fbpx
Таг: МЦМС

таг: МЦМС

Отворен форум за антикорупција: Најкорумпирани министрите, пратениците, судиите и лидерите на партиите

Корупцијата останува неказнива во Северна Македонија. Ако се има предвид дека 25,5% од испитаниците во истражувањето потврдиле дека биле вклучени во корупција и ако тој процент се проектира на полнолетното население се доаѓа до заклучок дека се сторени минимум 372 илјади кривични дела од областа на корупцијата. Од друга страна, во 2022 година само 98 лица биле осудени за...

Дигитална трансформација на локално ниво – вклучена заедница за отпорност на корупција, најновиот проект на Метаморфозис, Блинк 42-21 и Рурална коалиција

Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Рурална коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21, вчера го потпишаа најновиот проект „Дигитална траснформација на локално ниво - вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОГ)“, во рамки на добиениот грант од ЦИВИКА Мобилитас – проект на Швајцарската амбасада, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со НИРАС од...

Истражување: Граѓаните немаат толеранција кон припадници на ЛГБТ заедницата, заболени со ХИВ и уште три категории луѓе

Резултатите од новото истражување на МЦМС „Толеранција и вредности на граѓаните“ покажуваат дека нивото на толеранција во земјава е ниско, а тоа е особено видливо кога станува збор за пет категории луѓе. Според истражувањето, загрижувачки е што големо мнозинство граѓани не сакаат да имаат соседи кои се зависници од дрога (91%), зависници од алкохол (88,6%), луѓе со криминално досие (82%),...

Граѓаните сè помалку учествуваат во доброволни акции, црквите и верските организации им се најпривлечни

Според анкета спроведена лани на репрезентативен примерок од 1.007 испитаници учеството во доброволни акции бележи значителен пад. Само 7,6 отсто од граѓаните изјавиле дека во последните 12 месеци учествувале во доброволни акции, додека овој процент во 2010 година изнесувал 21,9 отсто. Ниската свест за волонтерски ангажман се гледа и од мислењето на голем дел од испитаниците дека немало волонтерски...

Анкета на МЦМС: Скоро половина од испитаниците немаат доверба во нивните градоначалници

Испитаниците во анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) се поделени во довербата кон градоначалниците на општините во кои живеат. Малку над половината (50,6 проценти) одговориле дека имаат доверба за разлика од 47,5 проценти кои рекле дека немаат. Етничките Албанци (74,3 проценти) и припадниците на другите заедници (59,1 проценти) посочиле дека имаат поголема доверба во општинските власти. Испитаниците...

Анкета на МЦМС: Вкупно 78 отсто од граѓаните сметаат дека државата е во политичка криза

Помалку од половина од граѓаните (42 проценти) имаат доверба во Владата, а меѓу нив, побројни се етничките Албанци (61,8 проценти) и припадниците на другите заедници (51,5 проценти). Ова го покажаа резултатите од последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) „Доверба во Владата и локални избори“ посветено на некои актуелни политички прашања. „Околу три четвртини од граѓаните се согласни...

Анкета на МЦМС: Расте заинтересираноста на граѓаните да се вакцинираат против ковид-19

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на истражувањето  „Ковид-19: една година стравови, очекувања и желби за враќање во ‘нормала’“ преку анкета ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето и со другите состојби што ги предизвика болеста ковид-19, информираат од МЦМС. Резултатите од истражувањето покажале дека половина од испитаниците целосно и донекаде имаат доверба во новите вакцини (50,4...

Анкета на МЦМС: Граѓаните се сомневаат во капацитетот на властите за спроведување ЕУ реформи без притисок

На крајот на годината, Владата го најави планот наречен Акција-21, за европски стандарди дома. Планот е одговор на блокадата за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, предизвикана од барањата на Бугарија. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма ги проверуваа ставовите на граѓаните за тоа дали властите имаат капацитет да спроведат дел од реформите без надворешен...

Реформите во здравството и во образованието се најприоритетни за граѓаните

Реформите во здравствениот и во образовниот систем се на врвот на листата најзначајни реформи кои би имале најпозитивен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните. Ова го покажа најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка, МЦМС и телевизија Телма, врз база на анкета, посветено прашањата на евроинтеграциите. Речиси една третина од граѓаните (32 отсто) на прво место го ставиле здравствениот...

МЦМС: Мнозинството граѓани очекуваат економска криза од која нема лесно да излеземе

Дури 88 отсто од граѓаните сметаат дека земјава ќе навлезе во економска криза, а 66 отсто очекуваат дека излегувањето од неа нема да биде лесно, покажува телефонската анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) направена на 1.000 испитаници во периодот од 16 до 22 мај годинава. Што се однесува до економските мерки на Владата, средната оценка на испитаниците...

МЦМС истражување: 71,3 отсто од граѓаните се загрижени за состојбата со корона вирусот

Состојбата предизвикана од Ковид-19 беше повод Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) да направи истражување за ставовите на граѓаните поврзани со здравјето, но и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста Ковид-19. Истражувањето покажа голема загриженост кај 71,3 отсто од граѓаните за моменталната состојба предизвикана од корона вирусот. Демографски, жените се позагрижени (80,6 отсто) наспроти мажите (61,7...

Заев: Граѓанскиот мониторинг ѝ спаси на државата 100 милиони евра

„Неодамна се потсетивме на големиот граѓански протест во 2015 кога над 70 граѓански организации им се придружија на десетиците илјади граѓани на масовниот протест за враќање на владеење на правото, создавајќи широка граѓаанска коалиција која побара моѓта на државата да се намали за сметка на активни, гласни и критички граѓани. Денес Владата може да каже дека застана зад принциот...

Анкета: Пендаровски го зголемил водството на 3,7 отсто пред Сиљановска

Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, е во благо водство (27,2%) пред Гордана Сиљановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ (23,5%), односно разликата е 3,7 процентни поени. Со ова се потврдува ставот дека се работи за изедначена трка, иако Пендаровски во меѓувреме, од претходната анкета, го зголемил водството од 2,6 на 3,7 процентни поени. Ова го покажаа резултатите од истражувањето...

МЦМС: 86,3 проценти од граѓаните сметаат дека е важно родителите да ги вакцинираат децата

Актуелната состојба со епидемијата на морбили беше причина МЦМС да го провери јавното мислење за вакцинирањето. Според истражувањето, за големо мнозинство од граѓаните (89,7 проценти) целосно или донекаде се важни вообичаените вакцини кои се применуваат во земјава. Висок е и процентот (86,3 проценти) на оние кои сметаат дека целосно или донекаде е важно родителите да ги вакцинираат децата. Околу...

Анкета на МЦМС: Повеќето граѓани би гласале за Договорот со Грција

На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“, „За“ би гласале 41,5%, а „Против“ - 35,1%, односно разликата е 6,4 процентни поени. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 1 август. Сепак, помалку Македонци...

Анкета: Мнозинството граѓани се против каква и да е промена на името

Никаква промена на името е ставот на речиси половина од граѓаните или 47,1 проценти, покажува најновата анкета на МЦМС и Институтот за демократија, која ја објави „Телма“. Само 14,4 отсто од граѓаните би прифатиле „двојна формула“, речиси исто толку 14,1 би прифатиле име за севкупна употреба или ерга омнес. Договорено име за во меѓународните организации е прифатливо за 13,6...

Анкета: СДСМ води со 3,4 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, Заев со 6,5 отсто пред Груевски

Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ е со поголема доверба кај граѓаните од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, покажува вториот дел од анкетата спроведена од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и од телевизијата „Телма“, која беше презентирана вечерва. На прашањето, во кој политичар имате најголема доверба, за Зоран Заев се изјасниле 26,2 отсто од испитаниците, а за Никола Груевски 19,7...

ВМРО-ДПМНЕ: Ајде да ги расчистиме дилемите на предвремени парламентарни избори

Во врска со анкетата што „Телма“ ја објави во соработка со „М-Проспект“ и со МЦМС, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги повика СДСМ и Зоран Заев да се охрабрат и да излезат и на предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за расипничкото и неодговорно владеење на СДСМ, се вели во реакцијата на опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека само...

Анкета: 58,9 отсто од граѓаните задоволни од Владата, СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ

Речиси 60 отсто од граѓаните на Македонија се задоволни од работата на новата влада во првите 100 дена, покажува анкетата спроведена од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и од телевизијата „Телма“. Резултатите од анкетата покажуваат дека 58,9 од испитаниците се изјасниле дека се задволни од Владата во првите 100 дена, 34,9 отсто рекле дека се незадоволни, а 6,2 отсто...

АЕК префрлала пари за аква-паркот, панорамското тркало, мајмуните и за „Сокол“

Презентација на студии на случаи со ризици од корупција се одржа денеска во хотелот „Холидеј ин“. Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) со поддршка од „Македонски центар за меѓународна соработка“ и од „Транспарентност Македонија“, презентираше четири студии чија цел е да се подобрат политиките за антикорупција преку анализи на состојбите и укажување на конкретни случаи. Александар Колекевски заедно со Ана...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...