fbpx
Таг: МОН

таг: МОН

МОН: Ќе се формира Совет за унапредување на образованието и науката

Министерството за образование и наука (МОН) со поддршка од Владата донело одлука за формирање Совет за унапредување на образованието и науката. Од МОН соопштија дека ваквата одлука е донесена согласно направените сеопфатни анализи за состојбите во основно, средно и високо образование и науката, ученичкиот и студентскиот стандард и обезбедувањето на учебници, а во насока на градење на јавни и...

Објавени се листите со примени бруцоши во студентските домови

Студентски дом Гоце Делчев
Објавени се списоците со примени студенти од прва година на студии во државните студентски домови, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). За бруцошите беа предвидени вкупно 1.165 места во домовите. Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови:  Примени студенти ДСД Гоце Делчев Примени студенти ДСД Стив Наумов (нови бараки)  Примени студенти ДСД Стив Наумов (трета зграда)  Примени студенти ДСД Томе...

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови по поднесените приговори

Студентски дом Гоце Делчев
Министерството за образование и наука (МОН) ги објави листите со примени студенти од втора и повисоките години во државните студентски домови кои не беа задоволни од резултатите од Конкурсот и поднесоа приговор до 12 септември. Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови:  Список на примени студенти во Стив Наумов 3 зграда, кои се ослободуваат од партиципација (...

Студентите што користат стипендии од утре ќе можат да ги продолжат истите

Министерството за образование и наука (МОН) извести дека сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на ова право, ќе можат истите да ги продолжат почнувајќи од утре. Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, Уверение за положени...

Веб-страницата на Министерството за образование и наука е недостапна повеќе од 10 дена

Со денови наназад не е во функција веб-страницата на Министерството за образование и наука (MOН). Ако се обидете да ја отворите, ќе ви се појави порака дека страницата е недостапна: „This site can’t be reached. Мon.gov.mk took too long to respond.“ Мета.мк изминатиов период во неколку наврати пишуваше за паѓањето на интернет страницата на МОН, која за првпат стана недостапна...

Погледнете како функционира македонската банка за храна во новата епизода на „Шорткат“

Откако бевме во посета на најстарата банка за храна во Португалија, во новата епизода на „Шорткат“ ви прикажуваме и како фунцкионира нашата македонска банка за храна, која постои 12 години. Банката дава свој придонес во борбата против гладта меѓу луѓето и против фрлањето на храната. Во новите вести за млади носиме и неколку вести на тема образование и информираме за...

МОН ги повика бруцошите да аплицираат за студентски дом, веб-страницата недостапна веќе пет дена

Петти ден не е достапна веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) по хакерскиот напад што се случи во петокот навечер, а позади кој наводно стои грчки хакерски тим. Од саботата пристапот до веб-страницата на ова министерство е оневозможен, а до овој момент МОН не соопшти повеќе информации за нападот, освен што за неколку медиуми викендот информираше дека...

Порталб: Во Тетово „пинг-понг“ со наставниците, се очекува нов конкурс

На повеќе од 20 наставници, во основните училишта во општина Тетово, на 31 август им истекле договорите за вработување и не им биле обновени. Од Општина Тетово не го наведуваат точниот број на наставници. Неофицијално, станува збор за наставници кои биле пред добивање решение за работа. Наставата во моментов ја изведуваат наставници кои се ангажирани како замена. Државниот просветен инспекторат...

Наводни грчки хакери ја преземаа веб-страницата на МОН

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) од синоќа е под хакерски напад. Неколку часа на сајтот на ова министерство стоеше пораката „Хакирано од грчкиот хакерски тим Netwatchers“ (HACKED BY GREEK HACKING TEAM NETWATCHERS). Поради нападот не се отвораше ниту една потстраница на овој сајт, додека сите објавени линкови водеа кон Јутјуб видео со наслов „Познатата Македонија“ (Famous Macedonia). Мета.мк...

Како да поднесете приговор на резултатите од конкурсот за сместување во студентските домови

Студентски дом Гоце Делчев
Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од конкурсот за сместување во државните студентски домови за студентите од втора и повисоките години на студии. Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени, најдоцна десет дена од денот на објавата на резултатите. Студентите кои...

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Студентски дом Гоце Делчев
Објавени се списоците со примени студенти од втора и повисоките години на студии во државните студентски домови, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Кратко по објавата на списоците, веб-страницата на МОН стана недостапна. Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови: Студентски дом „Гоце Делчев“ Студенти примени во ДСД „Гоце Делчев“ - Скопје кои по алтернатива...

Објавен Конкурсот за студентски стипендии за странски државјани кои се од интерес за земјава

Министерството за образование и наука (МОН) го објави Конкурсот за доделување на студентски стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година. Ќе бидат доделени вкупно 50 стипендии на странски државјани кои се од интерес за земјава, а се со македонско потекло и живеат во Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија,...

По минатогодишниот бојкот, почна реновирањето на училиштето во Одри, но не се знае кога ќе продолжи

Во основното училиште во село Одри, општина Теарце, само два дена пред почетокот на учебната година, старите прозорци беа заменети со нови. Ова беше направено како резултат на бојкотот на родителите во текот на изминатата година. Меѓу барањата на родителите и ветувањето на општината беше и поправка на парното и тоалетите, но овие две работи уште не се завршени,...

Учениците што користат стипендии можат истите да ги продолжат до крајот на месецов

Сите корисници на правото на ученичка стипендија остварено во некоја од изминатите учебни години кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истите, можат да ги достават документите до Министерството за образование и наука (МОН) најдоцна до 30 септември, известија од МОН. Потребните документи кои корисникот на стипендија треба да ги достави се Потврда за редовен ученик за учебната 2022/2023...

Започна новата учебна година за 255.000 основци и средношколци

Од денеска учениците се враќаат во училишните клупи. Утринава, новата учебна година започна за над 255.000 ученици во основно и средно образование. Од нив, 18.000 се првоодделенци. Први септември означува нови почетоци, почеток на нови подвизи и нови успеси, истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, кој на првиот училиштен ден го посети новоизграденото основно училиште „Гоце Делчев“ во...

Мајка на дете со посебни образовни потреби: Секој 1 септември ми е кошмар

Секој 1 септември ми е кошмар, вели Сузана Стојановска, самохрана мајка на дете со посебни образовни потреби која се обидува да обезбеди образовен асистент за нејзиниот син. Но, бидејќи во моментов образовни асистенти законски се обезбедени само за учениците во основно образование, а нејзиниот син е веќе трета година во средно образование, тоа практично не е можно. Додека не...

МОН: Септемвриската плата во образованието повисока за 15 отсто

Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Од Министерството велат дека тоа значи оти околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на образовниот систем. „Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во...

МОН прифатило изедначување на стипендиите за сите ученици и студенти, се чека одобрување од Влада

Запрена е постапката за поведување прекршочна пријава при надлежен суд против Министерството за образование и наука (МОН) од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Од Комисијата за Мета.мк информираа дека МОН прифатило да ги изедначи стипендиите за сите студенти и ученици во средно образование, откако КСЗД претходно утврди индиректна дискриминација во државната политика на стипендирање. „Комисијата...

МОН воведува нови студентски стипендии – за преведување и толкување и за студии од областа на уметноста

Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука (МОН) за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области, соопшти министерството. Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни институции...

КСЗД најави прекршочна пријава против МОН за неизедначените стипендии

Студентски дом Гоце Делчев
Студентите и учениците на кои не им беа покачени стипендиите, и понатаму ќе земаат пониски суми од новите апликанти. Засега нема информации дека власта ќе ги изедначи стипендиите за сите, за што, поради утврдена индиректна дискриминација, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ќе поведе прекршочна постапка против Министерството за образование и наука (МОН). Заплетот околу покачените стипендии започна...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...