fbpx
Таг: МРТ

таг: МРТ

МРТ: Ние должиме многу, ама и УЈП ни должи 34 милиони евра

„Македонската радио-телевизија“ (МРТ) попладнево испрати соопштение во кое ги наведе своите долгови кон различни доверители, кои изнесуваат 19,5 милиони евра, но порача и дека враќањето на долговите и нормалното работење на куќата се попречени од долгот на Управата за јавни приходи (УЈП) кон МРТ кој изнесува 34 милиони евра. Во соопштението се вели дека од назначувањето на сегашниот менаџмент во...

Долгот на МРТ ги отежнува медиумските реформи, Владата не расправала на таа тема

Владата е свесна за ситуацијата со долгот на „Македонската радио-телевизија“ (МРТ), но досега нема разговарано за овој проблем, изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Тој додаде дека долгот дополнително ги отежнува медиумските реформи. - Свесни сме за ситуацијата. Во тек се реформите во медиумскиот дел според препораките на Прибе. Самиот долг е нешто што дополнително ги отежнува работите, но во...

ЗНМ: Владата итно да го намири долгот на МРТ за не бидеме отсечени од ЕБУ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја повика Владата итно, во најкус можен рок, да обезбеди пари за намирување на долгот што Македонската „радио-телевизија“ (МРТ) го има кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), кој изнесува околу половина милион евра. Програмскиот совет на МРТ на вчерашната седница донесе заклучок со кој побара од Владата да го намири долгот на МРТ кон Европската...

МРТ тоне во долгови, ЕБУ воведува санкции и забрани

„Македонската радио-телевизија“ веќе не може да ги користи услугите на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) поради неплатен долг. Ова значи дека во опасност е целата програмска шема на националниот сервис. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за ПИНА вели дека не ги знаат вкупните долгови на телевизијата, па затоа е потребно да се направи комплетна ревизија на финансиското...

Заев: МРТ ќе биде независен медиум, со независен директор и со независни уредници

Со парите што ќе се издвојуваат од буџетот на државата за „Македонската радио-телевизија“ (МРТВ), ќе се обезбеди независност на националниот сервис, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, од вчерашниот партиски мининг во Тетово, во рамките на кампањата за локалните избори на 15 октомври. Ова Заев го истакна зборувајќи за укинувањето на радиодифузната такса, со која досега се обезбедуваа...

Ратајковски, и покрај оставката, сè уште е одговорен уредник на МТВ 1

Диме Ратајковски сè уште е формално и правно одговорен уредник на првиот програмски сервис на МРТВ, иако пред повеќе од еден месец поднел оставка од лични причини. Тој сè уште фигурира и на интернет-страницата на МРТ како одговорен уредник на првиот програмски сервис. Ратајковски денеска не сакаше да коментира и да одговори на прашањето на „Мета“ дали оставката му е...

МТВ ѝ порача на ААВМУ: Известуваме повеќе за ВМРО-ДПМНЕ оти имаа реакции за отчетите

Првиот канал на МТВ денеска реагираше на забелешките на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (ААВМУ) во извештајот од надзорот на медиумското известување во периодот од 16 до 24 септември 2017 година, дека МТВ1 не ја следела одредбата за избалансираност во известувањето за активностите на политичките партии од опозицијата што се претставени во Собранието. Од првиот канал на МТВ реагираат...

Што препорачува Прибе за медиумите: Ослободување од ДДВ, намалени даноци…

Констатирајќи дека состојбата на медиумите во Македонија е поприлично лоша, вториот извештај на Рајнхард Прибе објавен вчера, дава низа препораки за подобрување на медиумската сфера. „Спроведувањето на сите препораки, вклучувајќи ги и главните препораки од 2015 година, е неопходно за справување со системските проблеми на медиумите“, се вели во извештајот. Владата мора да стори сè за сите медиумски реформи да се вклопат...

Прибе за медиумите: Пазарот слаб, весниците во лоша состојба, новинарите во уште полоша

„Препораките за медиумите дадени во 2015 година се применети само во ограничен обем, а медиумите сè уште се соочуваат со голем дел од истите предизвици што влијаеја на медиумската сфера години наназад. Сè уште преовладува впечатокот дека медиумите се врзани со политиката или се инструменти на влијателни фигури“, се вели во делот за медиумите во вториот извештај на Прибе. Потсетувајќи...

Главниот и одговорен уредник на МРТ, Диме Ратајковски, поднел оставка

Главниот и одговорен уредник на „Македонската радио-телевизија“, Диме Ратајковски, поднел оставка од својата функција, потврдил за „Плусинфо“ извршниот директор на МРТ, Марјан Цветковски. Ратајковски оставката до советот на МРТ ја поднел уште пред половина месец, а навел дека одлуката ја донел од лични причини.

Заев: Можевме во МРТ да ја смениме целата гарнитура, но ќе ги почекаме реформите

„Можевме во МРТ политички да ја промениме целата гарнитура, како што бил трендот и претходно, но во време кога зборуваме за реформи, меѓу кои едни од најзначајните се медиумските реформи, тоа треба да се случи со реформите. Заев не треба да поставува директор таму или, пак, СДСМ, ниту пак уредници“, рече премиерот Зоран Заев синоќа во емисијата „Отворено“ на...

ЗНМ бара повеќе пари за финансирање на МРТ, ССНМ – подобри услови за новинарите

На јавната консултација со новинарските и со медиумските организации посветена на реформите во медиумите, која ја организираше Министерството за информатичко општество и администрација, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, ја критикуваше одлуката на Владата во ребалансот на буџетот да обезбеди само 3,2 милиони евра за финансирање на „Македонската радио-телевизија“ во последните три месеци од 2017...

Заев го презентираше планот „3 – 6 – 9“: Пакет брзи реформи за препорака и за преговори со ЕУ

Македонија прави пробив во евроатлантските аспирации преку отворена транспарентна инклузивност на сите заинтересирани страни, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го реформскиот план насловен како „3-6-9“. Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки во кои треба да бидат спроведени реформите. - Во првите три месеци, до локалните избори, планираме да се обезбеди отстранување на условената препорака за почеток на...

Новинарските здруженија ги изнесоа барањата за итни медиумски реформи

Група новинарски и медиумски организации до Владата поднесоа барање за спроведување системски медиумски реформи, во кое се нагласени приоритетните законски измени и мерки што треба да се спроведат. Од Владата е побарано да почне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на...

АВМУ ја прекори МРТ дека не известувала навремено за нередите во Собранието

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска со допис до програмскиот совет на „Македонската радиотелевизија“ ја прекори МРТ за ненавремено информирање за случувањата во Собранието на 27 април. Агенцијата побара овој орган, кој има законска обврска да ги штити интересите на јавноста во поглед на програмските содржини што ги емитува јавниот сервис, да го преразгледа известувањето на...

ЗНМ бара да се одложи донесувањето на Етичкиот кодекс на МРТ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара од програмскиот совет на Македонската радио-телевизија да го одложи донесувањето на Етичкиот кодекс за јавниот сервис. „Предупредуваме дека ако кодексот се донесе во предложената форма, нема да го подобри известувањето на новинарите. Спротивно, ќе предизвика сериозни последици во работата на јавниот сервис. Постои реална опасност раководството на МРТ да злоупотреби одредени членови на...

Преговорите за медиумите продолжуваат денеска, на тапет МРТ

Политичките партии денеска продолжуваат со разговорите за медиумите во Клубот на пратеници во Скопје. Според најавите, тие денеска ќе разговараат за реформите во МРТ. Тие, пак, вчера повторно не постигнаa напредок околу спорните прашања, дознава „Мета“. Според нашите информации, преговарачите разговарале за Агенцијата за медиуми, но не постигнале решение. Вчера ВМРО–ДПМНЕ ги повика новинарските здруженија да достават предлози што тие ќе ги претстават на средбите...

Стојанче Ангелов ќе поднесе кривична пријава против Диме Ратајковски

Денеска во 13 часот, Стојанче Ангелов до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ), Диме Ратајковски. Ангелов изминатите десетина дена ги предводи протестите пред зградата на МРТ, барајќи од раководството и од уредниците на информативните редакции да ги емитуваат прес-конференциите на опозицијата на кои се објавуваат снимки од...

„Ајде“ со протест побара МРТ да им се врати на граѓаните

Членовите на платформата за граѓанска политика „Ајде“, седнати на столчиња, одржаа протестен перформанс пред зградата на МРТ и ја побараа назад кај граѓаните. Тие јавно ѝ порачаа на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде јавен сервис на граѓаните, а не владин пропаганден мегафон. На овој настан, за слободата на изразување, за слободата на медиумите, за пропагандата и за улогата...

Фејсбук-група бара окупација и „ослободување“ на МРТВ

На социјалната мрежа „Фејсбук“, од вчера се појави група наречена „Да ја вратиме МРТ на граѓаните“, која за неполни 24 часа откако е формирана, достигна бројка од речиси 4.000 поддржувачи. „Доколку не се свестат од МТВ, следи окупација на зградата! Ако сме толку демократски развиена земја, зошто граѓаните се игнорираат на јавниот сервис? МРТ мораме да си ја вратиме назад,...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...