fbpx
Таг: Мосак Фонсека

таг: Мосак Фонсека

Данска ќе купи дел од панамските документи во борба против затајувањето данок

Данскиот министер за даноци, Карстен Лаурицен, изјави дека данските власти ќе ги купат податоците од панамската правна фирма „Мосак Фонсека“, која им помагала на своите клиенти да отворат офшор-компaнии за да избегнат плаќање даноци во своите држави. Лаурицен изјави дека данската даночна и царинска управа добила анонимна понуда доколку сака да ги купи податоците од панамските документи кои би можеле да...

Во „Мосак Фонсека“ пронајдени уништени документи

Панамските истражители во текот на истрагата на канцеларијата на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ пронашле остатоци од уништени документи. „Одзедовме големо количество докази што ги најдовме во просториите на компанијата“, изјави вештакот за организиран криминал, Хавиер Карабаљо. Тој наведе дека помеѓу одземените документи имало многу хартии кои биле уништени во машини за уништување документација. Компанијата „Мосак Фонсека“ издаде соопштение во кое тврди дека хартиите...

Камерон: Обвинувањата дека сум вмешан во „Панама пејперс“ се болни и невистинити

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, ги отфрли како „болни и длабоко невистинити“ обвинувањата дека избегнувал да плаќа данок и неговата вмешаност во аферата „Панама пејперс“. Во обраќањето во Долниот дом на британскиот парламент, Камерон изјави дека неговиот татко основал офшор-компанијата на Бахамите поради инвестициски цели и дека не е точно дека сакал да одбегне да плаќа данок. - Компанијата „Блејмор холдингс“ е...

Еден од основачите на „Мосак Фонсека“ си поднесе оставка од владиниот совет

Германски адвокат и еден од основачите на компанијата „Мосак Фонсека“, Јирген Мосак, поднел оставка во советодавниот одбор на панамската влада за надворешна политика. Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека Мосак неделава поднел оставка на почесното, неплатено место во Националниот совет за надворешна политика, неформален советодавен одбор. Мосак и неговиот партнер Рамон Фонсека имале големо политичко влијание во Панама пред аферата...

„Мосак Фонсека“: Никој не известува за хакерскиот упад

Рамон Фонсека, еден од основачите на адвокатската фирма „Мосак Фонсека“ која е во центарот на скандалот „Панама пејперс“, изјави дека неговата компанија е хакирана од сервер од Европа и дека на тој начин се украдени имињата на сите светски лидери и познати личности што ги криеле парите во даночните оази. Адвокатот на фирмата од каде што протекоа документи за регистрирање на...

Франција ја враќа Панама на листата земји кои се даночен рај

Францускиот министер за финансии, Мишел Сапен, денеска соопшти дека официјален Париз повторно ќе ја стави Панама на списокот држави и територии што не соработуваат по прашања од даночната политика. Одлуката на враќањето на листата доаѓа по објавувањето на „Панама пејперс“, кои открија дека државници и видни бизнисмени затајувале данок и переле пари во Панама. Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, врз основа на...

СЈО е подготвено за „Панама пејперс“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во моментов води повеќе предистражни постапки за финансиски криминал, а доколку покажат вмешаност на офшор-компании, предмет на истрага ќе бидат и овие финансиски трансакции, велат за „Мета“ од СЈО. Аферата „Панама пејперс“ што од неделата го тресе светот, стана синоним за перење пари и за други финансиски малверзации, а денеска и дел од опозициските партии во земјава...

Тасева: Да не се прејудицира туку да се провери дали има Македонци поврзани со „Панама пејперс“

„Не треба да се прејудицира дека доколку Македонци имаат сметки во Панама, тие се поврзани со нелегални пари. Сепак, тоа треба да се провери. Новинарите и истражувачите ќе ги прават достапни информациите етапно и по фази и тогаш треба да се види дали воопшто македонски државјани имаат сметки, какви се тие, дали се лични, компаниски и зошто настанале“, изјави...

„Мосак Фонсека“: Ова е меѓународна кампања против приватноста

Претставник на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ чии документи под името „Панама пејперс“ беа објавени во јавноста, вели дека објавувањето на тие материјали е криминал и напад на Панама. - Тоа е криминал, кривично дело – изјави еден од основачите на компанијата, Рамон Фонсека, додавајќи дека тоа е напад на Панама затоа што на некои земји не им се допаѓа успехот...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...