fbpx
Таг: МТВ

таг: МТВ

Снимател на МТВ втора жртва на корона вирусот меѓу медиумските работници

Корона вирусот го зеде животот на уште еден медиумски работник. Синоќа почина 51-годишниот Шенол Ахмети, долгогодишен снимател во албанската редакција на Македонската радио-телевизија, каде го помина целиот свој работен век, повеќе од 20 години. Ахмети се заразил со ковид-19 и пред една недела бил хоспитализиран, а за само неколку дена состојбата му се влошила и завршил на респираторна машина. Колегите...

ЗНМ: Собранието да ги забрза реформите во МРТ, а Владата да се воздржи да ја оценува нејзината работа

Здружението на новинарите на Македонија реагира на заклучокот на Владата на Република Северна Македонија од 8 мај, со кој се дава оценка за работата на Македонската радио телевизија, информираат од таму. „Во заклучокот се вели дека Македонската радио телевизија не ги исполнила професионалните и етичките новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност во информирањето. Неспорно е дека МРТ...

МРД на расчекор меѓу амбисот и сериозен играч во емитување дигитални канали

Македонската радиодифузија (МРД), во изминатите години фукционирала со помалку од предвидените средства, поради ненаплатена радиодифузна такса, што довело до криза кога се во прашање поголемите инвестиции. Од друга, страна познавачите на оваа област се убедени дека МРД, за која сега ќе се одвојуваат средства директно од Буџетот, има доволни капацитети да емитува повеќе од трите канали на Македонската радио-телевизија....

Советот за етика во медиумите утврди дека МТВ2 „позајмила“ текст од „Порталб“

Извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) оцени дека вториот канал на „Македонска телевизија“ ги повредил авторските права на порталот „Порталб“, преземајќи негов текст без притоа да го посочи изворот. Одлуката е објавена денеска на веб-страницата на СЕММ. Пред еден месец, жалба до СЕММ поднел новинарот Суад Бајрами, наведувајќи дека телевизискиот прилог со наслов „ИЈЗ за водата во...

МТВ дише на стари апарати, има слаб видеосигнал, а за второ аудио нема абер

„Македонската радио-телевизија“ (МТВ) наместо да изгради мост на зближување, подигна јазични ѕидови помеѓу гледачите, кои засега се високи колку и самиот објект на телевизијата. Милена Атанасоска-Манасиева – ПИНА Програмите што на МТВ ги емитуваат албанската, турската, влашката и другите заедници во земјава, не стигаат до целата публика бидејќи и пет години по дигитализацијата, националниот сервис не обезбеди можност за повеќе аудиосигнали,...

МТВ ѝ порача на ААВМУ: Известуваме повеќе за ВМРО-ДПМНЕ оти имаа реакции за отчетите

Првиот канал на МТВ денеска реагираше на забелешките на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (ААВМУ) во извештајот од надзорот на медиумското известување во периодот од 16 до 24 септември 2017 година, дека МТВ1 не ја следела одредбата за избалансираност во известувањето за активностите на политичките партии од опозицијата што се претставени во Собранието. Од првиот канал на МТВ реагираат...

Ратајкоски: МТВ ќе го казни вработениот што згрешил објавувајќи владини реклами

МТВ ја увидела грешката и ќе го санкционира вработениот што ја направил грешката со објавувањето на владини реклами, вели Диме Ратајкоски, главен и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на Македонската телевизија. Тој за „Мета“ вели дека по добиените насоки од Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги на 2 септември 2016 година, МТВ ги отстранила сите реклами финансирани од Влада на Република...

Лидерска средба денеска во 13 часот

Лидерска средба, на која треба да се направи пресек дали има услови за одржување избори и што од договорот од 20 јули е досега спроведено, би требало да се одржи денеска во 13 часот, дознава „Мета“ од извори од СДСМ. Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино не ги исполнија сите рокови предвидени со договорот што го постигнаа на 20 јули, пред одржувањето...

МТВ објави оглас за уредник на информативната програма

Македонската радио-телевизија денеска објави оглас за уредник на информативната програма на првиот програмски сервис. Како главни услови за ова работно место се посочуваат: високо образование, пет години работно искуство во новинарството, активно служење со еден светски јазик, самостојно работење со компјутерски програми потребни за извршување на задачите на тоа работно место и аудио-визуелни способности. Основната плата што ќе ја добива идниот уредник е...

Гарет за медиумските реформи: На чело на „Би-Би-Си“ се луѓе што ги оставаат политичките ставови дома

Во „Би-Би-Си“ на чело се луѓе што се одбрани според вештините и стручноста и од нив бараме да ги остават политичките ставови дома, вели британскиот амбасадор Чарлс Гарет, како коментар на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонската радиотелевизија да има два уредника, еден од власта, еден од опозицијата. - Во британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ и во другите јавни институции поставуваме луѓе според...

За медиумите, сè уште далеку од договор и од решение – утре „нов“ краен рок?

Утре е последен ден до кога треба да финализираат преговорите за медиумската сфера на работните групи потписнички на Договорот од Пржино. Според информациите што доаѓаат од преговарачките тимови, тие сè уште се далеку од договор и од решение за клучните работи кои се интерес на разговорите. Неофицијално се дознава дека договорот за владините реклами ќе оди најтешко. СДСМ смета дека владините...

МТВ од денеска нема да емитува владини реклами

„Македонската радио-телевизија“ го прекинува објавувањето владини реклами и кампањи финансирани од буџетот на Република Македонија, дознава „Мета“. Според наши извори, вработените на МТВ пред еден час добиле наредба да не пуштаат владини реклами во временските интервали што досега биле предвидени за тоа. Оваа одлука на МТВ стигнува по соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми објавено вчера, во кое таа ги...

„Цивил“: МТВ не информира и го игнорира референдумот

Невладината организација „Цивил“ е револтирана од начинот на кој јавниот сервис МТВ и одредени приватни медиуми го покриваат референдумот во Општина Цантар за изгледот на Градскиот трговски центар. „Со разочарување можеме да констатираме дека огромен дел од приватните медиуми кои се под контрола на власта, целосно го игнорираат референдумот. Ако тоа и може да се објасни со ставот на власта,...

Ангелов: Не страдаме толку од злобните, колку од пасивноста на добрите

Повеќе од стотина граѓани се собраа денеска пред Македонската радио-телевизија да побараат јавниот сервис да ги пушти прислушуваните разговори што ги објавува опозицијата. На собирот се обратија градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, Љупчо - Бубо Каров и уште неколкумина граѓани од насобраните. Пред МТВ се пуштаа и снимки од прислушуваните разговори. Жерновски рече дека МТВ иако има законска обврска, не ги...

Дебатата за МТВ ги подели новинарите

На моменти со висок тон и со крајно спротиставени ставови помина денешната дебата насловена „Каков јавен сервис ѝ е потребен на Република Македонија“, организирана од ЗНМ. За членовите на ЗНМ, МТВ е непрофесионален јавен сервис кој не е во интерес на граѓаните, додека за уредниците на МТВ, тие се објективни и професионални. Сепак, на крајот, новинарите се договорија следната дебата...

МРТ: Немаме никаква формална, организациска и програмска допирна точка со „Канал 103„

Македонската радио-телевизија ги демантира тврдењата во јавноста дека направила упад во програмата на радиото „Канал 103“. „Радиото „Канал 103“ емитува програма од објектот на МРТ и МРТ нема никаква формална, организациска и програмска допирна точка со истото. Оттаму, уште еднаш се оградуваме од вчерашниот настан. Ниту МРТ, како институција, ниту некој нејзин вработен е дел од истото случување“, велат од...

Тинејџерската група „Уан дајрекшн“ со најмногу награди од „Ем-Ти-Ви“

МТВ Европските музички награди оваа година се доделуваа во Глазгов
Годинешното доделување на Европските музички награди на „Ем-Ти-Ви“ во Глазгов помина во знакот на машката тинејџерска група „Уан дајрекшн“, која освои три награди, и на Ники Минаж, која беше водителка на настанот. „Уан дајрекшн“ добија награда за најмногу обожаватели, за најдобар поп-изведувач и за најдобар настап во живо, а пејачката Аријана Гранде беше прогласена за најдобар женски изведувач. Таа не сцената...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...