fbpx
Таг: морбили

таг: морбили

Епидемија на морбили ќе има до летото

Секој ден на Клиниката за инфективни болести се пријавуваат во просек од седум до 10 лица заболени од морбили, а тоа темпо укажува дека епидемијата ќе трае до летоска, проценуваат во Министерството за здравство. За да биде прогласен крај на епидемија, треба два пати по 12 дена да нема пријавено ниту еден заболен. На Клиниката вчера имало седум нови случаи, од...

Нови тринаесет заболени од морбили, дете и возрасен во тешка состојба

Тринаесет заболени од морбили се регистрирани во текот на вчерашниот ден од кои седум се примени на болничко лекување, информираат од Министерството за здравство согласно податоците од Клиниката за инфективни болести. „Станува збор за четворица возрасни од Скопје и Велес, меѓу кои една 37-годишна жена е со потешка клиничка слика. Другите тројца возрасни се со непознат вакцинален статус. Примени се...

Морбили, вакцинација, заразени: Епидемијата низ бројки и факти

Не стивнува епидемијата на морбили. Бројот на лица со симптоми на морбили секојдневно се прегледуваат и хоспитализираат во болниците, а најкомплицираните случаи се на Клиниката за инфективни болести. Денеска поради компликации од ова заразно заболување, почина тринаесетмесечно бебе, кое е трета жртва во рок од само неколку дена. - Болеста може да се спречи единствено со вакцинација. Апелираме уште еднаш...

13-месечно бебе трета жртва од морбили

Синоќа 13-месечно бебе на Клиниката за детски болести починало од компликации предизвикани од морбили, соопшти Министерството за здравство. Детето, кое е од тетовскиот регион претходно не било вакцинирано. Вчера Министерството за здравство информираше дека починало едно дете од Свети Николе, а претходно битката со морбилите ја изгуби и шестмесечно бебе. Според информации од Детската клиника уште неколку деца се во критична ситуација. Од...

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина како резултат од компликации

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека бебето не било вакцинирано и починало како резултат на компликација на белите дробови. - Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите, за жал, не можеле да се справат со компликациите. Искрено...

Министерство за здравство: Нови шест случаи со морбили, вакцинирани вкупно 5.107 деца

Министерство за здравство информираше дека вчерашниот ден се регистрирани шест нови случаи на морбили. „На Kлиниката за инфективни болести е хоспитализирано едномесечно бебе со Даунов синдром од Куманово, кое е со потешка клиничка слика и претходно било лекувано на Клиниката за детски болести. Инаку, на Kлиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 20 пациенти со ова заболување. Амбулантски се...

Воспитувачка и седуммесечно бебе – нови пациенти со морбили на Инфективна

Во тек на вчерашното дежурство на Клиниката за инфективни болести, прегледани биле четири сомнителни случаи на морбили, од кои двајца биле задржани на болничко лекување. - Станува збор за седуммесечно бебе, кое не е вакцинирано и воспитувачка на 35 годишна возраст од градинка во Кисела Вода. На клиниката во моментов има 26 пациенти - информираат во Министерството за здравство. Оттаму додаваат...

Еден пријавен случај на морбили во Тетово

Здравствен работник, вработен во Скопје е првиот пријавен случај на морбили во Тетово. Случајот е регистриран на 18 јануари, а пациентот е на домашно лекување, информираат од Центарот за јавно здравје Тетово. Надлежните континуирано работаат на сите пунктови за пребарување и пронаоѓање на невакцинираните и непотполно вакцинираните лица со МРП. Од таму потврдуваат дека најголем е бројот на невакцинирани...

Не попушта епидемијата на морбили, денеска четири нови заболени со компликации

Министерството за здравство ќе прогласи крај на епидемијата на морбили кога ќе се случи да нема ниту еден заболен во период од четири недели, информираат оттаму за „Мета“. „Процесот на инкубација трае две недели. Кога ќе има два пати по две недели без ниеден заболен пациент, тогаш ќе се стопира епидемијата. Засега тоа нема шанси да се случи, бидејќи само...

СЗО: Загадениот воздух и „антиваксерите“ се меѓу 10-те најголеми закани за здравјето

Загадениот воздух и климатските промени се на врвот на листата за најголеми закани по човековото здравје во светот во 2019 година, што ја подготви Светската здравствена организација (СЗО). На списокот со 10 точки, на 9. место се противниците на вакцинирањето. Истовремено, во Скопје продолжува епидемијата на морбили, а со оваа болест најновите пациенти примени на Инфективна клиника се двајца возрасни...

Нема продолжен распуст поради морбилите – в понеделник сите на училиште

Нема да се одложи почетокот на второто полугодие. Ваква одлука донела Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Ова се случува иако многу епидемиолози, неофицијално прогнозираа дека епидемијата на морбили ќе се прошири токму откако децата ќе почнат да одат на училиште. По завршувањето на состанокот на комисијата, д-р Жарко Караџовски кој е член на Комисијата, соопшти дека бројот...

На Инфективна од морбили се лечат 20 пациенти

На Клиниката за инфективни болести во моментов од морбили се лечат вкупно 20 пациенти. Од пред два дена, примени се шест нови заразени пациенти, од кои пет се деца на возраст од девет месеци до две и пол години, како и една девојка на возраст од 24 години. На инфективната клиника има посебни оддели за овие пациенти. Докторите прогнозираат дека...

Сипаниците може да го одложат почетокот на второто полугодие

Министерството за образование и наука ја следи ситуацијата со епидемијата од сипаници, во координација е со министерствата за здравство и за труд и социјална политика и врз основа на состојбата на терен, ќе одлучи за евентуално одложување на второто полугодие, кое по правило треба да започне на 21 јануари, изјави денеска министерот за образование Арбер Адеми. Во МОН потсетуваат дека...

Седум нови сомнителни случаи на заразени од морбили

Седум нови сомнителни случаи на заболени од морбили се пријавени денеска во Институтот за јавно здравје. Прим. д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот, нагласува дека ова не се регистрирани случаи, туку за нив допрва ќе следат лабораториски анализи и испитувања, а потоа ќе види дали ќе бидат потврдени случаи или не. - Сомнителните случаи се добиени од Инфективната клиника. Тие...

Против МРП вчера вакцинирани 23 деца, бројката стаса до 1.102

Министерството за здравство информира дека вчера до 13 часот вакцинирани биле 23 деца со МРП (морбили, рубеола, паротитис - или ситна сипаница, крупна сипаница и заушки). Со тоа, до вчера вакцинирани биле вкупно 1.102 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници). Министерството за здравство апелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца. „МРП вакцината...

По примањето МРП вакцина, детето може во градинка, но подобро 10 дена да остане дома

Откако пред неколку дена стапи на сила времената забрана за примање деца во градинка кои не се вакцинирани од МРП вакцината (за морбили, рубела и паротитис), многумина родители на социјалните мрежи прашуваа дали веднаш по примањето на вакцината можат да ги испратат своите деца во градинка, или пак, треба да поминaт одреден период дома. Иако има лекари кои тврдат дека...

Филипче: Невакцинирани деца нема да се примаат ниту на училиште

Нашите заложби се во насока вакцинацијата да стане задолжителна и невакцинираните деца да не смеат да се примаат ниту во градинка, ниту во училиште, изјави во гостувањето на „1тв“ министерот за здравство, Венко Филипче. Тој најави дека се подготвуваат законски измени, според кои, дете кое не е вакцинирано, нема да може да биде примено во градинка или на училиште. - Тоа...

Родителите не се бунат кога градинките им ги враќаат децата без МРП вакцина

Пет деца невакцинирани за морбили, рубеола, паротитис (МРП) не биле примени на згрижување денеска во градинката „Кочо Рацин“ во Центар, согласно препораките на Министерството за здравство (МЗ). Во меѓувреме, од денеска инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) прават проверки, дали има деца кои се примени, а не се вакцинирани со МРП. Главната сестра на сите четири објекти на...

За четири часа вакцинирани 267 деца со МРП вакцина

Денеска до 12 часот, на територија на Скопје се вакцинирани 267 деца од предучилишна возраст со вакцината МРП (морбили, рубеола и паротитис), информира Министерството за здравство. Оттаму велат и дека за две од шестмината новозаболени лица од морбили е добиена лабораториска потврда, а за две од нив резултатите се негативни. Кај еден случај на болно дете се прават дополнителни...

Родителите се раскараа на Фејсбук по забраната за примање невакцинирани деца во градинка

Времената мерка за забрана за примање во градинка на деца невакцинирани со МРП вакцина на Министерството за здравство (МЗ), изминативе два дена предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Според едни, ваквата мерка за забрана треба да биде трајна, а други оценуваат дека министерството само шири паника и дека не треба на овој начин да се условува приемот на деца...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...