fbpx
Таг: музеј

таг: музеј

Посетители го преполнија берлинскиот музеј „Пергамон” пред долгогодишното затворање

Огромен број посетители бараат да влезат во берлинскиот музеј „Пергамон” за да ги видат светско познатите богатства вклучително и древната вавилонска порта Иштар, пред музејот да се затвори во недела поради долгогодишно реновирање, пренесува германската агенција ДПА. Музејот е меѓу најпопуларните во цела Германија и ќе биде целосно затворен четири години. Дополнително, некои делови од музејот се очекува да останат...

Мисијата на Дионис ја преземаат синовите: Музејот на олдтајмери во Неготино ја сонува иднината за нов објект

Љубовта кон колекционерството и страста кон олдтајмерите на Дионис Пашлаков ретко кој во Македонија не ја осозна во документарниот филм „Avec l’amour“ („Со љубов“), во режија на Илија Цветковски. Овој документарец беше прикажан пред повеќе од пет години во земјава, преку кој македонските граѓани можеа да се запознаат со Музејот на олдтајмери во Неготино. Пред повеќе од две години,...

По девет години грчката полиција пронајде украдена слика од Пикасо, па ја „испушти од раце“

Украдена слика на Пикасо
Грчките власти го слават враќањето на две уметнички дела – едно од Пабло Пикасо и друго од холандскиот сликар Пит Мондријан, кои биле украдени од Националната галерија во Атина во 2012 година. Делата биле пронајдени завиткани во пластика и оставени во едно суво речно корито во Кератеа, град во Источна Атика, Грција, соопштија официјални лица на прес-конференција, а пренесе „Гардијан“. Сликите...

Денот на железничарите и годинава се одбележа без основан Музеј на железниците

Денеска се одбележуваат 148 години од воспоставувањето на железничкиот систем во земјава. Во 1994 година, Работничкиот совет на Македонски железници го прогласил 9 април за Ден на железничарите, но овој ден и годинава ќе се одбележи без постоење на Музеј на железниците на Македонија, во чии простории би требало да се одбележи овој датум. Во далечната 1873 година, се воспоставил...

„Лувр“ ја постави онлајн својата колекција од речиси половина милион уметнички дела

Најпосетуваниот музеј во светот, „Лувр“ во Париз, постави онлајн над 480.000 уметнички дела, меѓу кои и „Мона Лиза“ и „Милоска Венера“. На официјалната веб страница на музејот се прикачени дела од колекциите од неговите осум оддели, почнувајќи од Исламска уметност, преку Скулптури и Ренесанса, па до Египетски антиквитети. „Зачудувачкото културно наследство на Лувр сега е на само еден клик. За...

„Аја Софија“ после 86 години денеска отворена за верски обреди

Една од најпосетените туристички дестинации во Истанбул, „Аја Софија“, која од 1985 година се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО, од музеј, после 86 години, денеска е џамија за одржување на верски обреди. Вчера на влезот на храмот бил поставен нов натпис, на турски и на англиски јазик: „Големата џамија на Агиа Софија“. Од раните утрински часови...

Доделена е просторија за основање на Музеј на железниците во Транспортен центар

Јавното претпријатие Железници на РСМ-Инфраструктура има доделено просторија во рамките на Транспортниот центар-Скопје, која што ќе служи за основање на Музејот на железниците на нашата земја. Од ова јавно претпријатие ја потврдуваат ваквата информација, посочувајќи дека одлуката е донесена на крајот на минатата година. Веќе се назначени и лица коишто во претстојниот период ќе работат на основање на новата...

Имаме богато железничко наследство, но немаме музеј и интерес за да го зачуваме (галерија)

Денот на македонските железничари и годинава беше симболично одбележан на 9 април. На овој ден, во далечната 1873 година се воспоставил сообраќајот на првата железничка линија меѓу Скопје и Солун. По 147 години од основањето на железницата во земјава, Македонија заедно со Албанија се последните земји во Европа кои немаат локација каде што може да се одбележи овој ден....

Музејот на ВМРО во Штип само со повремени посетители

Восочните фигури на 11 дејци на ВМРО, чија изработка чинеше околу 100.000 евра, се предмет на интерес главно на ученици и по некој турист. Музејот на дејците на ВМРО од Штип овој декември ќе наврши четири години откако е отворен за посетители. Но, редовните трошоци за работа и одржување, го прават музејот тежок за одржување за НУ Заводот и...

Експертите на УНЕСКО ја почнаа контролата на проектите во Охрид

Група експерти на УНЕСКО од денеска се во Охрид каде што вршат увид на повеќе проекти што се во тек или кои се планирани да се реализираат. Експертите на УНЕСКО најпрво го посетиле Националниот парк Галичица, каде разговарале со раководството на јавната установа, но и со претставници на владата. Неофицијално, во НП Галичица се врши увид во однос на два проекти планирани...

Иванов го осуди инцидентот во Битола и повика на одговорно однесување

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, остро го осуди денешниот инцидент во Битола во кој беше нападнат објектот на Националната установа „Музеј на албанската азбука“. Како што се наведува во соопштението, македонскиот претседател верува дека ова е изолиран случај и повикува инцидентот да не се злоупотребува за партиски, политички цели и за манипулација на јавноста. Иванов, како што соопштуваат од кабинетот...

Битолскиот музеј ќе ги заѕидува капиите на битолската тврдина Џепане

Завод и музеј Битола ќе ги заѕидува капиите на познатата битолска тврдина Џепане, додека не се најдат средства за негова санација и заштита. Ваквиот потег е со цел да се заштити објектот од понатамошни кражби и уништување на имотот. Директорот на Завод и музеј Битола, Зоран Алтипармаковски, вели дека Музејот изработил елаборат за валоризација на Џепане и го испратил до...

Музејот „Никола Незлобински“ ќе ја ревалоризара збирката на сликарот Вангел Коџоман

Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“ годинава ќе реализира повеќе проекти, меѓу кои и ревалоризација на збирката на сликарот Вангел Коџоман. Со средства од Министерството за култура, музејот ќе ги осовремени депоата, а ќе се спроведе и конзервација на етнолошкиот материјал од збирката. Музејот годинава ќе изврши конзервација на метални предмети од богатата збирка, замена на експонатите од постојаната изложба со нови...

Чувар крадел лични предмети на Тито од Музеј во Белград

Белградската полиција уапсила вработен од обезбедувањето на Музеј на историјата на Југославија, под сомневање дека украл предмети од музејот кои му припаѓале на Јосип Броз Тито. Како што денеска соопшти српското министерство за внатрешни работи, осомничениот И.М. (38) крадел експонати од збирката „Подароци и лични предмети на Јосип Броз Тито“, за чие чување бил задолжен, брошеви и игли за вратоврски...

Завод и музеј Охрид не се надлежни за издавањето одобрение за хотелот во Лагадин

Од охридската локална самоуправа сметаат дека нема ништо спорно во изградбата на хотелот на Лагадин, а од Завод и музеј Охрид се произнесоа дека немаат надлежност околу издавањето одобрение за градба на хотелот во Лагадин. - НУ Завод и Музеј од Охрид нема надлежност да изработи заштитно-конзерваторски основи за општ акт за село Лагадин ниту, пак, има каква било надлежност при...

Денеска се отвора Музеј на охридскиот бисер во Охрид

Денеска во Охрид се отвора Музејот на охридскиот бисер, кој ќе биде уште едно незаобиколно катче за туристите. Во срцето на старото градско јадро, веднаш над катедралната црква „Св. Софија“, музејот го отвора познатото семејството Филеви од Охрид, кое, заедно со само уште едно друго семејство - Тилеви, ги знае тајните во изработката на оригиналниот охридски бисер. Сеќавањата на потомците на...

Лустерот од Офицерскиот дом во Битола лежи на земја и чека инструкции

Полицијата води истрага, а од Завод и музеј Битола чекаат упатства од Управата за заштита на културното наследство што да се прави со остатоците од кристалниот лустерот кој речиси шест децении го красеше Офицерскиот дом во Битола. Остатоците од демолираниот лустер и натаму се на подот од салата. Полицијата изврши увид на лице место. Сега се  чекаат резултати од истрагата. - Се...

Музејски културен центар „Лапидариум“ во комплексот „Куќа на Робевци“ во Охрид

Во рамките на музејскиот комплекс „Куќа на Робевци“ во Охрид почна да функционира музејскиот културен центар „Лапидариум“, кој беше целосно обновен со средства на Министерството за култура. Музејскиот простор, кој е опремен со современи елементи, ќе служи како центар за презентација и за продажба на информативен и на стручен публикуван музејски материјал, како и за презентација на значајни сувенирски предмети...

Утврдена програмата за одбележување на 1.100-годишнината од упокојувањето на св. Климент

Поглаварот на МПЦ-ОА, г. г. Стефан, митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј, претседателот на МАНУ, Таки Фити, и академиците, Владо Камбовски, Георги Старделов и Цветан Грозданов, на средбата со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, ја утврдија програмата за одбележување на 1.100 години од упокојувањето на св. Климент Охридски. Носител на програмската содржина на свечената академија во Охрид е МАНУ со поддршка на...

Интегрирана заштита на старото градско јадро во Охрид, според искуствата од Каен, Франција

Денеска пред Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на расправа е предлог-законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Во меѓувреме, охридската локална власт го финализираше Планот за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид. Планот е работен во рамките на проектот „Изработка на план за интегрирана заштита на...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...