fbpx
Таг: МЖ Транспорт

таг: МЖ Транспорт

Нова помош од 2,5 милиони евра за Македонски железници за исплата на плати

А.Д. Македонски железници – транспорт ќе добие вонредна помош од речиси 2,5 милиони евра за исплата на платите и за расчистување на обврските, пари кои се доделуваат со одлука на Министерството за транспорт и врски. Ова е втора одлука за доделување средства на МЖ Транспорт за да си ги расчисти долговите откако Владата на 10 ноември лани исто така му...

Железница набавува делови за да проработат возовите кон Битола

За да профункционираат патничките возови кон Битола, прво треба да се поправат кинеските моторни возови кои беа набавени пред неколку години. Железници на РСМ-Транспорт објави тендер за набавка на резервни делови за дизел возовите од серијата 711, при што во постапката е планирана набавка на хидраулични амортизери, сензори за дизел мотори и други резервни делови кои се неопходни за...

Српски приватни компании заинтересирани да возат по македонските пруги

Државното акционерско друштво Железници на РСМ-Транспорт од почетокот на годинава добива конкуренција. Неколку приватни оператори за товарен железнички сообраќај од Србија веќе пројавиле интерес и подготвеност за влегување на нашиот пазар на почетокот од 2024 година, информираат за Мета.мк од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Интерес кај српските компании има за превоз на стоки на пругата Табановце-Гевгелија...

Мостот кај Стоби саниран, во јануари ќе тргнат возовите кон Гевгелија

За период од неколку недели е реализирана санацијата на железничкиот мост на Црна Река на пругата Велес-Гевгелија. Во периодот од 3 до 5 јануари 2024 година ќе се направи пробно испитување на носивоста на мостот, ќе се заврши техничкиот прием и повторно ќе се воспостави железничкиот сообраќај на Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура...

Само осум воза предвидени со возниот ред за 2024, железницата во колапс [инфографик]

Патнички возови догодина ќе нема од Скопје кон Кичево, Кочани и Табановци, а ќе нема ниту меѓународен железнички сообраќај од македонскиот главен град. Објавен е возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, а во него е впишано дека од скопската железничка станица ќе поаѓаат само по осум воза дневно кон Битола, Гевгелија и Велес. Кон останатите релации нема да сообраќаат...

Локомотивата поправена, единствениот воз за Битола тргна по 10 дена

Железници на РСМ-Транспорт 10 дена ја поправаше локомотивата која го влече единствениот воз на релацијата Скопје-Битола-Скопје. По 10 дена пауза, возот вчера во 14:30 часот тргна од Скопје за Битола и треба да сообраќа редовно во наредниот период, и во правецот од Битола за Скопје со поаѓање во 3:13 часот. Возовите не сообраќаа 10 дена, бидејќи единствената исправна локомотива...

Бочварски смета дека железницата е бунар без дно, кон Битола нема ниеден воз

Министерот Благоја Бочварски и македонската влада, исто како и граѓаните, се незадоволни од функционирањето на Македонски железници - Транспорт. Тој денеска коментираше дека државното железничко претпријатие постојано добива субвенции од владата, а финансиската поддршка годинава достигнала до 25 милиони евра. На овој начин, тој денеска ја коментираше лошата состојба во ова претпријатие, кое изминатиов период откажа повеќе патнички возови...

Попладнево нормализиран железничкиот сообраќај во земјава

Патничките и товарните возови од денеска повторно сообраќаат, откако раководството на Железници на РСМ-Транспорт на вработените им ги исплати патните трошоци за октомври. Патничкиот железнички превоз започна да функционира со возот од Скопје за Битола, со поаѓање од 14:30 часот. Од петокот попладне до денес претпладне во прекин беше железничкиот превоз, поради бојкотот што го почна машинскиот и извршниот персонал...

Возовите од попладнево не сообраќаат, машиновозачите бараат патни трошоци

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 16 часот е во прекин, откако машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт стапија во бојкот поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец. Патничките и товарните возови не сообраќаат, почнувајќи од возот на релацијата Скопје-Гевгелија кој поаѓа од главниот град во 16:55 часот. Засега нема информации до кога ќе трае бојкотот на работењето од...

Владата ќе издвои 15,7 милиони евра за Железници-Транспорт преку издавање акции

Преку издавање на четврта емисија на акции по пат на приватна понуда, од Владата на РСМ ќе одвојат дополнителни 15,7 милиони евра за Железници на РСМ-Транспорт. На овој начин, ќе се помогне работењето на државната железничка компанија, која има огромен долг од околу 64,9 милиони евра заклучно со првото полугодие од 2023. Од Комисијата за хартии од вредност информираа...

Трет пат за два месеца запалена пругата Велес-Битола, сообраќајот во прекин

За помалку од два месеца, по трет пат се запалени дрвени прагови од пругата Велес-Битола во северниот дел од Пелагонискиот регион. Поради ова, во прекин е железничкиот сообраќај на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Симптоматично е што палењето на пругата и онеспособувањето на сообраќајот се случува речиси на идентичната локација во Општина Долнени. Од Центарот за управување со кризи информираат дека била запалена...

Укинатите патнички возови кон Битола ќе се вратат во функција, ама не се знае кога

Стружните служби во Железници на РСМ-Транспорт интензивно работат на редовно одржување на возните средства, за што побрзо да се вратат во функција укинатите возови од Скопје кон Битола, Кичево, Табановце и Кочани. Ова е одговорот што Мета.мк го доби од раководството на државната компанија откако на 25 октомври беа укинати по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје. И додека негативните...

Од 25 октомври се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, ќе сообраќаат само еднаш дневно

Нови укинувања на патнички возови најавува Железници на РСМ-Транспорт. Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно. Патниците од среда нема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 часот, како и од...

Македонски железници ќе добијат конкуренција – и приватници ќе возат по нашите пруги

Најголемиот државен загубар и единствена компанија која во моментов сообраќа по македонските пруги - Железници на РСМ Транспорт во иднина ќе добие конкуренција од приватни оператори. Во Собранието на РСМ во моментов по скратена постапка се усвојуваат предложените измени и дополнувања на Законот за железнички систем, со кој ќе се стави крај на државниот монопол во железничкиот сообраќај во...

Има шест активни пожари, во Пелагонија палењето ниви ја оштети пругата Велес-Битола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 36 поголеми пожари во земјава, од кои шест и понатаму се активни. Притоа, три од активните пожари се во битолскиот регион, а три во прилепскиот регион. Поради изгорени прагови од пругата меѓу Богомила и Прилеп, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Скопје и Битола, информираа...

По две недели прекин, железничкиот сообраќај се нормализира во земјава

Товарниот железнички сообраќај започна да функционира од синоќа во земјава, а од вторник ќе стартуваат со сообраќај и патничките возови. Ова е договорот што го постигнаа вработените со раководството на Железници на РСМ-Транспорт. Постигнат е договор за прекин на бојкотот на машиновозачите, но и за редовност во исплаќањето на платите. Договорено е и раководството да ги повлече суспензиите за колегите...

Машиновозачите бараат колективен отказ ако бидат суспендирани или отпуштени нивни колеги

Раководството на Железници на РСМ-Транспорт подготвило список со 12 вработени во компанијата кои ќе бидат суспендирани од работното место поради актуелниот бојкот кој резултира веќе шести ден во прекин да е патничкиот и товарниот железнички превоз во земјава, информира Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт и претседател на Синдикатот на машиновозачи. Тој во изјава за Мета.мк...

Машиновозачите демантираат: Основната плата ни е 23.000, а не 60.000 денари

Прекинот на патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија продолжува, а машиновозачите го демантираат вчерашното соопштение на раководството на Железници на РСМ-Транспорт дека платата на машиновозачите изнесувала 60.000 денари. Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот персонал, Тони Димовски во изјава за Мета.мк вели дека основната плата на машиновозачите е 23.000 денари, и но дека не е точно...

Железничкиот превоз петти ден во прекин, раководството бара машиновозачите да возат

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија веќе петти ден е во прекин како последица на бојкотот на машиновозачите да ги управуваат возовите поради неисплатената плата за јули. Машиновозачите од Железници на РСМ-Транспорт појаснуваат дека до 15-ти во месецот платата треба во целост да биде исплатена, а досега тие добиле само половина од платата за јули. Машиновозачите се заканија дека...

Постигнат договор, возовите ќе почнат да сообраќаат од 20 часот

Патничките и товарните возови ќе продолжат да сообраќаат од вечерва во 20 часот по седумчасовниот бојкот на работењето на вработените од Железници на РСМ-Транспорт. Вработените со менаџментот на државната компанија постигнале договор најдоцна до петок да се исплати вториот дел од платата за јуни, но и да започнат преговори за измени во актот на систематизација за да се покачи...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...