fbpx
Таг: МРТВ

таг: МРТВ

Собранието ја укина радиодифузната такса

Собранието денеска го донесе законот за укинување на радиодифузната такса, кој беше предложен во скратена постапка. За измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги „за“ гласаа 70 пратеници, а „против“ и „воздражани“ немаше. Бидејќи овој закон се носи и со Бадентерово мнозинство, укинувањето на радиодифузната такса го поддржаа 20 пратеници од немнозинските заедници. Координаторот на пратеничката група на СДСМ,...

Селмани: Правдањето на Владата дека нема пари за МРТВ е неубедливо и несериозно

За Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е неприфатливо тврдењето на Владата дека нема пари за финансирање на МРТВ со еден отсто од државниот буџет, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Здружението неодамна ги достави своите забелешки за измените и за дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од кои главната...

ЗНМ: Со укинувањето на рекламите ќе прекине коруптивната врска меѓу власта и медиумите

Укинувањето на рекламите ќе ги ослободи медиумите од финансиската зависност од Владата, која во изминатиот период стана еден од најголемите огласувачи во медиумите, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), по повод одлуката на Владата да ги укине владините реклами во приватните медиуми. Од ЗНМ сметаат дека на тој начин „ќе се прекине коруптивната врска помеѓу власта и медиумите, бидејќи...

Поповски: Владини реклами нема да има, а МРТВ ќе се финансира само од буџет

Една од клучните мерки на Владата е јавниот сервис МРТВ да не биде дел од комерцијалниот пазар и да биде финансирана од буџетот на државата, рече министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на денешната конференција на тема „Иднината на комерцијалните ТВ-канали на национално ниво: Која е формулата за успех?“, во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Попоски...

Заев ќе ја убедува Грција да дозволи да влеземе во НАТО под референцата

Премиерот Зоран Заев во интервју за МРТВ изјави дека планира експертската бранша да биде вклучена во изборот на јавниот обвинител, но и експерти да ја водат државната телевизија. Заев истакна дека разрешувањето на јавниот обвинител и измените во судството се неопходни, имајќи предвид дека проблемите со правосудниот систем се постојано нотирани во извештаите на Европската комисија. - Размислувањата кои ги имам јас...

Собранието денеска ќе ја избира преодната влада

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја избере преодната влада, која ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември. Седницата на која ќе се бираат новите членови на владата, ќе се одржи во 14 часот. Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици-министри за финансии,...

Лидерска средба утре во 13 часот

Лидерска средба, на која треба да се направи пресек дали има услови за одржување избори и што од договорот од 20 јули е досега спроведено, би требало да се одржи утре во 13 часот, дознава „Мета“ од извори од СДСМ. - Начелно, договорено е средбата да се одржи утре во 13 часот – ни одговорија од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека...

СДСМ ги повикува новинарите да кандидираат членови во ад ход телото за медиуми

Социјалдемократкиот сојуз на Македонија денеска упати повик до сите новинари - професионалци, професионални новинарски здруженија, граѓански организации, да се кандидираат или да кандидираат други лица од оваа област за членови во ад хок телото што ќе врши надзор на однесувањето на медиумите во предизборниот период. Истиот повик, како што изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, СДСМ го упатува и за кандидатите...

НСДП: Преговорите на партиите да бидат јавни и да се водат во Собранието или на МРТВ

Преговорите меѓу претставниците на четирите политички партии потписници на Договорот од Пржино, наместо во актуелниот формат, зад затворени врати, да бидат јавни и по можност да се водат или во Собранието или во студио на националниот радиодифузен сервис - МРТВ, бараат од Нова социјалдемократска партија (НСДП). Оттаму велат дека водењето на преговорите зад затворени врати не „доведе до разврска на...

Три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци

Најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи покажува дека три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци. „Македонска радио-телевизија“ должи околу 73 милиони денари или 1,1 милион евра, „Македонија пат“ должи 433 милиони денари или околу 7 милиони евра, а „Македонски шуми“ должи околу 253 милиони денари или околу 4,1 милиони евра.

МВР: Снимателот на протестите пред МРТВ е полицаец, поведена е истрага

Лицето што синоќа го снимаше протестот на „Шарената револуција“ пред зградата на „Македонска радио-телевизија“ е припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), потврди МВР. „Утврдено е дека лицето е припадник на ЕБР и се преземаат мерки за да се открие по чија наредба го вршел снимањето“, соопштија од МВР и додаваат дека деновиве ќе излезат со повеќе детали за целиот случај. Граѓаните...

„Шарената револуција“ денеска ќе бара департизација на МРТВ

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска ќе одржи протест во чиј фокус ќе биде работата и информирањето на јавниот сервис, односно „Македонска радио-телевизија“. „Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на „Македонска радио-телевизија“, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е отуѓен од народот и е слуга на партиските интереси на власта....

Иванов: Кој не сака аболиција, нека ми пише

Во интервјуто со уредниците на националните телевизии, кое се емитуваше на јавниот сервис, претседателот Ѓорге Иванов рече дека историјата ќе суди дали бил во право и со одлуката за аболиција го сочувал државниот интерес или поаѓал од личен интерес. „Наместо оваа година да славиме јубилеј 25 години од нашата независност, да се радуваме на успех на нашите генерации што конечно...

Новинарските здруженија бараат спроведување на медиумските реформи пред изборите во јуни

Претставници на пет новинарски и медиумски организации, Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска се сретнаа со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и побараа објаснување зошто пропаднаа разговорите за медиумите. Како што се наведува...

Наумов: Режимската МРТВ тоне во долгови побргу и од Владата

  Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, денеска на прес-конференција рече дека огромните долгови на Македонската радио-телевизија се потврда дека работата на јавниот сервис исклучиво како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ е неодржлива. - Раководството на МРТВ за само две години долгот на основа на даноци го има зголемено за повеќе од трипати. Во јануари 2014 година, долгот изнесувал речиси 600.000.евра, а во...

ЗНМ: УЈП веднаш да ја деблокира сметката на МРТ

Блокирањето на сметката на Македонската радио-телевизија (МРТВ) од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) претставува дрзок упад на Владата во институционалната автономија на јавниот сервис, се вели во реакцијата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Оттаму велат дека „блокирањето на сметката е смислен притисок на власта за да го дисциплинира јавниот сервис и да влијае на начинот на известување...

Владата бара УЈП да ѝ дозволи на МРТВ да го плаќа долгот на рати

Владата на итна седница попладнево донела заклучок на УЈП и на МРТВ да им се укаже да спроведат законска постапка за одложување на даночниот долг, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, објави „Телма“. Тоа значи да се репрограмира долгот, односно да се создаде можност тој да се плати на повеќе рати, а сметката на јавниот сервис да биде одблокирана. Според последата листа на...

Ванхауте: Преговорите за медиумите во моментов се целосно блокирани

Очигледно нема договор, ситуацијата во моментов е целосно блокирана и сега спроведуваме билатерални консултации сo партиите на ниво на меѓународна заедница за да видиме како да продолжиме во наредните часови, изјави вечерва белгискиот посредник Питер Ванхауте, пренесува „Телма“. Според неговите очекувања, можно е околу 20 часот вечерва преговарачките групи на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино да одржат нов...

Прирачник на МИМ и на МРТВ за медиумско покривање на изборите

Македонскиот институт за медиуми и Македонската радиотелевизија подготвија прирачник за новинари „Етички и професионални принципи на МРТ за медиумското покривање изборни процеси“, кој содржи 10 принципи за непристрасно и независно информирање. Следната недела, претставници од јавниот сервис на Британија, „Би-Би-Си“, ќе ги учат новинарите од МРТ како да известуваат балансирано за време на изборите. Британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, вели дека овој...

ВМРО-ДПМНЕ предлага два уредника за МРТВ, еден од власта и еден од опозицијата

Закон за владино рекламирање и комбинирана форма за функционирање на МРТВ по словенечко-германско-белгиски модел биле предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за регулирање на медиумите на вчерашните работни групи во Клубот на пратениците, дознава „Мета“. Според нашите информации, Никола Тодоров, кој ја предводи работната група на владејачката партија, предложил финансирањето на МРТВ да биде на два начина. Едниот начин е да се финансира...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...