!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Двајца мажи со киселина напаѓале минувачи во Лондон


Лондон, 14 јули, 2017 - 10:59 (META) 

Две лица на украден мопед 90 минути дивееле низ Лондон и нападнале пет луѓе со киселина, пренесува „Индепендент“.

Полицијата соопшти дека напаѓачите им фрлале киселина в лице на случајните минувачи, при што еден од нападнатите е потешко повреден.

Мажите кои се возеле на мотор прво нападнале 32-годишен маж, кому по нападот му го одзеле моторот.


Мотоциклист во Тетово излетал од патот и го загубил животот


Тетово, 17 јуни, 2017 - 21:55 (META) 

Мотоциклист го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што вечерва околу 19 часот се случила на булеварот Маршал Тито во близина на железничкиот надвозник на излезот од Тетово.

Тетовецот Е.А. (26) од засега неутврдени причини загубил контрола на мотоциклот што го управувал, по што удрил во заштитната метална ограда. Притоа добил тешки телесни повреди, поради кои бил префрлен во тетовската Клиничка болница, но кога бил донесен таму, лекарите само ја констатирале неговата смрт.


Кинески авион безбедно слета по проблеми со моторот


Сиднеј, 12 јуни, 2017 - 13:25 (META) 

Патнички авион на кинеската компанија „Чајна истерн“, кој летал за Шангај, безбедно се врати во Сиднеј поради проблеми во текот на летот, предизвикани од отворена дупка во куќиштето на моторот.

Кинеската компанија соопшти дека екипажот на летот 736, по полетувањето забележал оштетување на приклучокот за воздух на левиот мотор, поради што капетанот одлучил да се врати.

Компанијата наведува дека авионот безбедно слетал и дека патниците се згрижени.


Експлозија во моторот е причина за падот на рускиот авион


Москва, 4 ноември, 2015 - 20:17 (META) 

Експлозија во еден од моторите ја предизвикала несреќата на рускиот авион „ербас“ кој викендов се урна на Синајскиот Полуостров во Египет, јавува ТАСС.

Според извор од истрагата, на таков заклучок наведуваат податоците од црните кутии.

„Причина за падот на авионот е експлозија во еден од моторите. Што ја предизвикало експлозијата, ќе утврди специјална техничка лабораторија, како и резултатите од експертскиот преглед на местото на несреќата, телата на жртвите, материјалите врз телата и на остатоците од авионот“, изјавиле претставници од истражната комисија.


Два мотоцикли се судрија кај Клубот на пратеници во Скопје


Скопје, 19 август, 2015 - 13:05 (META) 

Необична сообраќајна несреќа предмалку се случи на раскрсницата кај Клубот на пратеници во Скопје.

Имено два мотоцикли се судриле на пешачкиот премин, а во несреќата нема повредени.

Полицијата врши увид на самото место.


Две жртви во сообраќајни несреќи во Тетовско и во Радовишко


Радовиш/Тетово, 2 август, 2015 - 14:07 (META) 

Дваесет и четиригодишен жител на Радовиш и 55-годишен скопјанец ги загубиле животите во две одделни сообраќајни несреќи, што вчера се случиле на регионалниот пат од правец на планината Плачковица, односно автопатот Тетово – Скопје, во близина на наплатната рампа Желино, соопшти полицијата.

Несреќата во која животот го загубил радовишанецот Иван Ф. (24), се случила околу 4.40 часот, кога тој управувајќи мотор, марка „хонда“, изгубил контрола и удрил во дрво покрај коловозот. Од сериозноста на повредите, тој починал на самото место.

Сообраќајката кај наплатната рампа Желино, според полицијата, се случила синоќа околу 20.40 часот. Љупчо З. (55) управувајќи автомобил, марка „опел вектра“, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Од здобиените повреди, тој починал на самото место.

Јавен обвинител и полициски екипи извршиле увид и работат на расчистување на околностите и на причините за несреќите.