fbpx
Таг: набавка

таг: набавка

Mинистерството за здравство ќе набави 22 нови амбулантни возила

Министерството за здравство ќе набави 22 нови амбулантни возила, информираат денеска оттаму. Надлежните велат дека утврдиле потреба за набавка на нови амбулантни возила за јавните здравствени установи во државата. „Најголем број од возилата кои се на располаѓање на установите се застарени, дотраени, со помината поголема километража од техничкиот максимум и амортизирани. Министерството изготви и до Владата достави информација за давање...

Шаќири вети дека ќе набави географски карти, глобуси, компаси и атласи за сите училишта во државата

Од септември во сите основни училишта во државата ќе бидат на располагање новите наставни и нагледни средства по историја, географија и другите предмети, со што часовите ќе станат значително поинтересни за учениците и наставната материја полесно ќе се совладува, најавија од Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму информираат дека кабинетите по овие предмети во моментов се опремуваат со различни...

Уште 26 лесни оклопни транспортери „Ошкош“ наскоро ќе бидат предадени на АРМ

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг за новинари информираше дека во пристаништето во Солун пристигна втората пратка лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, односно 26 возила, наменети за Армијата на Република Северна Македонија. „Вкупно 26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени...

ЕСМ Продажба набави струја наменета за градинки, училишта, универзитети и болници

ЕСМ Продажба набави електрична енергија за период на испорака од 09 до 16 април, преку склучен индивидуален договор со ХСЕ „Мак Енерџи“ ДООЕЛ Скопје, со договорена моќност од 70 MW, количина 13.440 MWh по цена од 106,4 евра/MWh, соопшти претпријатието. „ЕСМ Продажба ја набавува оваа електрична енергија за да ги исполни договорените обврски кои ги имаме склучено со основни и...

ЕСМ и за април ќе набавува природен гас од Макпетрол

ЕСМ Продажба денеска соопшти дека донела одлука за избор на набавувач на природен гас за месец април за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Добавувач ќе биде фирмата Макпетрол, а природниот гас за април ќе се набави по фиксна цена од 53,60е/MWh. Имено, на јавниот...

ЕСМ за март ќе набавува гас за работа на топланите од Макпетрол

Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) донесе одлука да ја избере компанијата Макпетрол за набавка на природен гас за март 2023 година за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Природниот гас за март ќе се набави по цена од 60,10 евра за...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за висока цена на набавениот гас, ЕСМ со реакција против фирмата на Мицкоски

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска денеска ја обвини владата дека земјава плаќала набавка на природен гас по цени и до 1.950 евра за 1.000 нормални метри кубни, а просечната цена по која бил набавуван од почетокот на грејната сезона е 1.560 евра. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно се понудија со позиции и контакти кои биле во можност да обезбедат...

Контраспин: Најголемите партии спинуваат за договорот на ЈСП со „Пуцко Петрол“

Помеѓу фиксна цена на горивото и фиксна цена на маржата има огромна разлика. Но, најголемите политички партии во државата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ упорно со денови спинуваа околу ова прашање и со јавноста комуницираа со ставови дека ЈСП ќе му плаќа на „Пуцко Петрол“ фиксна цена за гориво од по околу 2 евра за литар, иако цената на дизелот паѓа...

ЕСМ ќе купува гас за шест месеци за да работи скопското парно, дизелот засега е алтернатива

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) утре очекува да пристигнат повеќе понуди од заинтересирани компании за набавка на природен гас за производство на топлинска енергија во Скопје. Ќе се набавува гас за работењето на топланите „Исток“, „Запад“ и „Север“, но се чекаат понуди за гас и за функционирањето на комбинираната електрана ТЕ-ТО. За ова денеска информираше директорот на АД ЕСМ...

Не е вистина дека Русија ѝ ги донирала на С. Македонија борбените авиони во 2001 година

Единствените борбени авиони што ги поседувала државата се четирите „Сухој СУ-25“, но не е вистина дека македонската армија ги добила како донација од Русија за време на воениот конфликт во 2001 година. Армијата овие борбени авиони ги купи, и тоа од Украина, а не ги доби како донација. Русија нема никаква поврзаност со овие четири авиони, пишува „Вистиномер“...

Скопска Апелација го укина притворот на Драги Рашковски и Трајко Вељаноски

Апелацискиот суд - Скопје вчера донесе одлука да ги укине куќните притвори на Драги Рашковски и на Трајко Вељаноски. Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски ќе имаат обврска да се јавуваат во судот секој прв работен понеделник во месецот, а одземени им се и патните исправи и тие не смеат да ја...

Министерството за здравство ја поништи постапката за набавка на сензори за лицата со дијабетес

Постапката за набавка на системи за следење (мониторирање) на гликоза, односно сензори наменети за пациенти со дијабетес тип 1, е поништена согласно член 114 од Законот за јавни набавки, информираат за Мета од Министерството за здравство. Како што оттаму појаснуваат, процесот е поништен откако стручна комисија извршила евалуација и констатирала дека ниту една од понудите не е прифатлива. „Согласно нивното...

МЗ: Ќе се набави Молнупиравир, единствениот лек за ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) информира дека ќе го набави лекот Молнупиравир, за кој вели дека е единствениот лек откриен против ковид-19. Министерството стапил во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка. Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19....

Владата најавува набавка на електрични службени возила и препорачува користење еколошки превоз

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека е дадена инструкција со веќе објавениот тендер на владината Служба за општи и заеднички работи, да се види дали може од 20 до 50 отсто во набавката на службените возила да се вклучат електрични или еколошки возила. „Инструкции се дадени и на сите други институции да не набавуваат ако не мораат. Таму каде што...

ЕСМ понуди пониска цена на тендерот на ЕВН Хоум што може да влијае на крајната цена на струјата

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) на тендерот за набавка на струја што го објави универзалниот снабдувач, ЕВН Хоум, понудиле најниска цена од 36,1 евро за мегават-час (мгвч.). Оваа набавка на електрична енергија е за наредните шест месеци. Сега понудената цена на ЕСМ е пониска од ланската за 2,7 отсто, која изнесуваше 38,8 евра за мегават-час. Останува да се...

Филипче го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од кинески „Синофарм“

Министерот за здравство Венко Филипче го потпиша договорот за набавка на вакцини против ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“. Со договорот, Република Северна Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец. Од Министерството за здравство велат дека точниот датум на пристигање и сите други информации ќе се знаат деновиве. „Почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност,...

Заев: Србија ќе ни помогне со 8.000 вакцини од нивната набавка од „Фајзер“ по набавна цена

Премиерот Зоран Заев информираше дека српскиот претеседател Александар Вучиќ потврдил дека Србија на Македонија ќе и помогне со 8.000 вакцини од „Фајзер“. „Имаме убава, среќна вест. Добиваме 8.000 „Фајзер“ вакцини од Србија. Претседателот Вучиќ денес ми потврди дека Србија ќе ни помогне со вакцини од нивната набавка, кои ќе ги платиме по набавна цена. Ова е чин на солидарност на нашиот...

Примената на брзи тестови за коронавирусот започна во земјава, Албанија ја „чека“ новата 2021 година

Во Албанија, според изјавата на министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, брзите тестови ќе пристигнат во декември. Но, според податоците од тендерот објавени оваа среда, нивното пристигнување ќе се случи во најдобар случај, не порано од средината на јануари 2021 година. Во меѓувреме, Северна Македонија, Грција, Србија и Хрватска веќе започнаа да ги употребат брзите тестови за Ковид-19, со цел...

Милевски: Ако општините набавиле возила за луксузирање, тогаш тоа е за осуда

Со ребалансот на буџетот нема да се намалат средствата за регионален развој. Оценката е дека ковид кризата се одрази врз работењето на општините, поради што намалена е наплатата на даноци и приходите на јавните претпријатија. Ова од Штип денеска го кажа Горан Милевски, министер за локална самоуправа, кој очекува Собранието да го изгласа ребалансот со непромената ставка. „Ние се бориме...

Општините за три години потрошиле два милиони евра за набавка на возила

Во периодот од 2017 до 2019 година, општините потрошиле вкупно околу 2 милиони евра или 140 милиони денари за набавка на моторни возила и камиони, покажува новото истражување на Центарот за економски анализи (ЦЕА). Дури 85 отсто од потрошените средства биле за набавка на моторни возила, а само 15 отсто за набавка на камиони. „За оваа намена пари потрошиле 53 од...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...