fbpx
Таг: МРП вакцина

таг: МРП вакцина

Истовременото примање на МРП и ДиТеПер вакцината е безбедно и е препорачано од здравствените власти

Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива вакцина, а растојание помеѓу двете вакцини не е потребно. Кога се даваат истовремено, вакцината која содржи компонента против пертусис и МРП вакцината се аплицираат во различни екстремитети, пишува во укажувањето...

Антиваксерска објава со куп невистини обвинува за сатанизам

Вакцините не содржат графен оксид, чипови, антифриз, не ја менуваат ДНК на личноста, ниту пак, некој ги условува граѓаните да примат вакцина, туку тоа е резултат на добра волја на граѓанинот кој сака да се вакцинира. Во објавата се изнесува и невистина дека МРП вакцините предизвикуваат аутизам, што е отфрлено од медицинската и научната заедница како лага. Наспроти изнесеното...

Опфатот со МРП вакцина е низок, зголемен ризикот од појава на епидемија со морбили

МРП е безбедна и ефикасна комбинирана вакцина која обезбедува заштита против мали сипаници, заразни заушки и рубеола. Опфатот не е на задоволително ниво кај нас - процентот на национално ниво изнесува 70 отсто. Затоа родителите треба да ги вакцинираат своите деца. Ова беа дел од заклучоците на денешниот брифинг за новинарите на тема „МРП вакцина“, кој се одржа во организација...

Не е точно дека МРП вакцината е небезбедна и дека предизвикува смрт

МРП вакцината може да има одредени несакани ефекти, но тие се далеку од животозагрижувачки, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Несаканите ефекти кои може да ги предизвикува оваа вакцина се опишани на официјалната веб страница на Националниот фармакоинформативен центар (НФИЦ). Тие се болка на местото на инјектирање, треска, благ осип и повремена болка и вкочанетост во...

Вистиномер: Задолжителната вакцинација во пракса може да се оддолжи, но не и да не се прими

Мал процент на родители, кои не сакаат да ги вакцинираат своите деца, законски подлежат на постојани казни, т.е. ги плаќаат глобите за секоја одделна вакцина која нивното дете нема да ја прими, а е задолжителна. Овие родители се соочуваат и со уште едед друг дел од законот, кој пропишува дека за прием во градинка или училиште децата треба да...

Лани МРП вакцина примиле безмалку 50.000 лица

Вкупно 49.332 лица се вакцинирани во периодот додека лани траеше епидемијата на мали сипаници во земјава, информираат во Министерството за здравство, по повод Европската недела на имунизација. „Вакцинацијата е признаена како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот. Вакцинацијата спасува милиони луѓе од болести, инвалидитети и смрт секоја година. Достапни се ефективни и безбедни вакцини, кои штитат од голем...

Уште едно невакцинирано дете заболе од морбили, епидемијата сѐ уште е на сила

Изминатата недела регистриран е уште еден нов случај на мали сипаници, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Стамува збор за детенце од Скопје, од возрасната група од една до четири години. Епидемијата на територијата на државата сѐ уште трае, а ќе се прекине ако има два последователни термини од вкупно 42 дена кога нема да има нов сомнителен...

Правото на образование да не се условува со вакцина, побараа родители, адвокати и доктори

Десетици родители, адвокати, доктори и гости вчера присуствуваа на конференцијата на тема „Вакцините во 21 век – предизвици со кои се соочуваме“, која ја организираше здружението „Од нас за нас“. Се зборуваше за правата на децата, особено на правото на образование без условување со примени вакцини. Некои од родителите ги раскажаа своите искуства со нивните деца кои не се примени...

Во последните четири години опфатот со МРП вакцината е под 90 отсто

Падот на опфатот со првата доза на МРП вакцината (против морбили, паротитис и рубеола) е силно поврзан со влијанието на антивакциналното лоби кое зема засилен замав и во нашата земја, па многу родители или ја одбиваат МРП вакцинацијата или ја одложуваат до поголема возраст на своите деца. Ако се погледнат бројките од извештајот за имунизација кој го прави Институтот за...

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...