fbpx
Таг: монетарна политика

таг: монетарна политика

Четврта недела по ред паѓа вредноста на доларот

На глобалните пазари, вредноста на доларот повторно паѓа, четврти пат по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека Американската централна банка (ФЕД) наскоро ќе стави крај на циклусот зголемувања на каматните стапки. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се „лизна“ за 0,5 отсто, на 102,09 поени. Истовремено, доларот...

Бежоска: Имаме најсинхронизирано затегнување на монетарната политика од централните банки во изминатите 50 години

„Затегнувањето на монетарната политика, коешто е глобален феномен, е неопходно заради намалувањето на инфлациските очекувања и за стабилизирање на инфлацијата како предуслов за одржлив раст. Се соочуваме со најсинхронизираниот циклус на затегнување на монетарната политика од страна на централните банки во изминатите 50 години. Зголемувањето на основните каматни стапки може на краток рок да има ефект врз економската активност,...

Основната каматна стапка останува на ниво од 1,25 отсто, велат од Народна банка

На редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка беше оценето дека постојното ниво на основната каматна стапка е соодветно на тековните економски и финансиски услови, при што беше одлучено таа да остане иста, на нивото од 1,25 отсто, со што монетарната политика го задржа олабавениот карактер. „Досегашното намалување на основната каматна стапка, како и позначителното намалување...

НБРСМ: Растот на цените во периодот април – мај 2021 година изнесува 2,9 проценти

Годишниот раст на цените во периодот април – мај 2021 година изнесува 2,9 проценти и е во согласност со очекувањата според априлските проекции на Народната банка, се вели во соопштението на Народна банка. „Во однос на очекуваните движења на увозните цени, последните ревизии се во нагорна насока. Неизвесноста во однос на движењето на светските цени на примарните производи во следниот...

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 1,50 на 1,25 проценти за поддршка на економијата

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 1,50 на 1,25 проценти, информираат од таму. Како причина за натамошно олабавување на монетарната политика од Народна банка наведуваат дека е заради дополнително олеснување на финансиските услови и натамошна поддршка на домашната економија, имајќи го предвид тековниот развој на пандемијата, којашто сѐ уште трае. „Одлуката за понатамошно монетарно олабавување се носи во...

Ангеловска-Бежоска: Ова е прва криза во којашто првичниот одговор на Народната банка е олабавување, а не заострување на монетарната политика

Oва е прва криза во која што првичниот одговор на нашата централна банка е олабавување, а не заострување на монетарната политика, истакна гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на гувернерската панел-дискусија на е-конференцијата „Ковид-19: влијанието врз економијата и политиките на централните банки“, организирана од Лондонската школа за економски и политички науки и Банката на Албанија. „На пример, за време на...

Денарот и банкарскиот систем се стабилни, потврди кредитната агенција „Стандард и Пурс“

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на нашата земја, „ББ-“, со стабилен изглед. Во најновиот извештај на агенцијата одделен акцент е ставен на монетарната политика и мерките на Народната банка во текот на ковид-кризата, девизниот курс на денарот и состојбата во банкарскиот систем, се вели во соопштението од Народна банка. Од „Стандард и Пурс“ напоменуваат дека поставеноста...

Народна банка повторно ја намали основната каматна стапка од 1,75 на 1,5 проценти

По намалувањето на основната каматна стапка во јануари и март, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП), на седница донесе одлука за нејзино повторно намалување за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,5 проценти. „Ова релаксирање на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките, како и за обезбедување дополнителна...

Ангеловска-Бежоска: Има простор за понатамошно водење олабавена монетарна политика  

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на форумот „Еуромани“ во Виена говореше за амбиентот на исклучително ниски каматни стапки на централните банки и за очекувањата за продолжување на стимулативната монетарна политика во развиените земји, со оглед на ниската инфлација и очекуваното забавување на растот. Таа нагласи дека имајќи ги предвид силните трговски и финансиски врски со еврозоната, понатамошното олабавување од страна на...

Народна банка ја намали основната каматна од 2,50 на 2,25 проценти

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка оценил дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика и на седницата вчера била донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,50 проценти на 2,25 проценти. На седницата биле разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на...

Народна банка: Раст на индустријата, прометот во трговијата и градежништвото

Податоците за економската активност за третото тримесечје од 2018 година покажаа раст на домашниот бруто-производ (БДП) од три проценти, што е малку подобро во однос на очекувањата, соопштија од Народна банка по одржаниот Комитет за оперативна монетарна политика. Од таму велат дека има поволни поместувања во економијата во четвртиот квартал, при забрзан раст на активноста во индустријата и прометот во трговијата, како...

Народна банка ја намали основната каматна стапка на 2,50 проценти

Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, донесе одлука за намалување на основната каматна стапка во услови на поволни движења на девизниот пазар. „Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на постоечките ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика. На седницата беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за...

Народна банка ја задржува каматната стапка на благајничките записи на 2,75 проценти

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка, на последната редовна седница донел одлука да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,75 проценти, информираат од таму. „По олабавувањето на монетарната политика во август 2018 година, Комитетот на ноемвриската седница оцени дека тековната монетарна поставеност е соодветна, при што одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи...

Ангеловска Бежоска: Останува предизвикот за градење на независна монетарна политика

Анита Ангеловска - Бежоска денеска ја презеде должноста гувенерка на Народната банка од досегашниот гувернер Димитар Богов, на кој мандатот му истече вчера. Во изјавата за медиумите таа се заблагодари на претседателот Ѓорге Иванов за нејзината номинација и на политичките партии кои што со широк консензус ја избраа за гувернерка. Како што рече, оваа поддршка за неа е многу значајна, но...

Гувернерите на банките од регионот и ЕУ ќе се обратат на конференцијата во Охрид

Гувернерот на Централната банка на Белгија, Јан Сметс денеска ќе има воведно предавање на седматa годишна истражувачка конференција на Народна банка, која вчера почна во Охрид. Конференцијатa е насловена „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“. Излагачи на првата панел-дискусија на вториот ден од конференцијата, исто така ќе бидат и гувернерите...

Народна банка ја намали каматната стапка од 3,25 на 3 проценти

Народна банка ја намали каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, од 3,25 на 3 проценти. Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ ги разгледал најновите остварувања во домашната економија и оценил дека има простор за олабавување на монетарната политика. „Воедно, беше утврдено понатамошно стабилизирање на довербата и очекувањата на економските субјекти, видливо преку поволните движења на девизниот пазар и...

НБРМ: Се зголемуваат заштедите на населението, девизните резерви се на адекватно ниво

Податоците за штедењето на населението и склоноста за располагање со девизи покажуваат дека домашната економија се стабилизира, велат од Народна банка по одржувањето на редовната седница на комитетот за оперативна монетарна политика, на која биле разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. Првичните февруарски...

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 3,75 на 3,5 проценти

Народна банка ја намали каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, од 3,75 на 3,5 проценти. Ова било одлучено на 10 јануари кога се одржала редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на која биле разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на...

ЕУ нема да ја преживее следната економска криза, предупредуваат стручњаците

Доколку креаторите на европските политики не спроведат клучни измени во монетарната политика на Европската Унија, еврото веројатно нема да ја преживее следната голема криза, предупредуваат од францускиот институт „Жак Делор“. „Европа ќе биде погодена од следна економска криза. Не знаеме кога точно ќе се случи таа, но стравуваме дека Европската монетарна унија ќе биде лошо подготвена за една таква криза“, се...

Богов: За предлог-буџетот за 2017 година најдобро си знае Владата

За предлог-буџетот за 2017 година најдобро знае Владата, ние како Народна банка ќе ја прилагодиме монетарната политика за да се оствари монетарна и стабилност на банкарскиот сектор, одговори гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, на новинарско прашање за предлог-буџетот за 2017 година. Во однос на остварливоста на проектираниот пораст и дефицит од 3 проценти, Богов додаде дека Народна банка почнува со...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...