fbpx
Таг: МПМ

таг: МПМ

Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит во СЈО за „МПМ“

Поранешните први луѓе на Медиа принт Македонија (МПМ), Срѓан Керим и Јана Станисављева, се повикани на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), јави „Сведок“. Двајцата треба да дадат исказ во рамки на истрагата за бројни злоупотреби во МПМ, што ја води ова обвинителството откако предметот го презеде од Основното јавно обвинителство. Компанијата беше издавач на згаснатите весници „Дневник“,„Вест“ и „Утрински весник“. Обвинителката...

СЈО го презема затворањето на весниците на МПМ

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) комплетно ја презема надлежноста за случајот со затворањето на весниците на МПМ од скопското обвинителство, јави ТВ 24. Се истражуваат наводи од една од „бомбите“, односно  злоупотреба на функциите на тогашните први луѓе Срѓан Керим и Јана Станисављева. Се прават проверки за евентуален економски криминал, по поднесена кривична пријава од ССНМ. Се проверуваат финансиските  исплати во време...

ССНМ бара да се исплатат неисплатените плати на вработените во МПМ

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) го поддржува барањето на поранешните вработени во „Медија принт Македонија“ за исплаќање на неисплатените плати и хонорари, кои се уставно гарантирано право на секој работник. Поради сомневањата за криминално работење, ССНМ во јуни годинава, поднесе кривични пријави против сопственикот и директорот на компанијата, Срѓан Керим, и управителката Јана Станисављева, за злоупотреба на службената...

„Дневник“ згасна, денешниот е последниот број

„Дневник“, првиот приватен дневен весник во Македонија што опстоја со децении на пазарот, денеска го испечати последниот број. Весникот излегуваше од 20 март 1996 година. Од утре весникот нема да се печати, а на вработените ќе им биде исплатена плата за мај во следните 20 дена, кога ќе бидат на одмор. Ова од менаџментот денеска им го соопштиле на околу 60...

Трифун Костовски: Не се обидов да си го вратам „Утрински весник“

Последниот број на „Утрински весник“ ќе излезе в сабота, на 29 април, тврдат новинарите кои се вработени во овој медиум. Официјален став од издавачот „Медија принт“ за затворањето на „Утрински весник“ сè уште нема. Не е познато ниту дали весникот претходно бил понуден на продажба на друга компанија или лице. Бизнисменот Трифун Костовски беше мнозински сопственик и заедно со уште неколку уредници...

ССНМ: Правосудните и истражните органи да ги испитаат случувањата во МПМ

Шпекулациите за стечај на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), проследени со конкурси за вработување на новинари во фирма со слично име во сопственост на еден од директорите на МПМ, се последниот чин од драматичното пропаѓање на оваа медимска куќа, која уште еднаш потврди дека нема чесни намери кон своите вработени, велат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Оттаму...

По еден месец штрајк, новинарите во МПМ се враќаат на работа

Со префрлањето на платата за јануари, штрајкувачкиот одбор на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ донел одлука за прекин на штрајкот, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). - ССНМ со жалење констатира дека и покрај префрлањето на платата, ситуацијата на вработените во МПМ и понатаму е критична и очекува од управата да извлече поуки од речиси четиринеделениот...

Поддршка за новинарите во МПМ од синдикатите на Црна Гора, Хрватска и на Србија

Синдикатите на новинари на Црна Гора, Хрватска и на Србија изразија целосна солидарност и поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и на новинарите на „Утрински весник“, „Дневник“ и на „Вест“, трите дневни весници на фирмата „Медиа принт Македонија“, кои штрајкуваат од 17 февруари годинава поради неисплатени плати, придонеси и хонорари, како и поради избегнувањето на управата...

Петти ден штрајк на новинарите во МПМ

Со симболично делење на јубилејниот петилјадити број на весникот „Вест“ од страна на штрајкувачкиот одбор на „Вест“, „Утрински весник“ и на „Дневник“, денеска се одбележа петтиот ден од штрајкот на новинарите и на медиумските работници во редакциите на „Медиа принт Македонија“. Од Самостојниот синдикат на новинари велат дека прекинот на работата заради неисполнетите барања за плата и за хонорари продолжува,...

ССНМ: Ќе се радикализира штрајкот на вработените во МПМ

Штрајкувачките одбори на редакциите „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“ решија да го зголемат времетраењето на штрајкот од четири на шест часа поради игнорантскиот однос на менаџментот, кој иако уредно информиран, со недели не покажа интерес за средба со синдикалните претставници, соопшти ССНМ. „Утре, 21 февруари 2017 година, ќе излезе 5.000. број на дневниот весник „Вест“. Жално е што редакцијата ќе го...

СЈО истражува во МПМ

Тим на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска влегол во „Медиа принт Македонија“ (МПМ) дознава „Призма“. Целта на СЈО била да истражуваат дел од финансиското работење на оваа издавачка куќа, која под своја капа ги има весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, магазинот „Теа“ и интернет порталот „Телеграф“. Сопственик на МПМ остана само поранешниот шеф на макдонската дипломатија и претседател...

ЗНМ го поддржува штрајкот на новинарите на МПМ

Здружението на новинари на Македонија го поддржува штрајкот на новинарите на трите весника на издавачот „Медиа принт Македонија“ и го повикува менаџментот на компанијата веднаш да ги исполни барањата на штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари. „Ги потсетуваме сопствениците на МПМ дека кршењето на социјалните права на новинарите не е само прекршување на нивните работнички права, туку...

Новинарите на МПМ почнуваат со штрајк на неопределено време

Новинарите и другите медиумски работници на „Медиа принт Македонија“ (МПМ), денеска, на Денот на македонското новинарство (17 февруари), ќе стапат во штрајк на неопределено време. Штрајкот е во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ), а одлуката неодамна ја донесоа синдикалните групи во дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“. - Ваквиот непосакуван начин на борба за...

Српските весници престанаа да се дистрибуираат во Македонија, оти МПМ им должи

Дневните весници од Србија од завчера не се дистрибуираат во Македонија поради долг на „Медија принт Македонија“ (МПМ) кон српскиот дистрибутер „Беоколп“, јавуваат српските медиуми. Комерцијалниот директор на „Беоколп“, Драшко Ѓуриќ, за Унијата на новинари на Србија (УНС) изјави дека МПМ повторно не исплатила пари за дистрибуција. - МПМ на „Беоколп“ не му исплатил три заостанати рати. Никогаш не је запираме дистрибуцијата...

ЗНМ со поддршка на одлуката за штрајк на новинарите на „Дневник“, „Утрински“ и на „Вест“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се солидаризира со барањата на новинарите на трите весници на издавачот „Медиа принт Македонија“ (МПМ) веднаш да се исплатат заостанатите плати за декември и за јануари и хонарарите на дописниците. „ЗНМ ја поддржува одлуката на штрајкувачкиот одбор на новинарите на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ да стапат во штрајк, ако најдоцна до 15...

„Дневник“, „Утрински“ и „Вест“ со намален тираж поради недостиг од хартија, МПМ негира

Дневните весници што ги издава „Медиа принт Македонија“ (МПМ), „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, во петокот и во викенд-изданијата излегоа во многу намален тираж и без редвните прилози, наводно, поради недостиг од печатарска хартија. Оваа состојба, која се гледа и на проджните места, каде и вчера и денеска тешко се наоѓаат примероци од трите весници, била констатирана и на вчерашниот состанок на...

ЗНМ: Отпуштањата во МПМ се смислен удар врз професионалното новинарство

Здружението на новинари на Македонија денеска го оцени отпуштањето на новинарите во медиумите во сопственост „Медиа принт Македонија“ како удар врз слободата на професионалното новинарство. „Отпуштањето на 20 вработени од „Медиа принт Македонија“, од кои мнозинство новинари од дневниот весник „Вест“, претставува смислен удар врз професионалното новинарство и врз слободата на медиумите. По смената на главниот уредник Горан Михајловски, со новите...

Д-р Срѓан Керим ќе се кандидира за генерален секретар на ОН?

Актуелниот претседател на управниот одбор на „Медиа Принт Македонија“ (МПМ) и искусен дипломат, д-р Срѓан Керим, ќе се кандидира за генерален секретар на Организацијата на обединетите нации, односно за функцијата која сега ја извршува јужнокорејскиот политичар Бан Ки-мун, кој на оваа позиција е од 2006 година и чиј мандант наскоро истекува, објави телевизијата „Телма“, повикувајќи се на свои извори. Како...

Новинарите на МПМ и денеска на протест за намалувањето на платите

Новинарите од редакциите на „Медиа принт Македонија“ и втор ден по стапување на сила на одлуката на менаџментот за намалување на платите, излегоа точно напладне на протест пред седиштето на фирмата. На новинарите од „Вест“, „Утрински весник“ и од „Дневник“, од септември, скалесто ќе им бидат намалени платите за 30, 20 и за 10 проценти, во зависнот од положбата...

Вработените на „Вест“ го поддржаа проектот „Македонија вработува“ пред седиштето на МПМ

Новинарите на дневниот весник „Вест“, кој го издава фирмата „Медиа Принт Македонија“ (МПМ) денеска, точно напладне, пред седиштето на компанијата, излегоа облечени во маички на кои пишува „Македонија вработува“. Како што самите велат, тие сакаат да ја искористат познатата синдикална мерка за искажување незадоволство од плановите на менаџментот за намалување на платите и од најавата за отпуштање новинари од работа. Тие...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...