fbpx
Таг: морбили

таг: морбили

Државата не ги труе луѓето со вакцини, туку ги спасува од зараза

Објавата што ја анализираме неосновано, произволно и без никакви медицински докази и факти тврди дека вакцините биле отров и дека државата сакала да ги труе нејзините граѓани. Докази за ова не се понудени, за разлика од доказите и фактите кои говорат дека вакцините се безбедни и дека тие спасуваат илјадници животи. Државата никого не труе, туку презема мерки согласно...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше епидемија со морбили. Вистиномер во архивата на граѓанскиот суд од 2019 година, пронајде неколку судски пресуди во кои родители на невакцинирани деца ги тужат градинките зашто тие не ги примале...

Растат случаите на морбили во Европа, бидејќи децата помалку се вакцинираат

Во 2023 година биле забележани 42.200 случаи на морбили во Европа, што е речиси 45 пати повеќе од вкупно 941 случаи во 2022 година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО, порастот е „застрашувачки“ и потребни се итни мерки, пренесува Би-би-си. СЗО соопшти оти смета дека бројот на нови случаи на морбили е последица на тоа што помалку деца се...

По случајот со морбили кај бебе, ќе се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески

Откако беше регистриран случај на морбили кај 13 месечно бебе од Свети Николе, Комисијата за заразни болести донесе препораки кои се однесуваат на прилагодување на системот во однос на следењето и менаџирањето на случаите со морбили. Како што информира денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на комисијата, ќе се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески, бидејќи така побрзо може да...

Морбилите се многу сериозна болест, а вакцините спасуваат животи

Наспроти тврдењето во постот дека морбилите (малите сипаници) не се болест, станува збор за многу заразна болест предизвикана од вирус. Според ИЈЗ оваа болест останува една од водечките причини за смрт кај малите деца на глобално ниво, и покрај достапноста на безбедна и ефикасна вакцина. Во врска со тврдењето дека оваа вакцина била  воведена кога смртноста од оваа инфекција...

Не е точно дека МРП вакцината е небезбедна и дека предизвикува смрт

МРП вакцината може да има одредени несакани ефекти, но тие се далеку од животозагрижувачки, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Несаканите ефекти кои може да ги предизвикува оваа вакцина се опишани на официјалната веб страница на Националниот фармакоинформативен центар (НФИЦ). Тие се болка на местото на инјектирање, треска, благ осип и повремена болка и вкочанетост во...

Лани МРП вакцина примиле безмалку 50.000 лица

Вкупно 49.332 лица се вакцинирани во периодот додека лани траеше епидемијата на мали сипаници во земјава, информираат во Министерството за здравство, по повод Европската недела на имунизација. „Вакцинацијата е признаена како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот. Вакцинацијата спасува милиони луѓе од болести, инвалидитети и смрт секоја година. Достапни се ефективни и безбедни вакцини, кои штитат од голем...

Уште едно невакцинирано дете заболе од морбили, епидемијата сѐ уште е на сила

Изминатата недела регистриран е уште еден нов случај на мали сипаници, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Стамува збор за детенце од Скопје, од возрасната група од една до четири години. Епидемијата на територијата на државата сѐ уште трае, а ќе се прекине ако има два последователни термини од вкупно 42 дена кога нема да има нов сомнителен...

Антиваксерите од Балканот се повикуваат на поддршката од Руската Православна Црква

Пропагандата против вакцинирањето наменета за корисници  на интернет од Балканот меѓу другото функционира и преку злоупотреба на религиозните чувства, пишува „КриТинк“ во анализата „Наоѓаат ли антиваксерите поткрепа во некои прокламации на Руската прaвославна црква?“. Патријархална комисија за семејството, која е директно одговорна пред пред г.г. Кирил, поглаварот на Руската православна црква (РПЦ) во април 2019 г. објавила посебен проглас под...

Нов пациент заболен од морбили го пролонгира крајот на епидемијата

Во периодот од 5 до 9 октомври, пријавен е нов сомнителен случај на мали сипаници. Пациентот за време на инкубација престојувал во странство и припаѓа на возрасната група од 20 – 29 години. Лабораториските испитувања се во тек, информираа во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од денот на појавата на нов случај, почнуваат да се бројат нови 42 дена кои...

Mорбили нема 19 дена, но треба да поминат вкупно 42 за да се прогласи крај на епидемијата

За да можат здравствените власти да ја „одјават“ епидемијата со морбили, потребно е да поминат 42 дена од последниот пријавен случај. Тој период сè уште не е поминат, бидејќи последниот пријавен случај беше на 13 септември, вели за „Мета.мк“ д-р Владимир Микиќ, претседателот на Комисијата за заразни болести. - Прогласувањето на крај на епидемијата нема да ги промени работите. Може...

Непрофесионалното известување ја јакне антиваксерската пропаганда

Низа медиуми од Северна Македонија недоволно професионално известуваа за конференцијата на противниците на вакцинирањето одржана во Скопје на 21 септември, пишува „КриТинк.мк“ во  анализата „Антиваксерите одново во офанзива – медиумите со селектирани информации“. Анализата посочува дека голем број медиуми го пренеле само соопштението од организаторите на настанот, кое содржи низа дезинформации поврзани со вакцинирањето без да ја обезбедат целосната слика,...

Oпфатот на вакцинација со МРП е 99 отсто, исполнета препораката на СЗО

Вкупниот број на вакцинирани деца со МРП вакцина (морбили, паротитис и рубеола), од почетокот на епидемијата во јануари, досега изнесува 35.870. На ниво на град Скопје, има само околу 300 деца кои не се вакцинирани, но сепак бројките покажуваат дека проблемот со невакцинирањето главно е решен, вели за „Мета.мк“ Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). - Сепак, морам...

Филипче: Требаше да ни се случи епидемија, за да се освестиме (инфографик)

Точно половина година трае епидемијата на мали сипаници. Болеста се појави во декември во градинка во Радишани, по што беше прогласена епидемија на локално ниво, а кога доби поголеми размери, беше прогласена и во Скопје, а подоцна и на територија на целата држава. Кога во почетокот беше констатирано дека илјадници деца до 14 годишна возраст не примиле вакцина против морбили,...

Заразата со морбили се шири во Штип

Возрасни пациенти во старосната група меѓу 20 и 45 години се евидентирани како новозаболени од морбили во Штип. Само во текот на изминатото деноноќие на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип е хоспитализирано едно лице со потешки симптоми на морбили, а двајца други се прегледани амбулантски и пуштени на домашно лекување. Во моментов на лекување во болница се...

За шест дена, 105 нови случаи на заразени со морбили

Во периодот од 17 до 23 мај, пријавени се вкупно 105 нови случаи на мали сипаници, а од нив, 81 отсто не се вакцинирани, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 46 случаи се од Скопје, а останатите 59 се од деве други градови – Кичево (17), Дебар (8), Тетово (8), Куманово (7),...

На Детска клиника починало бебе од компликации од морбили

На Детската клиника вчера, по повеќе од две недели лекување на Интензивна нега, починало десет и пол месечно бебе, кои имало тешки компликации од морбили, соопштија од Институтот за јавно здравје. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано....

Грипот годинава е поагресивен и затоа предизвикува компликации и смрт

Епидемиолозите очекуваат да има сè потешки случаи на мутиран свински грип, кој предизвикува потешки компликации. Проф. д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вели дека оваа сезона се изразени чести промени и мутации на овој вирус. - Тие се многу чести кај вирусот на инфлуенца и затоа оваа година добивме поагресивен подтип на вирус, којшто предизвикува сериозни компликации,...

Не се стишува епидемијата со морбили, за една недела 63 нови случаи 

Во период од една недела, пријавени се вкупно 63 случаи на мали сипаници кои биле лабораториски потврдени. Од вкупниот број на новозаболени лица, 29 случаи се од Скопје, а речиси 80 отсто од нив се невакцинирани. Освен од Скопје, пациентите се од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Гевгелија, Виница и Кратово. - Од почетокот на епидемијата во Скопје (3 јануари), регистрирани...

Тројца нови заболени од морбили, до сега вкупно 493

Согласно најновите податоци од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, во текот на вчерашниот ден биле прегледани тројца пациенти со симптоми на морбили, од кои двајца возрасни пациенти биле пуштени на домашно лекување, а една 29 годишна пациентка со непознат вакцинален статус била хоспитализирана на клиниката информираат од Министерството за здравство. „На Инфективната клиника во моментот се хоспитализирани 19...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...