fbpx
Таг: МРТ 1

таг: МРТ 1

ДЕБАТА: Недостасуваат програми и информативни содржини значајни за младите

Денеска се одржа јавната онлајн дебата на тема: „Колку медиумите ги задоволуваат потребите за информирање на младите?“, на која се разговараше околу моменталната состојба во медиумите и нивната посветеност за креирање на програми и вести за млади, како и за тоа колкава е довербата на младите во медиумите. Денешната дебата ја отвори амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј која посочи...

ААВМУ: МРТ генерално обезбедила избалансираност во известувањето во изборната кампања

Четирите програмски сервиси на Македонската радио-телевизија (МРТ) генерално обезбедиле избалансираност во вестите во поглед на изборното медиумско известување, но ригидните математички формули од Изборниот законик ги покажаа своите слабости и на овие избори. Ова се главните заклучоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) во Извештајот од изборното медиумско претставување за предвремените парламентарни избори 2020 година.  Посочувајќи го...

ОДИХР: МТВ се придржуваше до одредбите од Изборниот законик за известување во текот на кампањата

Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) на ОБСЕ/ОДИХР во Изјавата за прелиминарните наоди и заклучоци за предвремените парламентарни избори одвои посебно мислење и за медиумското известување на јавниот сервис. Во објавениот документ се вели дека информативните емисии на МРТ во текот на кампањата се регулирани со прецизни одредби во Изборниот законик, кои пак биле критикувани од повеќето соговорници...

МРТ ги објави правилата за медиумско покривање на изборите, но само за првиот програмски сервис

Македонската радио-телевизија (МРТ) ги објави правилата за медиумско покривање на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули. Како што се наведува во објавата, станува збор за обврски на јавниот радиодифузен сервис МРТ 1 пропишани во Изборниот законик. Во овие правила е наведен единствено првиот телевизиски програмски сервис, а не и другите радио и телевизиски програми што...

МРТ изборите ќе ги покрива по принципот 30 отсто за власта, 30 отсто за опозицијата и 10 отсто за помалите партии

Јавниот радиодифузен сервис ги објави правилата за медиумско покривање на претстојните парламентарни избори за првиот програмски сервис. МРТ во овој документ посочува дека МРТ 1 во своето известување ќе ги почитува стандардите и начелата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Изборниот законик и Етичкиот кодекс на новинарите. Така, детално покривање на активностите од изборната кампања ќе има во...

АВМУ: Известувањето на „ТВ Нова“ и на „Алфа“ укажува на поврзаност на уредувачките политики

Повеќето телевизии и радија се придржуваат кон професионалните стандарди, покажува четвртиот десетдневен извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) од мониторингот на медиумското известување за локалните избори, во периодот од 6 до 15 септември. Сепак, велат од Агенцијата, кај дел од програмските сервиси се забележува отстапување од стандардите. Според извештајот, начинот на известување на „ТВ Нова“ и „ТВ...

Прва одлука на ад хок телото за медиуми: Казна за МРТ поради емитување владини реклами

Ад кох телото за следење на медиумите во предизборниот период ја донесе својата прва одлука, односно поднесе предлог за изрекување прекршочна казна за Првиот програмски сервис на Македонската радиотелевизија (МРТ 1), поради емитување владини реклами. „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по поднесениот предлог од Привремената комисија за следење на медиумското претставување поднесе барање за поведување прекршочна постапка во...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...