fbpx
Таг: Мосул

таг: Мосул

Прогласена победа во Мосул над Исламска држава, САД ѝ честиташе на ирачката војска

Губењето на Мосул претставува пропаст на Исламска држава, изјави ирачкиот премиер Хајдар ал Абади за време на официјалното прогласување на ослободувањето на градот. Коалицијата предводена од САД соопшти дека играчката војска во целост го презела Мосул од рацете на ИД. Ирачкиот премиер Ал-Абади прогласи победата над екстремистите на Исламска држава во Мосул, по девет месеци борба за тој град на северот...

Ирачкиот премиер прогласи победа во ослободениот Мосул

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади прогласи победа над Исламска држава во Мосул, соопшти неговата канцеларија. Во соопштението се вели дека Абади, кој е врховен командант на ирачките вооружен сили, стигнал во ослободениот град Мосул. Абади, како што се наведува во соопштението, им честитал на херојските борци и на ирачкиот народ на големата победа. Ирачките сили, со поддршка на воздушните напади на коалицијата на...

Ирачките сили ја зазедоа Голема џамија во Мосул

Ирачките сили денеска ја зазеле разорената историска Голема џамија во Мосул, во која Исламска држава пред три години прогласи „калифат“, стои во соопштението на ирачката војска. Заземањето на џамијата Ал-Нури е симболична победа за ирачките сили кои повеќе од осум месеци се борат да го освојат Мосул, северен град кој де факто беше престолнина на самопрогласената Исламска држава. Џихадистите пред недела...

Ирачката армија почна офанзива за ослободување 150.000 затвореници во Мосул

Ирачката армија денеска почна офанзива за заземање на Стариот град во Мосул, кој е под контрола на Исламска држава (ИД) и последниот дел од големиот град контролиран од милитантните исламисти. Офанзивата е и за ослободување на околу 150.000 заробеници на ИД. Телевизиските снимки покажуваат чад како се издига од Стариот град во Мосул, а се слушаат и многу пукотници. Биле...

Ирачката војска ги зазеде главните владини објекти во Мосул

Ирачката војска ноќеска ги зазела главните владини објекти во Мосул, во рамките на офанзивата за протерување на милитантите на Исламска држава (ИД) и за воспоставување целосна контрола над градот, јавува „Би-би-си“. Како што пренесува британскиот национален сервис, напредувањето на ирачката војска може да го отвори патот за напад на густо населениот стар дел од Мосул, каде милитантите на ИД се...

Од Мосул побегнале 8.000 лица

Обединетите нации денеска соопштија дека околу 8.000 луѓе побегнале од западниот дел на Мосул и од околните села откако ирачките сили почнале операција за ослободување на тој дел од градот од припадници на таканаречената Исламска држава. Канцеларијата на ОН за хуманитарна помош соопшти дека жителите кои побегнале, дошле до подрачјето јужно од Мосул, кое е под контрола на војската. Во соопштението...

Ирачката војска го зазеде аеродомот во Мосул

Ирачките сили за безбедност го зазеле главниот аеродром во Мосул и околната воена база, јави државната телевизија. „Силите за брзо дејствување, сојузната полиција и антитерористилките групи упаднаа во аеродромот и во околната база Газлани“, јави телевизијата. Откако минатиот месец ги истераа милитантите од источниот дел на Мосул, ирачките сили се обидуваа да го освојат аеродромот и базата Газлани, во јужниот дел...

Ирачката војска покрена офанзива против ИД во Мосул

Премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади објави дека ирачките воени сили покренале офанзива против џихадистите кои во градот Мосул го држат западниот брег на реката Тигар. Ова би можела да биде најбруталната битка до сега во склоп на операциите за заземање на Мосул кој трае четири месеци. -Нашите сили започнуваат ослободување на граѓаните од теророт на Исламска држава. Ние доаѓаме да...

Битка за универзитетот во Мосул, ирачките сили ја протеруваат ИД

Ирачките сили го зазедоа универзитетот во Мосул кој беше под контрола на Исламска држава. Ирачката војска од октомври се обидува да го заземе градот, кој е последно упориште на ИД во Ирак. Според зборовите на ирачките власти, џихадистите ги користеле лабораториите во универзитетскиот комплекс за да направат хемиско оружје. Командантот на ирачките антитерористички операции, Талиб Шагати, рече дека заземањето на универзитетот...

Ирачката војска зазела четири села североисточно од Мосул

Ирачката војска денеска зазела четири села од милитантите на Исламска држава (ИД), североисточно од градот Мосул, соопшти ирачкиот центар за координација на воените операции, јавуваат светските агенции. На овој начин ирачката војска почна да се приближува кон Мосул од север, додека неколку стотини воени единици влегуваат во градот од источната страна. Најголем дел од борбите во Мосул се одвиваат во источниот...

ИД убива цивили во Мосул, тврдат ОН

Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека милитантите на Исламска држава во Мосул убиваат цивили кои одбиваат на нивните покриви да се постават снајпери или ракетни фрлачи. Ова на новинарите им го соопшти портпаролката на ОН во Женева, Равина Шамдасани, која потврди повеќе убиства од 11 ноември. Таа, исто така, истакна дека меѓу убиените има и едно седумгодишно дете, кое трчало...

Ирачките сили ослободија дел од Мосул, источно од реката Тигар

Ирачките сили освоиле уште три предградија на Мосул и од нив ги протераа припадниците на Исламска држава, соопшти командантот Хајдер Фадхил. Станува збор за дел од Мосул, источно од реката Тигар. Офанзивата за преземање на контролата над Мосул почна на 17 октомври и претставува најголема операција на ирачката војска од доаѓањето на американските сили во 2011 година. Во борбата за ослободување на...

Шиитската милиција го опколи Мосул

Шиитската милиција која ја поддржува Иран, соопшти дека целосно го опколила Мосул, упориштето на Исламска држава во Ирак, со што, како што се наведува, милитантите во градот се отсечени од остатокот од Ирак и од Сирија. Во меѓувреме, ирачката војска соопшти дека меѓународната коалиција предводена од САД со воздушните напади извршени утринава, ја онеспособила четвртата бригада, позиционирана од другата страна на...

Ирачките сили ги продолжуваат борбите во Мосул

Ирачките сили денеска продолжија со ослободување на Мосул од Исламска држава, напредувајќи полека кон источните квартови. Ден по паузата поради лошите временски услови, утринава се продолжени воздушните и артилериските напади. Еден војник загинал во борбите, а цивилите, од кои некои биле ранети, бегале од судирите. Неименувани претставници велат дека целта на ирачката војска е да заземе целосна контрола на градскиот кварт Тахири...

Масовни убиства во околината на Мосул, јавува ОН

Милитантите на Исламска држава неделава убиле голем број луѓе околу Мосул, а забележано е наталожување на амонијак и на сулфур во цивилните области, кои се верува дека се користени како хемиско оружје, соопшти портпаролката на Обединетите нации (ОН), Равина Шамдасани. Прво е откриена масовна гробница со околу 100 обезглавени тела во Хамам ал-Халилу, во близина на Мосул, а како што...

Исламска држава киднапираше војници и семејства, можно е да се искористат како жив штит

Борците на терористичката организација Исламска држава киднапирале 295 поранешни припадници на ирачките безбедносни сили и присилиле околу 1.500 семејства да се повлечат со нив од ирачкиот град Хамам Ал Алил, информираат од Обединети нации. Киднапирањето се случило минатата седмица откако ирачките државни безбедносни сили, курдските борци и шиитската милиција, поддржани од американските воздушни сили, извршија напад врз Мосул за да...

Во Мосул пронајдена масовна гробница со стотина обезглавени тела

Масовна гробница во која се наоѓаат околу сто тела на кои им е отсечена главата е пронајдена источно од Мосул, соопшти ирачката војска. Како што соопшти војската, телата биле пронајдени во близина на земјоделскиот факултет во градот Хамам Ал Алил, а поголемиот дел од нив биле толку распаднати што останале само костури. Поради состојба во која се наоѓаат телата, тешко е да...

Багдади побегнал од Мосул, соопшти ирачката војска

Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, побегнал од Мосул за да ги избегне воздушните напади, објави денеска ирачката војска. „Нашите разузнавачки извори потврдија дека Багдади побегнал заедно со цивилите за да се скрие од воздушните напади“, соопшти прес-службата на ирачката војска. Пред неколку дена, Багдади одржа говор, повикувајќи ги своите борци да го бранат Мосул по секоја цена. Тој, исто...

Борба за Мосул и жесток отпор од припадниците на ИД

Елитните ирачки единици денеска се соочиле со жесток отпор во Мосул, градот кој две години беше под контрола на таканаречената Исламска држава. Командантот на единицата за борба против тероризмот, Мунтатар Салем, рече дека ирачките сили напредуваат и во моментов се борат во источниот дел на градот. Припадниците на Исламска држава возвраќаат со бомби и со жесток оган. Портпаролот на меѓународната воена коалиција...

Ал Багдади е сигурен во победа на ИД во Мосул

Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, изјави дека е сигурен во победа на ИД во Мосул, а тоа го порача во официјална снимка што ја објави џихадистичката организација. Ова е прво обраќање на Багдади откако почна офанзивата на ирачкиот град Мосул. Багдади во порака ги повика луѓето во Мосул да се борат против „божјите непријатели“, а борците самоубијци ги повика...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...