fbpx
Таг: мртов

таг: мртов

Затвореник починал во скопски Клинички центар, Србин пронајден мртов на улица

Затвореник што боледувал од рак вчера починал во Клинички центар - Скопје, а српски државјанин бил пронајден мртов на улица во Македонски Брод, соопштува полицијата. Според билтенот на МВР, вчера, рано наутро, во затворското одделение на Клинички центар починал П.Ј. (60) од Скопје, кој боледувал од карцином на грлото. Тој издржувал затворска казна во „Идризово“. Во вториот случај, жител на Радовиш вчеравечер...

Битолчанец, кој бил пријавен за исчезнат, пронајден мртов

Вчера во 12.35 часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на улицата Партизанска бил пронајден починат 68-годишниот М.Ј. од Битола, соопшти МВР. Како што информираат од полицијата, М.Ј. на 12 март оваа година бил пријавен за исчезнат. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

Непознат маж пронајден починат во бараките на Министерство за здравство

Во бараките на Министерството за здравство, веднаш до Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, вчера било пронајдено мртво тело на непознат маж. Како што соопшти МВР, по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Српски државјанин е пронајден мртов во камион на Качанички пат

Во камион со српски регистарски ознаки, вчера околу 07.30 часот на ул. Качанички пат во Скопје, бил пронајден починат Н.Ј. (37) од Србија, информира МВР. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, а камионот бил запечатен за понатамошна постапка.

Рускиот конзул во Атина пронајден мртов

Рускиот конзул во Атина, Андреј Маланин, денеска е најден мртов во неговата резиденција во центарот на Атина. Според првичните информации во грчките медиуми, конзулот починал од природна смрт и нема знаци на насилство на телото или насилно влегување во домот ниту, пак, кражба на предмети. Соработниците на 55-годишниот конзул од руската амбасада во Атина се загрижиле откако тој не се...

Руски новинар пронајден мртов во Украина

Рускиот новинар Александар Шчетинин е пронајден мртов во својот стан во Киев, соопшти украинската полиција. Како што се наведува во соопштението, Шчетинин е пронајден мртов на балконот од станот, со прострелна рана во главата, а се претпоставува дека смртта настапила во саботата вечер. На местото на злосторството пронајден е пиштол со соодветни куршуми, а влезната врата била заклучена. Полицијата би можела овој...

Крпач ли беше сведокот поради кој Јанева бараше надлежност во заштитата на сведоци?

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека Коста Крпач, кој вчера беше најден мртов во неговиот стан, со прострелна рана во градите, бил сведок во една од предистражните постапки што ги води СЈО. Тој, како што соопштија оттаму, доброволно се пријавил во СЈО и соработката со него била беспрекорна. „Ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот...

„Анималиа“: Отруен лебед кај селото Радожда – остатоците испратени на вештачење

Невладината организација за заштита на животни „Анималиа”, со соопштение алармираше дека кај струшкото село е отруен лебед. Остатоците од лебедот денеска биле подигнати од ветеринарен инспекторат и се испратени на вештачење во Скопје. Локалниот ветеринарен инспектор потврдил дека испратил лица да го подигне мртвиот лебед. - Очекуваме преку тоа вештачење да стигнеме не само до откривање на материјата која била расфрлана...

Исчезнатиот охриѓанец пронајден мртов во кампот „Партизан“

Без видливи повреди и траги на насилство, пронајдено е безживотното тело на 49-годишниот охриѓанец Есад М. кој беше пријавен и се водеше за исчезнат од седми овој месец. Телото е пронајдено во кампот „Партизан“, во населбата Воска во Охрид, во близина на местото каде и беше забележан последен пат . Според наводите во пријавата поднесена од неговиот брат, сега починатиот последен...

Побегнат пациент од болницата во Бардовци пронајден мртов

Педесет и тригодишниот Демир Ш., пациент во душевната болница во скопско Бардовци, вчера бил пронајден мртов во близина на болницата, соопшти полицијата. Според полициските информации, Демир Ш. починал надвор од кругот на болницата, од која побегнал претходниот ден, на 8 јануари. Смртта била констатирана од лекар на итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за...

Штипјанец пронајден мртов на Исарот

Анонимен повик до лекарите во итната помош алармирал дека тело на маж е забележано на тврдината Исар во Штип. Екипата веднаш излегла на терен, каде лекар констатирал смрт. Првично не се знаел идентитетот на починатиот, но подоцна полицијата утврдила дека се работи за 40-годишниот Маријанче Б. Немало траги на насилна смрт. Засега не може да се утврди дали се работи за самоубиство,...

Младиот радовишанец починал од насилна смрт

Дваесет и шестгодишното момче чие безживотно тело вчера попладне беше пронајдено во куќа во Радовиш, починало од насилна смрт, покажале првичните сознанија од увидот на надлежните институции, соопшти денеска Јавното обвинителство. „По наредба на јавниот обвинител, повикан е дежурен обдуцент од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кој според првичните сознанија, утврдил дека се работи за насилна смрт“,...

Во тетовско Групчин, пронајден мртов 16-годишник со рана од куршум во градите

Четириесет и четиригодишен жител на тетовското село Групчин, вчеравечер пријавил во полиција дека на нива во местото Чешма, кое се наоѓа над селото, го пронашол починат својот 16-годишен син, со една влезна рана од куршум во левиот дел на градите, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Кратко по пријавувањето на случајот, јавен обвинител, екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар...

Мртов маж пронајден во близина на акумулацијата Калиманци

Машки труп на лице на возраст од 35 до 40 години, утринава пронајдоа мештаните на селото Дулица, во месноста Газјански мостови, на стотина метри од акумулацијата Калиманци, јави телевизија „Канал 5“. Трупот, пренесе телевизијата, се наоѓал во близина на еден од мостовите во правец кон Македонска Каменица. По дојавата, веднаш на местото на настанот излегла увидна екипа од делчевската полиција.

Пронајден мртов затвореник во Струга

Во казнено-поправната установа во Струга, вчера е пронајдено безживотно тело на затвореник, кој бил на возраст од 35 години и бил осуден за загрозување на сигурноста. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а почната е истрага за да се откријат причините за смртта.

Критичар на Путин пронајден мртов во својот дом

Познат руски актер и критичар на претседателот Владимир Путин е пронајден мртов во својот дом во Москва. Телото на Алексеј Девотченко е откриено во неговиот дом, облеано со крв. Според рускиот таблоид „Лајвњус“, Девотченко со рака удрил во стаклен орман при што се расекол. Смртта настанала како последица на голема загуба на крв. Порталот јавува дека во близина на неговото тело се...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...