fbpx
Таг: море

таг: море

Играта без насилство Beyond Blue бесплатна уште денеска на Epic Games

Beyond Blue скриншот од Еpic Games
Уште денеска можете бесплатно да ја превземете играта Beyond Blue преку платформата за видео игри Epic Games. Се работи за игра без насилство, каде играте улога на жена научник-нуркач, која ги истражува морските длабочини. Играта изобилува со секакви подводни пејсажи, впечатлива графика и детално сработени модели на китови, ајкули, делфини, риби, медузи, ракови и секакви други подводни морски животни...

„Офкат“: Да го оставиме морето да ни го врати Мартин

Напорите да го лоцираме Мартин Јовановски за жал, не вродија со плод, соопштија од „Офкат“, грчкото спасувачко здружение кое 20 дена беше во потрага по мoмчето кое  исчезна во морето кај Посиди. Tие на својот профил на Фејсбук напишаа дека ќе остават „морето да си ја заврши работата“, со надеж дека ќе се најде Мартин. „Денес се одбележуваат 20 дена...

Порталб анализа: Почна летната сезона – масовно се заминува на работа покрај море

„Се нуди плата од 800 до 1.000 евра, се бара келнер/шанкер, 9 работни часа“ – ова е само еден од многубројните огласи за сезонска работа во Загреб, Хрватска. Почна летната сезона – оваа година „хит“ дестинација за сезонска работа во угостителството е токму Хрватска, пишува Порталб. Платите достигнуваат и до 1.500 евра. Додека хрватските хотели и ресторани се полнат...

Обединетото Кралство прва меѓу десетте земји со најголеми ветерни електрани на море

Употребата на енергијата од ветерот добива сѐ позначајна улога во „зелената“ економска обнова во светот. Последниот извештај на енергетскиот портал "Renewable UK" открива дека Обединетото Кралство го задржа водечкото место во светот во употребата на енергијата на ветерот на море. Во последните 12 месеци, бројот на таквите проекти без разлика дали станува збор за тие кои веќе произведуваат струја или...

Грција годинава ќе биде поскапа, но останува најпосетена дестинација

Туристичко-угостителската комора на Македонија (ТУК) пред почетокот на летната сезона оцени дека дел од аранжманите за летување се продадени, поради попустот за предвремена резервација. Сепак, поголем дел од аранжманите се очекува да се продадат во претстојниот период. „Како резултат на случувањата и неизвесноста поголем дел од граѓаните се уште не се одлучиле каде ќе летуваат годинава и термините за одмор ги...

Пронајдени седум тела на мигранти кај Гибралтар

Шпанската поморска спасувачка служба за време на викендов пронашла седум тела на африкански мигранти кај морскиот теснец Гибралтар. Последните жртви се пронајдени во чамец, кој со уште седум патници пловел околу брегот на шпанската енклава Суете, во Северна Африка. Преживеаните се предадени на шпанските власти. Спасувачките екипи во моментов патролираат во потрага по исчезнатиот брод за кој се знае дека испловил од...

Три жртви и голема материјална штета од силното невреме во Грција

Тројца грчки граѓани го изгубија животот на Пелопонез, а една жена од Солун се води за исчезната во невремето и по обилните дождови што вчера ја зафатија Грција. Во невремето се поплавени огромен број места низ целата земја, причинети се катастрофални материјални штети, а дел од градовите, селата и од автопатите се блокирани и привремено отсечени. Во Солун ситуацијата беше особено лоша...

Земјотрес од 4,3 степени го погоди Родос

Послаб земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала забележан е во морето кај грчкиот остров Родос. Агенцијата АНА пренесува дека според податоците на институтот за геодинамика на атинската опсерваторија, епицентарот бил на 31 километар југозападно од островот. Нема податоци за повредени или причинета материјална штета.

Кучи на конференција за економска соработка меѓу земјите што немаат излез на море

Министерот за економија, Дритон Кучи, денеска и утре престојува во Женева, каде учествува на Петтата седница на министрите за трговија на земјите во развој без излез на море. Настанот се организира по повод новата Спогодба за олеснување на трговијата на Светска трговска организација (СТО), а меѓународните организации ќе понудат концепт на соработка со овие земји. - Како континентална земја со отворена пазарна...

Мазутот од „Ина“ во Јадранско море е најголема еколошка катастрофа на Кварнер

Чистењето на крајбрежјето на морето кај Кострена во Хрватска се уште трае, откако од нафтената платформа на рафинеријата „Ина“ во Урињ истече мазут. Надлежните институции и мештаните сметаат дека се работи за огромна еколошка катастрофа која ја погодила областа Кварнер. Ова може да ја доведе во прашање и претстојната туристичка сезона, имајќи предвид дека фотографиите од загадувањето го обиколија светот. Од „Ина“...

Хеликоптер се урна во море, 14 лица загинаа

Хеликоптер се урна во море близу градот Берген, Норвешка, при што загинаа 14 лица. Несреќните патници завршија во вода, а хеликоптерот е целосно уништен. Норвешките медиуми јавуваат дека во тек е акција за спасување.

ИОМ: Годинава во Европа стигнале повеќе од еден милион мигранти

Бројот на мигранти што влегле во Европа оваа година, преку копно и море, надмина еден милион лица, што е четирикратно повеќе во споредба со минатата година, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Најголем дел од мигрантите, односно повеќе од 800.000 луѓе, стигнале во Европа преку море, патувајќи од Турција во Грција. Според државјанството, најбројни се мигрантите со потекло од Сирија,...

Пронајдено ново наоѓалиште на гас во Црно Море

Ново наоѓалиште на гас во Црно Море пронашле компанијата „Петром“, единствениот локален произведувач на нафта и на гас во Романија, и американскиот гигант „Ексонмобил“. Двете компании соопштуваат дека сè уште ги проучуваат податоците од сондата „Пеликан“, распоредена во делот „Нептун“ во Црното Море. Во 2013 година вкупната потрошувачка на гас во Романија изнесуваше 12,5 милијарди кубни метри.

Италија: Спасени 2.164 мигранти

Вкупно 2.164 мигранти од Либија вчера се спасени во Средоземно Море, во пределот меѓу либискиот брег и италијанскиот остров Лампедуза, до кој се обиделе да стигнат со 12 чамци, јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на безбедносните служби. Минатонеделните поволни временски услови ги охрабриле мигрантите да тргнат на опасното патување од Северна Африка. Најголем дел од мигрантите се од Либија, каде политичкиот и...

Американски научници 73 дена минаа под вода

Двајца американски океанолози го урнаа рекордот на најдолг престој под море, престојувајќи 73 дена во подводен хотел на архипелагот Киз во сојузната американска држава Флорида за да го свртат вниманието кон заштита на океаните. Научниците Брус Кантрел (63) и Џесика Фрејн (25) минаа точно 73 дена, два часа и 34 минути под морето, стои во соопштението на Универзитетот од Тенеси, на кој научниците...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...