fbpx
Таг: МРТ

таг: МРТ

Скок од 14 места за Македонија на индексот за слобода на медиумите (инфографик)

Нашата земја е на 95-то место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“ (РСФ), скокајќи 14 места во однос на претходниот извештај за 2018 година и со тоа се пласираше подобро и од соседна Бугарија, која е членка на ЕУ, а е на 111 место. Главна забелешка на „Репортери без граници“ за Македонија оваа година...

ААВМУ со укажување до МРТ за партискиот ангажман на нивна новинарка

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) соопшти дека вчера укажала на јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија (МРТ) дека мора да води сметка вработените да не учествуваат во предизборни активности на политички субјекти. „Укажувањето беше упатено откако, преку снимки објавени на социјалните мрежи, беше утврдено дека новинарката на МРТ1 Гордана Ѓорчева, беше водителка на 18-та конференција на Унијата...

Владата ќе му биде жирант на ЈСП за кредитот за набавка на еколошки автобуси за Скопје

Владата на вчерашната, 105-та, седница го усвоила Предлог-Законот за гаранција на Република Македонија за Договорот за заем за набавката на нови автобуси за Град Скопје (ЈСП), кој ќе се склучи меѓу Европската,  банка за обнова и развој (ЕБОР) и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Вкупниот износ на проектот е 12 милиони евра, од кои 10 милиони евра ќе бидат обезбедени преку...

Словенечкиот премиер ги повика државните фирми да ги повлечат рекламите од медиуми што шират говор на омраза

Словенечкиот премиер Марјан Шарец ги повика сите компании во државна сопственост да размислат за повлекување на нивните реклами од медиуми што шират говор на омраза. - Вистина е дека слободата на медиумите и слободата на говорот се столбови на демократијата, но тоа не значи дека тие се неограничени - порача Шарец во изјава на сајтот на словенечката влада. Македонската влада пак...

Манчевски апелира членовите на Советот на МРТВ и на ААВМУ сами да си поднесат оставки

ВМРО-ДПМНЕ повеќе од пет месеци го блокира донесувањето на новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), а тоа го продолжи и денеска. Апелирам и членовите на Програмскиот совет на МРТ и на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (ААВМУ) да поднесат оставка и да овозможат да се случат медиумските реформи, порача Министерот за информатичко...

Старо-новиот менаџмент на МРТ доби инфузија од 3 милиони евра (Инфографик)

Собраниската Комисија за транспорт и врски вчера го прифати предлогот за ребаланс на Буџетот на Македонската радио телевизија, со што за оваа година на сметката на јавниот радиодифузер ќе легнат уште околу три милиони евра и МРТ за 2018 година ќе има вкупно 20,8 милиони евра. Ако ова се спореди со буџетите што ги имала МРТ неколку години наназад, а...

Буџетот на МРТ за годинава ќе се зголеми за три милиони евра

Собраниската Комисија за транспорт и врски денеска го прифати предлогот за ребаланс на Буџетот на Македонската радио телевизија, со што за оваа година на сметката на јавниот радиодифузер ќе легнат уште околу три милиони евра. За 2018 година првично беше планирано МРТ да добие 700 милиони денари, а со ребалансот овој износ се зголемува за 186 милиони и 550 илјади...

ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски сака закон за партизација на медиумските регулаторни тела

Дамјан Манчевски денеска изврши класичен притисок врз законодавната власт со намера да се донесе неквалитетен закон кој што ќе овозможи груба партизација на медиумските регулаторни тела, обвини ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на денешната прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација. Манчевски обвини дека опозицијата го кочи донесувањето на Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и со голем број...

„Вистиномер“: Владата ги надминува ингеренциите околу МРТ и ААВМУ

Владата на Република Македонија, најблаго речено, малку ги надминала ингеренциите што ги има во однос на Јавниот радиодифузен сервиси и Агенцијата за медиуми и на својата 69. Седница oдржана на 23.05.2018 година, донела заклучок да му даде на Собранието негативно мислење околу годишните извештаи за работата на ААВМУ и на Македонската радио телевизија (МРТ) за 2017 година, стои во анализата на „Вистиномер“. Заклучокот...

Недонесувањето на клучните законски измени го кочат реформскиот процес во медиумите

И покрај заложбите на Владата да гради партнерство со асоцијациите и со граѓанскиот сектор во сферата на медиумите, таа сфера сеуште не е ослободена од институционални или персонални влијанија поради бавноста со која Собранието ги носи потребните законски измени беше истакнато на презентацијата на третиот периодичен извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ (ОМР) денеска во Клубот...

Заев и Мицковски утревечер на прв ТВ дуел на МТВ

Македонската телевизија утревечер во 20 часот, ќе го организира првиот ТВ дуел меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, јави МИА. ТВ дуелот минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, а фрлената ракавица беше прифатена од премиерот. За организатори на овој прв ТВ дуел меѓу првите луѓе од власта и...

ВМРО-ДПМНЕ бара невладините да не издаваат препораки за членовите на Советите на ААВМУ и МРТ

Во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска се одржа четвртото продолжение на амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање. Се дискутираше за 5-от амандман на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се бара да се избрише ставот од предложениот закон со кој се предвидува кандидатите за членови во...

Манчевски: Владата сака независна МРТ и професионални регулаторни тела

Владата се залага за создавање медиумски простор за непристрасно и објективно информирање на граѓаните. Наша цел е МРТ да биде целосно непристрасен и независен медиум, а регулаторните тела да бидат транспарентни, професионални и компетентни. Особено е важно во регулаторните тела и националниот радиодифузер да не членуваат високи партиски функционери, поранешни пратеници, кандидати за градоначалници и роднини на партиски функционери,...

Медиумските закони денеска на собраниска комисија

Во Комисијата за транспорт, врски и екологија во Собранието денеска ќе се расправа за предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, и двата во второ читање. Со законите се овозможува, според Владата, која...

На собраниски комисии извештајот на СЈО и предлог-законот за АВМУ

Во Собранието денеска седници ќе имаат комисиите за одбрана и безбедност, за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија. Извештај за сработеното во периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова...

ЕК: Има напредок во слободата на изразување, намален е притисокот врз новинарите

Климата за слободата на медиумите и слободата на изразување е подобрена, со поотворена политичка дебата и покритичко известување во медиумите. Забележан е пад во притисокот врз новинарите. Известувањето од изборните кампањи и поизбалансирано од порано. Владиното рекламирање е прекинато. Клучно е власта да практикува нулта толеранција кон сите инциденти на физички и вербални напади или закани врз новинарите, се...

Со серија забелешки, законот за АВМУ следната недела оди на пленарка во Собранието

Потребни се повеќе пари за Македонската радио телевизија (МРТ) како јавен радиодифузен сервис, но и давање поголеми ингеренции за регулација и улога на предлагач на решенија на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за да се овозможат суштински медиумски реформи. За да не се предизвика големо нарушување на рекламниот пазар, пак, неопходно е да се...

Во Собранието денеска предлог-законот за АВМУ

На 38-та седница во Собранието на Република Македонија денеска, покрај другите точки, пратениците треба да расправаат и за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). По девет месеци од првите активности за донесување нов закон, кој треба да донесе департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис, односно Македонската радиотелевизија (МРТ), и регулаторното тело – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни...

Шест години не се мешам во политиката, вели старо-новиот директор на МРТ, Цветковски

Марјан Цветковски, кој во вторникот беше избран за уште еден мандат за директор на Македонска радио телевизија (МРТ), за „Мета“ вели дека не сака да ја коментира изјавата на владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Изборот на Цветковски, кому ова му е трет мандат на чело на МРТ, предизвика серија негативни рекации од политичари, новинари и новинарски здруженија. - Видете, јас шест години...

Бошњаковски: Новото раководство на МРТ ќе трае до новиот закон

Владата на Република Македонија нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија. Овој избор е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој се уште функционира во стариот состав, а граѓаните на Република Македонија „добро знаат кој членува во тој стар состав, на кој начин работеше и под чии влијанија и како е направен овој избор“, истакна...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...