fbpx
Таг: мотоциклист

таг: мотоциклист

(Фото) На автопат со 231 километар на час: МВР казни 116 возачи за пребрзо возење

На автопатот Куманово-Велес-Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата казнила 116 возачи за пребрзо возење. На фотографијата која министерството ја испрати до медиумите се гледа мотоциклист кој се движи со брзина од 231 километар на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина. „Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт...

Мотоциклист од Охрид загинал кога удрил во паркиран автобус

Во сообраќајна несреќа кај охридското село Косел, вчера животот го загубил 32-годишниот охриѓанец Љ.Ј., соопшти СВР Охрид. Несреќата се случила околу 17.15 часот на магистралниот пат Охрид - Ресен, кај Косел. Сега загинатиот охриѓанец управувајќи мотоцикл „јамаха“ удрил во задниот дел на паркиран автобус „мерцедес“ со кочански таблички и го загубил животот. Полицијата извршила увид заедно со Јавен обвинител, а телото...

Мотоциклист загинал во судир со автомобил и друг мотоцикл

Во тешка сообраќајна нессреќа вчера на патот Штип - Кочани животот го загубил 39-годишен жител на Свети Николе, откако мотоциклот со кој управувал се судрил со друг мотоцикл и со автомобил. Според полицијата, во сообраќајната незгода која се случила пред 17 часот учествувале автомобил „фолксваген голф“ управувано од 19-годишна жителка на Кочани,  мотоцикл „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки управуван од...

Урко доби условна казна за сообраќајката по која почина повреденото момче

Дејан Митровски - Урко, кој едно време беше телохранител на тогашниот премиер Никола Груевски доби само условна, но не и затворска казна за сообраќајката на 27 јуни лани, кога кај Стара рампа на булеварот Борис Трајковски во Скопје со автомобил удри млад мотоциклист, кој почина од повредите пет дена подоцна в болница. Пресудата е донесена на 20 јуни годинава, а...

Мотоциклист загинал во сообраќајка во Битола

Во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во Битола, загинал 40-годишен маж од битолското село Горно Оризари, соопшти СВР Битола. Несреќата се случила во 20.35 часот, на крстосницата на улиците 8 Септември и  Арон Ароести. Дошло до судир на автомобил „голф 3“ со битолски регистарски таблички, управуван од А.К. (29) од Битола, и мотоцикл „хонда“ со битолски таблички, управуван од...

Мотоциклист во Тетово излетал од патот и го загубил животот

Мотоциклист го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што вечерва околу 19 часот се случила на булеварот Маршал Тито во близина на железничкиот надвозник на излезот од Тетово. Тетовецот Е.А. (26) од засега неутврдени причини загубил контрола на мотоциклот што го управувал, по што удрил во заштитната метална ограда. Притоа добил тешки телесни повреди, поради кои бил префрлен во тетовската...

Мотоциклист загина на регионалниот пат Охрид – Струга

Едно лице го загуби животот, едно е со потешки повреди, а уште две се полесно повредени, во тешката сообраќајна незгода што синоќа се случи на регионалниот пат Охрид - Струга, во близина на Оровничка плажа. Од повредите, на местото на несреќата починал Александар С. (26) од селото Горенци, општина Дебарца. Тешки телесни повреди добил Р.А. (39) од Охрид, кој поради сериозноста на...

Мотоциклист загина на магистралниот пат Охрид – Кичево

Четириесет и двегодишниот К.В. од Охрид попладнево загина во сообраќајна несреќа што се случила во близина на селото Требеништа, на магистралниот пат Охрид – Кичево. Како што соопштуваат од МВР, несреќата се случила кога К.В. со мотоциклот со кој управувал удрил во камион. Охриѓанецот веднаш бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија, каде била констатирана смрт.

Почина момчето повредено во сообраќајката кај Рампа во Кисела Вода

Стојанчо Андонов, 22-годишното момче што беше повредено од сообраќајката кај Рампа во Кисела Вода, утринава во 7.30 часот им подлегна на повредите. Момчето од Сингилиќ пет дена беше приклучено на апарати и се бореше за живот. Дејан Митровски – Урко, поранешниот шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го управувал автомобилот марка „бмв“, кој пред пет...

Дејан Митровски – Урко го возел „бмв-то“, стои во записникот од сообраќајката во Кисела Вода

Дејан Митровски - Урко, поранешниот шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го управувал автомобилот марка „бмв“, кој ноќеска учествувал во сообраќајната несреќа во Кисела Вода, во која тешко е повреден 22-годишен мотоциклист. Ова го покажува записникот од сообраќајката, што денеска го објави порталот „Нова ТВ“. Од записникот може да се види дека сообраќајката се...

Момче во кома, по судир меѓу „бмв“ и мотоцикл во Кисела Вода

Ноќеска, четириесетина минути по полноќ, на булеварот Борис Трајковски, во населбата Кисела Вода, се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил, марка „бмв“ и мотоцикл, чиј возач, 22-годишно момче, бил тешко повреден во несреќата. Мотоциклистот со тешки телесни повреди, со возило на итна медицинска помош бил префрлен во Градската хируршка болница „Наум Охридски“. Како што информираат од МВР, момчето е неконтактибилно и...

Мотоциклист се бори за живот по сообраќајна несреќа на Илинденска

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 20 часот на булеварот Илинден, во која учествувале два автомобили и мотор. Мотоциклистот бил потешко повреден и се наоѓа на Ургентен центар, каде што се бори за живот. Истрагата е во тек.

Мотоциклист загина на влезот во Прилеп

Триесет и тригодишен прилепчанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово се случила на влезот во градот, кај бензинската на „Лукоил“. Како што соопштуваат од надлежното јавно обвинителство, станува збор за Влатко Т., кој во моментот на несреќата управувал мотоцикл. Според информациите, мотоциклистот, од засега непознати причини, удрил во пано на бензиската пумпа, излетал од моторот и починал на самото...

Градоначалникот на Прилеп со џипот удрил мотоциклист

Синоќа, околу 22 часот, во центарот на Прилеп, се случи сообраќајна несреќа во која градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, со својот џип, марка „киа спорт“, удрил во мотор што го управувало повозрасно лице. Според очевидци на сообраќајката, вртејќи полукружно на булеварот, Ристески со своето возило удрил во веспата, а веднаш потоа го качил возачот на моторот во својот џип и...

Во сообраќајка загина малолетник, кој управувал со мотоцикл

Седуманесетгодишниот Петар Ј. од Скопје вчера загина во сообраќајна несреќа, што се случила помеѓу два автомобила и еден мотор, кој го управувал загинатиот. „На улица Јустинијан Први, се случи сообраќајна незгода помеѓу „рено лагуна“ со скопски регистерски ознаки, управувано од А.Д. (48), „форд мондео“ со скопски регистерски ознаки, управувано од М.С. (50) и моторцил „мондиал“, управувано од Петар Ј. (17) од...

Загина мотоциклист по судир со автомобил

Дваесет и едногодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на раскрсница во населбата Ченто, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 16 часот, на раскрсницата од улиците Методија Андонов Ченто, Палмиро Тољати и Среќко Пужалка, а во неа учестувале автомобил, марка „опел“, кој го управувал Б.М. (47), и мотоцикл, управуван од...

Утврден идентитетот на починатиот мотоциклист

Скопската полиција го утвдрила индетитетот на мотоциклистот што утрово почина во близина на Зелениот пазар, во центарот на Скопје. Станува збор за Перо П. (52) од Скопје, кој не настрадал во сообраќајна незгода, туку му се слошило додека околу 10.40 часот со својот мотоцикл се движел по булеварот Кочо Рацин, паднал на коловозот и починал на самото место. Веднаш била повикана...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...