fbpx
Таг: МЗШВ

таг: МЗШВ

ЕК се надева на поголема искористеност на средствата од новата програма ИПАРД

Јиржи Богдан Плева, генерален директор за земјоделство и рурален развој во Европската комисија, на средбата со министерот за земјоделство, шумарско и водостопанство, Љупчо Николовски, во Брисел, позитивно го оценил големиот интерес и бројот на доставени барања за користење на финансиски средства од програмата ИПАРД 2014-2020 на првиот јавен повик и изразил надеж дека нема да се повтори искуството со...

МЗШВ исплати 125 милиони денари субвенции за земјоделците

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство исплати околу 125 милиони денари субвенции за земјоделство, известуваат од таму. Најголемиот дел или околу 61 милиони денари се субвенции за дополнителна финансиска поддршка за сертифициран семенски материјал, 35 милиони денари за субвенција за литар предадено млеко, повеќе од 17 милиони денари се субвенции за предаден зеленчук во преработувачки капацитети. „Остатокот од исплатените субвенции се за...

Николовски најави ревизија на 7.000 договори за закуп на државно земјиште

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе направи ревизија на сите договори за закуп на државно земјоделско земјиште, склучени во 2016 година и во периодот пред тоа, а резултатите од анализата ќе бидат соопштени до крајот на годинава, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Министерот рече дека постојат сознанија за направени злоупотреби и дека со...

МЗШВ изврши авионско снимање на целата територија

Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од јуни до средината на август изврши авионско снимање на целата територија на Македонија, по втор пат после 2009 година, информираат оттаму. Согласно европските регулативи и препораки, авионските снимки се основа за функционирање на Системот за идентификација на земјишни парцели (СИЗП). „Со просторната идентификација на земјишните парцели се определуваат границите и големината на обработливата површина за...

Хрватска и официјално објави дека го повлекува новиот правилник за увоз

Веста за повлекување на новиот и за враќање на стариот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, е објавена на официјалната веб-страница на Министерството за земјоделство на Хрватска, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Со враќањето на стариот правилник, трошоците за контрола на квалитет на овошјето и на зеленчукот од трети земји остануваат 12 евра по производ. - Одлуката...

Регионот побара од Хрватска да укине одредби од правилникот за увоз на овошје и зеленчук

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, надлежните министри од Босна и Херцеговина - Мирко Шаровиќ, од Република Србија - Расим Љајиќ и од Црна Гора - Драгица Секулиќ, на денешниот итен состанок во Сареаво донесоа неколку заклучоци во врска со новиот хрватски правилник за увоз на свежо овошје и зеленчук. Министрите ја повикуваат Хрватска итно да ги укине дискриминаторските одредби од...

Ќе бидат исплатени субвенциите за овоштарите и за лозарите, велат од МЗШВ

Подготвени се решенијата за исплата на субвенции на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари што производителите ќе ги добијат на почетокот од неделава, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Освен за овоштарство, подготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата на овие...

Струга и годинава организатор на „Денови на македонскиот мед“

Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Општина Струга, втора година по ред ќе ја организира манифестација „Денови на македонскиот мед“. Тридневната манифестација на пчеларите од Македонија ќе се одржи од 5 до 7 август, на Плоштадот на револуцијата во Струга, а на неа се очекува да учествуваат повеќе од 30 пчелари...

МЗШВ: Николовски шири клевети, манипулации и дезинформации

Со вчерашната изјава, Љупчо Николовски од СДСМ уште еднаш покажа дека нема никакви конструктивни идеи, туку воден од желбата постојано да биде присутен во медиумите, само шири клевети, манипулации и дезинформации, надевајќи се притоа на политички поени, се вели во реакцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на вчерашната прес-конференција на Николовски. „Уште еднаш ќе потсетиме дека покрај...

МЗШВ воведува ограничување на движењето низ шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) објави дека се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и во шумските појаси од денеска до 15 август, во периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне. Ограничувањето не важи за лица што имаат соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и за субјектите...

Костадиновски го демантира Николовски за „Јапонска помош“

Заминик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, денеска во Пехчево ги демантира обвинувањата што ги изнесе дополнителниот заменик-министер во оставка, Љупчо Николовски, за злоупотреби на јапонската помош за земјоделска механизација. - Немајќи идеи и понуда со конкретни проекти за подобрување на животот на земјоделците или состојбата во земјоделството, Николовски изнесе обвинувања за работи направени во време на министерот Славко...

Николовски: Огромни злоупотреби со парите од проектот „Јапонска помош“

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во оставка, Љупчо Николоски, денеска соопшти дека откриле скандал поврзан со проектот познат како „Јапонска помош“. Станува збор за фонд во висина од 12 милиони долари, помош од Владата на Јапонија. „Документите што денеска ги објавувам покажуваат дека власта, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, наместо да ја користи оваа помош за бескаматни...

Николовски: Работата на шумската полиција е пред колапс

Работата на шумската полиција е пред колапс, а причина за ваквата лоша состојба е запоставувањето на овој сектор од премиерот Никола Груевски, изјави денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. „Како дополнителен заменик-министер, остварив повеќе контакти и разговори со вработените, вклучително и со раководителот на шумската полиција, и по направените анализи, за жал, може да констатираме дека...

Ограничено движење во шумите до 5 август

Од денеска до 5 август се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и во шумските појаси во период од 7 часот наутро од 17 часот попладне, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што информираат оттаму, во шумите ќе можат да се движат само лица со соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...