fbpx
Таг: музичар

таг: музичар

[ФОТО] Со песните од „Парни ваљак“, Скопје се прости од Аки Рахимовски

Со песните од музичката група „Парни ваљак“, скопјани синоќа на плоштадот „Македонија“ му оддадоа почит на пејачот и некогашен нивни сограѓанин, Аки Рахимовски. Десетици граѓани ги пееја песните на оваа култна група, запалија свеќи во негова чест и се потпишаа во книгата на жалоста. Целодневниот настан во организација на радио Буба Мара вчера го посетија и бројни македонски музичари, како...

[Фото] Скопјани на плоштад му оддаваат последна почит на Аки Рахимовски

Бројни жители на главниот град денеска му оддадоа последна почит на пејачот Аки Рахимовски. На плоштадот „Македонија“ беше поставена книга на жалост, на која се потпишаа претседателот Стево Пендаровски и министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска. Со фронтменот на групата „Парни ваљак“ се простија и бројни музичари од земјава. „Почивај во мир голем пејачу и човеку“, „Ти благодарам за...

Почина светската музичка ѕвезда Џорџ Мајкл

Пејачот и светска музичка ѕвезда Џорџ Мајкл вчера починал во својот дом во Оксфордшир, Велика Британија, на 53-годишна возраст, соопштил неговиот публицист, пренесува „Би-би-си“. Медицинските екипи биле повикани во неговиот дом, вчера во 13.42 часот, според локално време, а полицијата соопштила дека смртта на пејачот засега ја третира како неразјаснета, но дека нема сомнителни околности. Веста за смртта на Џорџ Мајкл...

Почина канадскиот пејач, поет и уметник Леонард Коен

Вчера, на 82-годишна возраст, почина канадскиот пејач, текстописец и поет Леонард Коен. Веста за неговата смрт е објавена на официјалниот фејсбук-профил на музичарот, но не се наведени детали околу причините за смртта. „Со длабока тага соопштуваме дека почина легендарниот поет, текстописец и уметник Леонард Коен“, стои во соопштението. Канадскиот премиер Џастин Трудо му оддаде почит на пејачот, кој беше еден од...

Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература

Легендарниот музичар Боб Дилан е добитник на годинешната Нобелова награда за литература, соопштија од Шведската академија во Стокхолм. Наградата ја добил за „создавање нови поетски изразувања во рамките на големата американска традиција на песни“. Дилан е 259. Американец што добил Нобелова награда. Истовремено, тој е првиот Американец што ја доби Нобеловата награда за литература по 1993 година, кога таа награда и припадна на Тони Морисон.

Почина светската поп-икона Принс

Прославената американска музичка ѕвезда и поп-икона Принс почина денеска на 57-годишна возраст во својот дом во Минесота, пренесуваат светските медиуми. Како што пренесуваат медиумите во САД, полицијата денеска била повикана од итната помош на неговиот имот, Пејсли парк, и во тек била истрага која треба да ги утврди причините за смртта. Музичарот на 15 април беше хоспитализиран по концертот во Атланта...

Боно Вокс се збогати преку „Фејсбук“

За 56 милиони фунти, Боно Вокс во 2009 година купил 2,3 отсто удел во акциите на „Фејсбук“. Вредноста на неговите акции денес се искачила на вртоглави 940 милиони фунти. Тоа значи дека водачот на бендот „Ју ту“ во последните шест години, врз основа на тоа заработил повеќе отколку во текот на целата своја музичка кариера. Со овој потфат, ирскиот музичар го симнал...

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...