумерно трошење пари. - За девет месеци се набавени 7.000 метли, во вредност од 350.000 денари. Кога тие 7.000 метли ќе се поделат на 20 работника испаѓа дека за...

Кучи на конференција за економска соработка меѓу земјите што немаат излез на море

Министерот за економија, Дритон Кучи, денеска и утре престојува во Женева, каде учествува на Петтата седница на министрите за трговија на земјите во развој без излез на море. Настанот се организира по повод новата Спогодба за олеснување на трговијата на Светска трговска организација (СТО), а меѓународните организации ќе понудат концепт на соработка со овие земји. - Како континентална земја со отворена пазарна...

Најниска цена и задоцнето плаќање, најголеми проблеми на фирмите при јавните набавки

Двата најчести проблеми со кои се соочуваат фирмите при јавните набавки се најниската цена, како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки, и задоцнетото плаќање. Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во извештајот од следењето на јавните набавки за периодот јули – декември 2015 година, кој ги содржи и резултатите од истражувањето на 254 фирми и...

СДСМ: Тодоров ги користи здравствените работници за да правда бизниси

Никола Тодоров е соочен со кримнинална заднина на тендерите во здравството и затоа му се потребни медицинските работници, кои, наводно, ги праќал во странство за да ги обучи за опремата во кутии која служи за бизниси, но не и за граѓаните, обвини СДСМ. „Последниот ревизорски извештај покажа дека е набавена медицинска опрема што отстаптува од потребите наведени во тендерите, дека...

Набавките на штета на пациентите

Болнички доктор тргнува на работа, а попатно од првата аптека купува ампули со ургентен лек, да му се најде во случај на итна потреба за пациент, бидејќи на одделението каде работи, лекот го нема. Ова е една од болничките случки, кои летово ги раскажува болничкиот персонал од една од болниците во Источна Македонија. Додека министерот за здравство Никола Тодоров...

Фирмата од Желино што ги набави палмите, работела во Гостивар, Брвеница и во Аеродром

Фирмата „Россен центар“ од  село Стримница, Желино, преку која јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги набави палмите што нè чинат 500 евра од садница, имала уште неколку набавки. На страницата на Биро за јавни набавки можат да се најдат пет тендери што ги добила оваа компанија. Работела со општините Гостивар, Брвеница и Аеродром. За хортикултурно уредување во Гостивар, фирмата добила два тендери, еден од 172.682...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...